Прејди на содржината

Димитар Гешоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Димитар Гешовски)
Димитар Гешоски
Роден 14 септември 1928
Прилеп, Кралство СХС
Починал 28 октомври 1989(1989-10-28) (возр. 61)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Денови на искушение
Нели ти реков
Црвениот коњ
Трговецот од Солун
Илинден
Најдолгиот пат
Занимање глумец
Сопружник Нада Гешоска
Милица Стојанова
Деца Искра Гешоска (ќерка)

Димитар Гешоски (роден на 14 септември 1928 во Прилеп - починал на 28 октомври 1989 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во својата богата уметничка дејност остварил над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димитар Гешоски учествувал во формирањето на првиот професионален драмски ансамбл во Прилеп во 1950 година. Професионалната кариера ја продолжил во Скопје како член на Драмата при Македонскиот народен театар од 1958 до 1964 година кога станал член на Драмски театар - Скопје.

Димитар Гешоски бил член на првиот изведувачки состав на Градскиот народен театар во Прилеп и бил еден од неговите најангажирани, најамбициозни и најталентирани глумци. На сцената на професионалната театарска куќа во родниот град играл скоро една деценија, по кое својата кариера ја продолжил во Скопје (Македонски Народен театар, Драмски театар и Естрада-59).

Гешоски учествувал во поголем број на театарски претстави, како: “Кралот на Бретањова’’ од Иван Цанкар, “Без вина виновник’’ од Островски, “Ружа на ветровите’’ од Шпак, “Вујко Вања’’ од Чехов, “Вејка на ветрот’’ од Коле Чашуле, “Како Џими’’, “Случајот Форестер’’ од Брикли, “Заеднички стан’’ од Добричанин и многу други.

Како еден од водечките глумци на Народниот театар во Прилеп во првата негова деценија, Гешоски повремено се занимал и со режија. Ја постави комедијата „Роднини од Америка“, реализира и една куклена претстава. Освен тоа, тој бил активно вклучен и во некои други медиуми (филмот, радиото, телевизијата).

Димитар Гешоски е добитник на неколку признанија, меѓу кои и на наградата „13 Ноември“.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Гешоски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Филмографија на глумецот Димитар Гешоски
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1950-ти
1957Мал човек ТВ-филм
1958Мис Стон ТВ-филм
1960-ти
1961Солунските атентатори
1965Денови на искушениеТодор Иванов
1967Каде по дождот ТВ-филмСлужбеник
1967Мементо/
1967Македонска крвава свадба/
1968Планината на гневот/
1969Враќање од рајот ТВ-филм
1969Време без војна/
1969Сеништа ТВ филм/
1969Итрата вдовица ТВ филм/
1970-ти
1970Мртва стража ТВ филм/
1970Вујковиот сон ТВ филм/
1971Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1972Истрел/
1972Настан можеби последен ТВ филм/
1972Пријатели ТВ-филм
1973Смилевскиот конгрес ТВ филмАнастас Лозанчев
1974Како се сакаа Пертеф и Леонида ТВ-филм
1975Сребрено јаболко ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ серија/
1975Светецот од Слатина ТВ филм/
1975Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ филм/
1975 1976Патот кон иднината ТВ серија/
1976Најдолгиот пат ТВ-филмСолунчанец
1977Сакате ли уште едно парче торта ТВ-филм
1977Итар Пејо ТВ серијаТрајко
1977Нели ти реков ТВ филм/
1978Најдолгиот пат ТВ-серијаСолунчанец
1979Курирот на Гоце ТВ серијаТоме
1980-ти
1980Учителот ТВ филм/
1980Оловна бригада/
1981Црвениот коњПени
1981Булки крај шините ТВ серија/
1981Првите цутови ТВ-серијаДедото
1982Илинден ТВ серија/
1982Тумба, тумба, дивина ТВ филм/
1982Едно лето ТВ серија/
1983Црвениот коњ ТВ-серијаПени
1984Јуначко колено ТВ серија/
1984Нели ти реков/
1984Комедијанти ТВ серијаТатко на наивката
1985Трговецот од Солун ТВ филм/
1987Трето доба ТВ серија/
1988Еурека ТВ-серија
1989Тврдокорни ТВ-серија
1990-ти
1992Време, живот/
  • 1966 - 13 Ноемвриска награда за камерата во филмот за Киро Билбиловски Нели ти реков Архивирано на 28 септември 2007 г.
  • 1984 - ФЈИФ, Пула, Награда за најдобар плакат за Владимир Боројевиќ
  • 1984 - МФФ, Лос Ангелес, Трета награда за филмскиот плакат за Владимир Боројевиќ
  1. „Dimitar Gesovski“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]