Аристофан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аристофан (грчки: APIΣTOФANOΥΣ) (450 година п.н.е - 388 година п.н.е) бил грчки драматург.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Аристофан бил голем непријател на Сократ кого не само што го напаѓал во своите комедии, туку се смета дека бил еден од непријателите кои биле повод за обвинението и судењето на Сократ.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Аристофан ја започнал кариерата како комичен драмски писател во 427 година п.н.е. Напишал околу 40 драми, од кои само 11 се сочувани, вклучувајќи ги:

Најголем дел од неговите драми се во духот на Старата комедија, во која мимиката, хорот и бурлеската се најважни особини. Неговата сатира, остроумност и немилосрден коментар го направиле најголем комичен драмски писател во Стара Грција.

Комедиите на Аристофан, со својата силна, смела и вистинита, а често и груба сатира, ја одразува политичката и културната состојба во Атина, во втората половина на 5. век п.н.е. Тој ги критикува негативните човечки особини, со посебен осврт на државниците и се залага за нивна замена со одговорни државници кои имаат висока политичка етика. Токму поради овие карактеристики, Аристофановата комедија немала следбеници во подоцната хеленска книжевност, но почнувајќи од 16 век таа започнала да влијае врз европската книжевност. На пример, „Лисистрата“ извршила влијание врз делото „Скротениот скротител“ (The Woman Prize or the Tamer Tamed) на англиските ренесансни писатели Френсис Бемонт и Џон Флечер. И други писатели биле инспирирани од „Лисистрата“, како: Ј.Ф. Кастели (со делото „Завереници“), Л. Анценгрубер, Адолф Вилбранд (со комедијата „Владеењето на жените“ од 1892 година), како и Р. Лаукнер и Ф. Буш (со делото „Женска завера“ од 1920 година).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британски енциклопедиски речник, ENCYCLOPEDIA Britannica, Топер, МПМ, 2005.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 191.
  3. Miloš N. Đurić, „O Aristofanovoj Lisistrati“. во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 101-105.