Телевизиска програма

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Телевизиска програма или телевизиско шоу е дел од содржина која се емитува на телевизија. Емитувањето може да биде еднократно или дел од периодично повторливи телевизиски серии.

Телевизиска серија која се емитува во ограничен број епизоди најчесто се нарекува мини-серија или серијал (иако вториот термин има и други значења). Во Соединетите Држави (САД) и Канада, тоа што трае пократко од една година е познато како сезона , а во Обединетото Кралство (ОК) и остатокот од земјите на ПАЛ како серии. Обично, овие сезони или серии содржат од 12 до 26 телевизиски епизоди во САД, а во ОК не постои определена должина. Индустријата во САД е склона да фаворизира сезони кои се подолги од оние во другите земји. Поединечното илустрирање на програмата се вика епизода, иако особено во САД ова исто така се нарекува “шоу” или "програма", а во Велика Британија и Ирска "програма". Еднократно емитување особено во САД и земјите кои се под нејзино влијание може да се вика "посебна" или особено во ОК "посебна епизода". Телевизиски филм или во ОК телевизиски филм (филм произведен за на телевизија) е филм кој почетно се емитува на телевизија наместо да се емитува во кино, иако многу успешни филмови подоцна се објавуваат во ДВД издание.

Денес, рекламите играат голема улога во телевизиската програма. Во некои земји како еден час да содржи дури до 15 минутно рекламирање. Спротивно од ова, британската емитувачка корпорација Би-Би-Си( BBC - British Broadcasting Corporation) , во ОК не емитува реклами, со исклучок на тоа што ја најавува својата програма. Тие се појавуваат помеѓу и пред крајот на програмата, но не во средина на програмата, повеќе како јавниот емитувачки сервис Пи-Би-Ес (PBS - Public Bradcasting Service) во САД и австралиската емитувачка корпорација Еј-Би-Си (ABC - Australian Broadcasting Corporation) во Австралија. Бројот на рекламни прекини може да варира. На пример, Јапонската телевизија има помалку, но подолги комерцијални паузи , додека Американската телевизија има неколку поопширни реклами преку целата програма. Ова бара авторите да понудат посуптилен прекин, како и да ја задржат публиката да не го менува каналот.

Содржина на програмата[уреди]

Содржината на телевизиските програми може да биде реална како во документарни емисии, вести или пак измислена како во комедија или драма. Може да биде актуелна како во случаите со вести и некои филмови направени за телевизија, или историски како во случаите со повеќе документарни емисии и нереални серии. Драмската програма, обично ги поставува актерите во некои слични ситуации. Програмата ги следи нивните животи и авантури. Со исклучок на сапунските опери, многу шоу програми особено пред 1980 година останаа статчни, без лак на движења во приказната. Главните ликови и премисите се малку изменети. Ако се случеше некоја измена во животите на ликовите за време на епизодите, обично тоа се поправаше пред крајот на епизодата.(Поради ова, епизодата може да се прикажуа во која било друга). Од осумдесеттите па наваму, постојат многу серии кои внесуваат напредни промени во заплетот, ликовите или и во заплетот и во ликовите.

Вообичаената телевизиска програма вклучува вообичаени емитувања (како телевизиски вести), телевизиски серии (обично сезонски или во продолженија со траење од само неколку епизоди во повеќе сезони) или телевизиски мини-серии, кои се проширен филм, обично со однапред определен број на епизоди, утврден заплет и умесност. Мини-сериите во должина траат од околу 10 до 30 часа. Во Обединетото Кралство, терминот "мини-серии" се користи само за увезените програми, а краткометражните серии се нарекуваат "серијали". Постарите шоу-програми на Американската телевизија започнаа со пробни исечоци од наслови. Прикажаа воведни кредити најдолу на екранот за време на почетокот на шоуто и вклучија завршни кредити на крајот .Сепак во почетоткот на деведесеттите некои шоу-програми започнаа со "cold open" , проследени со кратки исечоци и мали рекламни паузи. Многу сериски шоу-програми започнуваат со "Во претходната епизода..." (на пример како 24) како вовед во епизодата. За да заштедат на време, некои шоу-програми сосема ги испуштија пресеците од насловите, вклопувајќи ги имињата на актерите во the opening credits. Извадоците од насловите не беа сосема отстранети , па многу телевизиски серии сéуште ги користат и во 2010 година.

