Благоја Ристески - Платнар
| Благоја Ристески - Платнар | ||
| Роден | Благоја Ристески 5 март 1949 Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 20 октомври 2004 (возр. 55) Прилеп, Македонија | |
| Занимање | поет, драматург, колумнист | |
Благоја Ристески - Платнар (Прилеп, 5 март 1949 - Прилеп, 20 октомври 2004 ) — македонски поет, писател, драматург и колумнист.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година. Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996). Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик. Починал во Прилеп на 20 октомври 2004 година[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-11-20. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ Пурковиќ, Златка (20 октомври 2004). „Почина Благоја Ристески-Платнар“. А1. Посетено на 2010-12-25.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лепа Ангелина Архивирано на 28 јануари 2005 г.