Бушава азбука (телевизиска серија)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бушава азбука | |
---|---|
![]() Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Петричиќ | |
Жанр | комедија |
Развиена од | Горан Стефановски |
Режирана од | Слободан Унковски |
Земја на потекло | СР Македонија, СФРЈ |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на епизоди | 31 |
Продукциска куќа | РТВ Скопје |
Бушава азбука — македонска детска телевизиска серија која била наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и актерската игра. Се смета за убедливо најуспешниот производ на МРТ.[1]
Прикажување[уреди | уреди извор]
Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од српскиот илустратор Душан Петричиќ.[2] Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, секоја епизода во времетраење од половина час.
Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.[2][3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Унковски и Стефановски работат на втор дел од култната ТВ-серија „Бушава азбука"“. Сакам Да Кажам. 4 јуни 2018. Посетено на 13 март 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Гоце Митевски: Ја дигитализирав „Бушава азбука" во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ“. Кајгана. 8 јуни 2019. Посетено на 13 март 2020.
- ↑ „Дизајнерот Гоце Митевски ја дигитализираше книгата „Бушава азбука"“. it.mk. 10 јуни 2019. Посетено на 14 март 2020.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- „Бушава азбука“ - дигитално издание
- Бушава азбука (телевизиска серија) на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)