Додека телевизиските серии се појавуваат на телевизиските мрежи, вообичаено е да се пуштаат во етер од страна на самите мрежи. Нивните продуценти заработуваат поголеми приходи кога програмата е продадена во cyndication. Со растењето на ДВД (Ди-Ви-Ди) домашниот видео формат, паковките со сетови кои содржат цели сезони исто така станаа значаен извор на приходи. На многу од првичните комедиски шоу програми и цртаните кои се емитуваа во сабота наутро, околу средината на мај во 2008-та година им беше направена подобрена дигитална снимка за Телевизијата на Соединетите Држави. Во иднина ќе бидат издадени многу оригинални ДВД-ја со телевизиски сетови кои содржат скоро цели сезони или серии .

Со текот на годините телевизијата се промени, од класичните семејни комедии со корисни реклами за време не паузите до реални шоу-програми со реклами по случаен избор. Телевизијата беше нешто што целото семејство го гледаше заедно. Низ годините многу канали отстапија од нивните вистински програмски насочувања преку лутањето за канали.

Бидејќи повеќето мрежи во светот се "комерцијални", се потпираат на продавање преку реклами или на стекнување спонзорство, главната засегнатост на извршителите на емитувањето се однесува на големината на аудиториумот.

Кога бројот на станиците кои емитуваа "во живо" беше ограничен поради достапноста на фреквенции, , кабелската технологија (надвор од сателиот на САД) овозможи проширување на бројот на канали достапни за гледачите (понекогаш со повисока стапка) во многу поконкурентна средина.

Жанр[уреди]

Телевизиски серии според жанр

Сценирана забава[уреди]

Драмските телевизиски серии вклучуваат[уреди]
  • Драма - комедија
  • Сериска драма
  • Научна фантастика или фантазија
  • Сапунска опера
Телевизиска комедија[уреди]
  • Комедија на ситуација
  • Скеч-комедија
  • Анимирани телевизиски серии
  • Мини серии и филмови

Несценирана забава[уреди]

  • Ток шоу
  • Шоу емисии со игри

Информативни[уреди]

  • Вести
  • Документарци
  • Телевизиски магазини за вести, кои се соочуваат со актуелни прашања



Развиток[уреди]

Соединети Држави[уреди]

Некој одлучи да создаде нови телевизиски серии. Креаторот на шоуто ги разви неговите елементи кои се составени од концептот, ликовите, екипата и различни актери (во некои случаи актери со "големи имиња"). Потоа ја понуди на различни телевизиски мрежи во обид да најде некоја која е заинтересирана за сериите и ќе ја порача првата прототип епизода од серијата , позната како пробна епизода . За да се создаде пробна епизода, потребно е да се соедини структурата и тимот од целата серија. Ако на мрежата и се допадне пробната епизода , таа ќе ја подобри шоу програмата за својата следна сезона (во Обединетото Кралство, серија). Понекогаш тие (телевизиските мрежи) ја чуваат за средина на сезоната или бараат преработка и дополнителен преглед (во индустријата познат како "развивачки пекол"). Многу шоу програми никогаш не ја поминале пробната фаза.

Ако шоуто е составено, се нуди "текот" на епизодата . Обично, прво се порачуваат само 13 епизоди, иако серијата ќе трае најмалку 22 епизоди (последните 9 епизоди се познати како "the back nine", термин позајмен од голфот.) Шоуто најмува "школа" од автори, кои најчесто работат паралелно: првиот автор работи на првата епизода, вториот на втората и така натаму. Кога сите автори се искористени , изготвувањето на епизодите повторно започнува со првиот автор. Сепак, на други шоу-програми авторите работат како тим. Понекогаш посебно ги развиваат идеите за приказната и ги презентираат на креаторот на шоуто , кој потоа ги става во сценарио.

Обединето Кралство[уреди]

Спротивно од моделот во САД, прикажан погоре , постапката во Обединетото Кралство понекогаш е обработена на сличен начин, но на многу пониско ниво. Методот на тимско пишување се користи во некои подолги драмски серии (обично траат максимум до 13 епизоди). Идејата за вакви програми може да биде произведена "дома" од страна на една мрежа, може да потекнува од независна продукциска компанија, понекогаш може да биде производ од двете. На пример, долготрајната сапунска опера на Би-Би-Си (BBC) ,,Ист Ендрс" (East Enders) е во целосна продукција на Би-Би-Си, додека нивната популарна драма "Живот на Марс" беше развиена од страна на Кудос, во соработка со спикерот.

