Хомо (филм од 2020)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хомо - филм на македонскиот режисер Игор Иванов од 2020 година. Филмот бил снимен во текот на 2019 година како копродукција меѓу Македонија, Бугарија, Словенија, Косово и Србија, а продуцент бил Томи Сакловски.[1] Улогите во филмот ги играат глумците: Игор Ангелов, Јелена Јованова, Јовица Михајловски, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Камка Тоциновски, Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ, Јордан Симонов, Владимир Тулиев и Славиша Кајевски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Игор Иванов, „Културата не е област која треба да се субвенционира, туку област во која треба да се инвестира“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 52.