Прејди на содржината

Пепи и Муто

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Пепи и Муто“
Плакат за филмот
РежисерГеорги Унковски
ПродуцентДарко Попов
СценаристГеорги Унковски
Главни улогиСашко Коцев
Петар Мирчевски
Зоран Љутков
Јордан Симонов
Никола Ацески
КинематографијаДимо Попов
МонтажаБлагоја Неделковски
Студио„Фокус Покус“
Премиера23 септември 2015 (2015-09-23) (Битола)[1]
Времетраење17 минути
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Буџет€15.000 (проценка)

Пепи и Муто“ — македонски краткометражен филм од 2015 година, криминалистичка комедија во режија на Георги Унковски кој исто така е и сценарист на филмот.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Откако е принуден на предвремено пензионирање, полицискиот инспектор Пепи е задолжен да го научи кадетот Муто, неговата замена, како да стане вистински инспектор.

Петиција

[уреди | уреди извор]

Во 2017 година била отворена онлајн петиција со која се барало овој краткометражен филм да прерасне во серијал.[2] До затворањето на петицијата таа постигнала 4.086 потписи.

  1. „Прикажани „Платен убиец" и „Пепи и Муто" на филмското платно на 36-тото издание на фестивалот Браќа Манаки“. Факултети. 24 септември 2015. Посетено на 7 ноември 2018.
  2. „Публиката со петиција бара краткиот игран филм „Пепи и Муто" да стане серија“. Радио МОФ. 26 април 2017. Посетено на 7 ноември 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]