Горан Михајловски
Горан Михајловски | |
---|---|
Роден(а) | Горан Михајловски 24 ноември 1963 Битола, ![]() |
Националност | ![]() |
Државјанство | ![]() |
Занимање | новинар |
Активен период | 1989-денес |
Роднини | Јовица Михајловски (брат) |
Страница sdk.mk |
Горан Михајловски (р. 24 ноември 1963 во Битола) — македонски новинар. Завршил на Студиите по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и во 1989 година започнал да работи како новинар во дневниот весник Вечер.[1] Во Вечер ги минал сите новинарски скалила, а задачата главен и одговорен уредник на весникот ја извршувал од 1998 до 2000 година.[2] Потоа со група новинари го основал весникот Вест, чиј прв број излегол на 5 јули 2000 година.[3] Автор е на колумната „Сакам да кажам“, која непрекинато излегува од 12 јануари 1991 година секоја сабота. Колумната е отпечатена во четири книги,[4] и има добиено пет награди, меѓу кои и „Златна бубамара“ за најчитана страница.[5] По 15 години работа како главен уредник во Вест, Михајловски заминал поради одлука на издавачот да не му биде продолжен договорот.[6]
Моментално, Михајловски е уредник на порталот „Сакам да кажам“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 973
- ↑ „15.000 пати по ред без прекин!“. Вечер. 27 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ „15 години први (јубилејна 15-годишнина на „Вест")“. Вест. 3 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ „Промоција на најновата кнога „Сакам да кажам" од Горан Михајловски“. Утрински Весник. 7 јуни 2011. Посетено на 9 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ „Четврта Бубамара за "Сакам да кажам"“. Вест. 27 февруари 2009. Посетено на 9 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ „Горан Михајловски заминува од „Вест"?“. Фокус. 19 декември 2015. Посетено на 9 јануари 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Архива на колумните „Сакам да кажам“ Архивирано на 25 декември 2015 г.