Виолета Џолева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виолета Џолева
Родена 16 јули 1951(1951-07-16)
Скопје, НР Македонија НР Македонија
Починала 27 јуни 2023(2023-06-27) (возр. 71)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање режисерка

Виолета Џолева (16 јули 1951 во Скопје - 27 јуни 2023 во Скопје) — македонска режисерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 г. Била член на Радиодрамата (1958–1969); режисер во МРТ Скопје (1974–1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободен уметник (1992–1994); од 1994 г. била драматург и режисер на МРТ.[1]

Во 2018 година во Театарот за деца и младинци (ТДМ) бил прикажан првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева.

Нејзина последна претстава е „Партија реми“ чија премиета е во 2018 година во Драмски театар - Скопје.

Починала во Скопје на 27 јуни 2023 година по кусо боледување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џикова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1640. Text "series " ignored (help)
  2. „ПОЧИНА РЕЖИСЕРКАТА ВИОЛЕТА ЏОЛЕВА“. Сакам Да Кажам. 2023-06-27. Посетено на 2023-11-22.