Прејди на содржината

Зоран Љутков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Љутков
Министер за култура и туризам на Македонија
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Бисера Костадиновска-Стојчевска
Лични податоци
Роден(а) 1 октомври 1977(1977-10-01)(48 г.)
Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ
Партија ВМРО - ДПМНЕ
Сопружник Маја Љутков
Занимање Глумец
Политичар
Вероисповед Православие

Зоран Љутков (р. 1 октомври 1977 во Титов Велес) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, кој работи во Драмскиот театар во Скопје и е Министер за култура и туризам на Македонија од 2024 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Љутков е роден во 1977 година во тогаш Титов Велес[1]. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 г. во класата на професорот Владимир Милчин, а во 2002 г. запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 г. се вработил како глумец во Драмскиот театар (ДТС) во Скопје.

Уште во текот на студиите глумел во претстави во Народениот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во родниот Велес, но и во други театри во Македонија[1]. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата.

Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на две награди.[1]

Љутков на 23 јуни 2024 година, е избран за Министер за култура на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Театарски улоги

[уреди | уреди извор]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмографија на глумецот Зоран Љутков
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

2000-ти
2001Прашина ТВ филмосманлиски војник
2002Заведени ТВ серијаТоми
2003Резервни делови ТВ филмМирче
2003Последниот фалцер ТВ-филмМустафа
2003Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серијаРежисерот
2005Контакт ТВ филмРецепционерот
2005Сашо и Сашка ТВ-серија
2006Караула ТВ филмМилчо
2006Девет степени ТВ филмАлександар
2006Тајната книга ТВ филм
2006Патувањето до рабробил ТВ серија
2007Цимери ТВ-серија
2007Сенки ТВ филмСлавко
2010-ти
2011Трето па машко ТВ серијаГроздан
2013Тиквешко востание ТВ-серијаДоктор
2013 2014Тврдокорни ТВ серија
20155+ ТВ филмКомшијата
2015Пепи и Муто Краток филмНачалникот
2015Последниот Македонец ФилмКоте
2015-20215+ фамилија ТВ-серијаКомшо
2016Операција Дијамант ТВ-серијаМики
2017-2019Фамилија Марковски ТВ-серијаПрофесор по физичко
2018-2023Преспав ТВ серијаГрадоначалникот
2019Скопје 2020 Краток филмТаткото
2020-ти
2022Тајниот изум ТВ-филмКомшо
2022Во срцето на машината ТВ-филм
2022Снежана на крајот умира ТВ-филмГазда на агенцијата
2022Куќен притвор ТВ-серијаСудијата
2022-2023Бистра вода ТВ-серијаПетар
2025Позитивни вибрации ТВ-филмДоктор
  • 2002: Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ за ликовите во претставата „Синдром Чернодрински“ на XXXVII Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
  • 2005: Награда од публиката за улогата на Момчето Лисистрата на фестивалот за античка драма Стоби во Стоби
  • 2014: Награда за најдобра машка улога за улогата на ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на Првиот Интернационален Фестивал „Гола Месечина“
  • 2021: Награда за најдобра машка улога на XVIII „Ифад Стоби 2021“ за улогата на Сатирот Силен во „Сатирската игра“ во режија на Деан Дамјановски.
  1. 1 2 3 „Зоран Љутков“. Ансамбл. Драмски театар - Скопје. Посетено на 7 мај 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]