Борче Начев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борче Начев
Роден 2 декември 1982
Струмица
Националност Македонец
Познат по улогите во
Сенки
Македонски народни приказни
Вистинска љубов
Преспав.
Занимање глумец

Борче Начев (Струмица, 2 декември 1982) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 2010 година работи во Македонски народен театар во Скопје.

Животопис[уреди | уреди извор]

Борче Начев е роден на 2 декември 1982 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2010 година.[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • „Јонадаб“ од Питер Шефер, р. Дејан Пројковски, НУ Драмски театар - Скопје, 2003.
  • Купер Џонс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
  • Перо ѕидарот — „Големиот смок“ од Митко Маџунков, р. Горан Тренчовски, НТ „Антон Панов“ - Струмица, 2005;
  • Константин, Црна Арапина — „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Владо Цветановски, НУ Драмски театар - Скопје, дипломска претстава, 2007;
  • „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје, 2007;
  • „Соларис-мултимедијален проект“ од Златко Славенски, МНТ, 2007;
  • Филип — „Големите очекувања“ од Ана Ристовска, р. Јован Ристовски, МНТ, 2007;
  • Селанец — „Сите лица на Петре М. Андреевски“, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, мултимедијален проект, 2008;
  • Помет — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевски-Попова, МНТ, 2008;
  • Базил, месарот, Бегалецот, Војникот, Инспекторот, Стражарот, Новинарот — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
  • Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • Иви — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андовска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
  • г. Нинковиќ, државен секретар во МНР — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
  • Троил — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
  • Даскал Наум, Комитата — „Суд“ од Коле Чашуле, р. Љупчо Ѓоргиевски, 2010;
  • Јохан, неуспешен студент по филозофија, ботаничар — „Спиноза“ од Гоце Смилевски, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје, 2010;
  • Миле — „Слепи птици“ од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, НУЦК „Антон Панов“ - Струмица, 2010;
  • Атанас — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
  • „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011;
  • Иван Шатов — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски според Албер Ками, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
  • Сегизмундо — „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
  • Ролен, славен поет — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
  • Јаша, млад лакеј — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2013;
  • Бохумил Зелински — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Агамемнон, Еврипид — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
  • Дедо Тил — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
  • Леарт — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
  • Четвртиот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
  • „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016;
  • Спиро — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ (Полска), 2016;
  • Духовникот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
  • Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
  • Кирил — „Дух“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2018;
  • Доктор — "Бесачи" од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019;
  • Рос — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019;
  • 40 разбојници/7 џуџиња — "Хенгинг Араунд" од Љупчо Јованов, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2024.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
2004 Алеф ТВ-филм Оги
2006 Тајната книга ТВ-филм Гласот
2006 Караула ТВ-филм Војник
2007 Сенки ТВ-филм д-р Лазар Перков
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2012-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Пешо Самарџиев
2014 Приказни од животот ТВ-серија Огнен
2014 Среќна Нова 1903 (филм) ТВ-филм Србинот
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2016 Вистинска љубов ТВ-филм Александар Пинго
2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2017 Фамилија Марковски ТВ-серија Наставникот Никола
2017 Искушаните ТВ-филм Един
2017 Инсајдер ТВ-серија Новинар
2018-2020 Преспав ТВ-серија Јоргос, Шиме
2019 Змија ТВ-филм Дарко
2021 Последните денови на невиноста ТВ-филм Дарко
2022 Драматургија на незавршеното ТВ-филм
2022 Македонски народни приказни ТВ-серија
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Докторот во станот

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]