Прејди на содржината

Јовица Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јовица Михајловски
Роден 12 јуни 1955(1955-06-12)(70 г.)
Битола, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Соба со пијано
Јас сум од Титов Велес
Самоуништување
Викенд на мртовци
Среќна нова '49
Бушава азбука
Солунски патрдии
Театарче лево ќоше
Тетовирање
Ангели на отпад
Занимање глумец
Роднини Горан Михајловски (брат)

Јовица Михајловски (роден на 12 јуни 1955 во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Живот и дело

[уреди | уреди извор]

Јовица Михајловски е роден во 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена. Тој имал претстави и во Македонски народен театар - Скопје. Во 2022 година се пензионирал во Драмски театар - Скопје

Михајловски настапувал во претставите: во Драмски театар - Скопје Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша), Изгубени Германци од Слободан Унковски во продукција на Македонски народен театар - Скопје и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.

Играл во над 30 играни филмови и 17 телевизиски серии. Остварил значајни улоги како: (Боле змија) во Тетовирање, (Кунплуг) во Самоуништување, (Ноне) во Викенд на мртовци, (Непознатиот) До балчак (Петар) во Ефектот на Среќа. Играл и во сериите: Илинден, Бушава азбука, Солунски патрдии, Тврдокорни, Од денес за утре, Преспав, Црвениот поет.

Театарски претстави

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмографија на глумецот Јовица Михајловски
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1950-ти
1955Волчја ноќ ТВ-филм/
1980-ти
1982Илинден ТВ серијаГино
1984Опасни траг ТВ-филм/
1984Белото циганче ТВ-серија/
1985На наш начин ТВ-серија/
1985Трговецот од Солун ТВ-филмЛука
1985-1986Крале Марко јунак стана ТВ-серијаТурчин
1985Дупло дно ТВ-филмЈаков Ии
1985Бушава азбука ТВ-серијаЌелавиот
1985Тетовирани души ТВ-филм
1986Среќна Нова ’49 ТВ-филм/
1986Солунски патрдии ТВ-серијаЦире
1986-1989Македонски народни приказни ТВ-серија
1987Трето доба ТВ-серија/
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмСпанецот
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм/
1988Викенд на мртовци ТВ-серијаНоне
1988-1991Тврдокорни ТВ-серија
1989-1993Еурека ТВ-серијаБечеролд
1990-ти
1990Викенд на мртовци ТВ-филмНоне
1991Женски оркестар ТВ-филм
1991Тетовирање ТВ-филмБоле Змија
1992Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1992Време, живот ТВ-филмКлапер
1992Хераклеја по вторпат ТВ-филм/
1993Светлосиво ТВ-филмЦветко (сегмент "Вондерфул Ворлд")
1993Грев или шприцер ТВ-филмБугар
1994Пред дождот ТВ-филм
1994-1995Бумбари ТВ-серијаЖиле
1995Ангели на отпад ТВ-филмМилиционерот
1996Самоуништување ТВ-филмКумплунг
1997Интихарин ел китаби ТВ-филм/
1999Време, живот ТВ-филм
2000-ти
2003Волци ТВ-филмБорко
2004Сакам да бидам кошаркар ТВ-серијаЛазе Темелков
2005Обични луѓе ТВ-серијаМандра
2005Остани исправен Краток филм/
2006Стрмоглави ТВ-филмЈане
2006Пусто турско ТВ-филм
2006Американецот ТВ-филм/
2007Превртено ТВ-филмШефот
2007Јас сум од Титов Велес ТВ-филмДоктор
2010-ти
2010Шесто чуло ТВ-серијаПрофесор Тодоров
2010 2011Од денес за утре ТВ-серијаАл Капоне
2011Панкот не е мртов ТВ-филмГуру
2011Ова не е американски филм ТВ-филм
2012Скопје ремикс ТВ-филм/
2012Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава ТВ-филм
2013Соба со пијано ТВ-филмМанагер
2013Изгубени Германци ТВ-филмБењамин
2014До балчак ТВ-филмНепознатиот
2017Фамилијата Марковски ТВ-серијаДраган
2016-2019Преспав ТВ-серијаАрхеолог Славе/Историчарот
2019Вера ТВ-филмЖивко
2019Ефектот на Среќа ТВ-филмПетар
2020.- те
2020Мојот Драмски ТВ-серија
2020Хомо ТВ-филмБогатин
2022Куќен притвор ТВ-серијаАдвокат Кољо
2024Црвениот поет ТВ-серијаОбвинителот
2026Потстанар ТВ-филм

Награди, признанија и дела

[уреди | уреди извор]

Награда од ревијата Екран, за улогата на Кумплунг во играниот филм Самоуништување, 1997 година, награда намеѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро гостварување, односно за најдобра машка улога Лаки во претставата Другата страна -2005 година, добитник на наградата за најдобра машка улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата Шајлок во претставта Венецијанскиот трговец 2017 година, добитник на наградата од ДФРМ, Златна рамка, за особен придонес во македонскиот филм, 2021 година.

Во 2024 година, ја добива државната Награда „11 Октомври“ за животно дело.[1]

  1. „ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ" 2024“. Собрание. Посетено на 18 октомври 2024.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Книгата Досие на Драмски Театар-Биографија за Михајловски Јовица

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]