Прејди на содржината

Рубенс Муратовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рубенс Муратовски
Роден(а)8 јануари 1971(1971-01-08)(55 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Занимањеглумец
водител
Познат(а) попо улогата во:
Булки крај шините
Мост
Тврдокорни
Последниот Македонец
Страница
nasatv.com.mk

Рубенс Муратовски (роден на 8 јануари 1971 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Рубенс Муратовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1996 година, а од 2000 година се вработил во Драмски театар - Скопје. Со глума Муратовски започнал уште од најрани години кога настапувал во главната улога на детската серија „Белото Циганче“ и „Булки крај шините“. Во текот на годините, како студент а и потоа, остварил забележителни главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и на сите други театарски сцени во државата.

Од 2014 година, врши сихронизација на телевизиски серии на Сител Телевизија.

Од 2019 до 2023 година, тој е автор и водител на емисијата „Помагачот“. Автор е на емисијата „Спортски легенди“ заедно со Зоран Михајлов, во период од 2021 до 2024 година, која се емитува на Наша ТВ.

Поважни театарски улоги

[уреди | уреди извор]
  • Мачкина глава, р. Дејан Пројковски ДТС 2026
  • Болва в уво р. Синиша Евтимов ДТС 2025
  • Падот на Масада р. Дејан Пројковски ДТС 2023
  • Така зборуваше Гертруда р. Ангелчо Илиевски ДТС 2022
  • Буре барут р. Сашо Миленковски ДТС 2016
  • Господарот на кукавицата р. Андреј Цветановски Т. Комедија 2015
  • Ждрело-р,Зоја Бузалковска,ДТС 2014
  • Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот,р Владо Цветановски,ДТС 2012
  • Генетика на кучињата,р Дејан Пројковски,ДТС 2012
  • Агамемнон - geNOcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
  • Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009
  • Војникот – Супернова, р. Златко Славенски, ДТС, 2008
  • Инспекторот Дадо – Комшилук наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС, 2008
  • Спасе – Македонски рулет, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2007
  • Поткаљосин – Женидба, р. Лилиа Абаџиева, Битолски театар, 2006
  • Џејмс – Поручникот од Иншимор, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2005
  • Дантон – Смртта на Дантон, р. Дејан Пројковски, Струмички театар, 2005
  • Гаврил – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС, 2005
  • Инкасаторот, Црна Арапина ... – Маме му ебам, кој прв почна, р. Дејан Пројковски, Битолски театар, 2004
  • Луков – Црнила, р. Дејан Пројковски, Театар Штип, 2004
  • Штурецот – Како се станува цар, Зоја Бузалковска, ДТС, 2003
  • Тој – Нема да верувате што ми случи вечерва, р. Кристијан Ристевски, ДТС, 2003
  • Амнон – Јонадаб, р. Дејан Пројковски, ДТС, 2003
  • Хомо еректус, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2002
  • Детето – Сонот на смешниот човек, р. Александар Ивановски, Театар Велес, 2002
  • Драга Елена Сергеевна, р. Александра Ковачевиќ, Театар Штип, 2002
  • Војцек – Војцек, р. Боро Драшковиќ, ДТС, 2002
  • Тетовирачот – Тетовирани души, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2001
  • Лизандар – Сонот на летната ноќ, р. Димитар Станковски, ДТС, 2001
  • Затвореникот, судијата ... – Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
  • Мефисто, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2000
  • Јованка Орлеанка, р. Љубиша Георгиевски, 2000
  • Ферхад и Ширин, Јуџел Ертел, 2000
  • Мисот на малиот град, р. Владо Талевски, МНТ, 1999
  • Стражарот - Антигона ин Техноленд, р. Галин Стоев, МНТ, 1999
  • Тхе Ловер, р. Зоја Бузалковска, 1999
  • Хамлет, р. Владо Цветановски, 1999
  • Бесконечно патување, кореограф Искра Шукарова, МНТ, 1998
  • Ромео – Ромео и Јулија, р. Наташа Поплавска, Струмички театар, 1998
  • Ојдипус Тиранос, р. Зоја Бузалковска, 1997
  • Среќата е нова идеја во Европа, р. Владо Цветановски, 1997
  • Мечка, р. Синиша Ефтимов, ФДУ, 1996
  • Џек - Питачка опера, р. Горан Тренчовски, ДТС, 1996
  • Теди Брјустер – Арсеник и стара тантела, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995, дипломска работа
  • Дрвеница, р. Владо Денчов, театар Скрб и утеха, 1994
  • Луна прима, р. Горан Тренчовски, приватен проект, 1994
  • Билет за пеколот, р. Душан Наумовски, Универзална сала, 1994
  • Кандид во земјата на чудата од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Муратовски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1981Булки крај шините ТВ-филмВане
1981Првите цутови ТВ-серија
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серијаВладимир
1982Црвено жолто зелено ТВ-филм
1984Белото циганче ТВ-серијаТаруно
1984Комедијанти ТВ-серијаДетето
1987Девојките на Марко ТВ-серија
1988Втора смена ТВ-серијаСлавчо
1990Еурека ТВ-серијаХорист 4
1995Во светот на бајките ТВ-серија
1995-2000Македонски народни приказни ТВ-серија
1998Салон Хармони ТВ-серија
1999Стаорец ТВ-филмВојникот
1999Voice ТВ-филм
1999Глушецот ТВ-филм
2000Глас ТВ-филм
2000Погрешно време ТВ-серијаВлатко
2001Прашина ТВ-филмКорто Малтезе
2001Подгревање на вчерашниот ручек ТВ-филмСнимателот
2002Вета ТВ-филмАлек
2006Мост ТВ-филмНикола
2007Досие-К ТВ-филмГраѓанин 2
2011Трето па машко ТВ-серијаЦеко
2013-2014Тврдокорни ТВ-серијаСоле Стојчев
2015Последниот Македонец ТВ-филмЈане Сандански
2017Бушави глави ТВ-серија
2022-2023Бистра вода ТВ-серијаСпиро
2025Утре наутро ТВ-филмПолицаец
2025Сопатници ТВ-филм
2026Утре наутро ТВ-серијаПолицаец

Награда за најдорба машка улога на Фестивалот за античка драма „Стоби“ 2011 година, за улогата на Агамемнон во претставата „geNOcid21

  1. „Rubens Muratovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]