Сепак, сéуште постојат значаен број програми (најчесто комедии) кои се создадени од еден или двајца автори и мал продукциски тим. Овие се создадени на традиционален начин , но пред авторите да се соочат со сите барања во врска со пишувањето, се емитуваат шест или седум епизоди по серија , пред да се даде одобрение. Многу од популарните британски комедии се создадени на овој начин, вклучувајќи ја "Летачкиот циркус на Монти Пајтон" сепак со посебен тим од шест автори-изведувачи.

Продукција[уреди]

Извршниот продуцент, најчесто креатор на шоуто е задолжен за текот на самото шоу. Одбира тим (под услов да биде одобрен од страна на мрежата) и доделува улоги , често пишува и одобрува сериски заплети, а понекогаш пишува и режира поголем дел од епизодите. Многу други продуценти помагаат во тоа да се овозможи непречено одвивање на шоуто.

Продукцијата на посебна епизода, како и продукцијата на филм или друга медиумска продукција се дели на три дела :

Пред-продукција[уреди]

Кога ќе се одобри сценариото започнува пред-продукцијата. Се избира режисер кој го подготвува конечниот изглед на епизодата.

Задачите на пред-продукцијата вклучуваат :илустриран приказ на филмот или емисијата, составување сетови, стожери, костими, кастинг за специјални гости-ѕвезди , планирање трошоци, барање средства како осветлување, посебни ефекти, акробации итн. Откако шоуто е испланирано мора да се вклучи во програма. Сцените често се снимаат во делови (секвенци), актерите-гости или дури и регуларните актери можат да се на располагање само одредено време. Понекогаш главната слика од различни епизоди мора да биде направена во исто време, комплицирајќи го распоредот (гостинот-ѕвезда може да снима сцени од две епизоди во исто попладне). Сложените сцени се преведуваат од илустриран приказ до анимирање за да се разјасни дејството понатаму. Сценаријата се прилагодуваат да можат да се вклопат во изменетите барања.

Некои шоуа имаат малку постојани режисери, па обично се потпираат и врз режисери надвор од шоуто. Според ограниченото време на емитување , едно шоу може да има две или три епизоди во пред-продукција, две или три епизоди во главната слика и нешто повеќе во различните фази на пост-продукција. Задачата за режирање е доволно сложена, што еден режисер најчесто не може да работи на повеќе од една епизода или едно шоу во исто време, оттука произлегува потребата од повеќе режисери.

Главна слика[уреди]

Главната слика е всушност снимањето на епизодата. Режисерот, актерите и екипата се собираат на локација каде снимаат сцена. Понатаму сцената се дели во снимки кои треба да се испланираат во текот на пред-продукцијата. Зависно од планираното, една сцена може да се смима, а да не биде во хронолошки редослед од приказната. Разговорите може да се снимаат двапати од различни агли, најчесто употребувајќи дублери , па еден актер може да ги изведе сите свои цитати во еден снимачки сет, а потоа другата страна на разговорот ќе биде снимена од спротивната перспектива. За да се заврши продукцијата на време, втората екипа може да снима различна сцена на друг сет или локација во исто време, користејќи различни актери , помошник режисер и друга екипа. Директорот на фотографија го надгледува осветлувањето на секој кадар за да обезбеди постојаност.

Пост-продукција[уреди]

Кога е завршена главната слика, продуцентите ги усогласуваат пост-продукциските задачи. На филмот му се додаваат визуелни и дигитални ефекти, што најчесто се прави од страна на специјализирани компании во ова област. Музиката често се изведува со диригент, користејќи го филмот како временска референца ( други мизички елементи може да се снимани претходно). Режисерот додава музика и ефекти, ги одредува сценските премини и го монтира подготвеното шоу.

Дистрибуција[уреди]

Потоа шоуто се врти по мрежите кои го праќаат до своите партнери кои го емитуваат. Ако рејтинзите Нилсен се добри, шоуто се ,,одржува во живот,, колку што е можно подолго. Ако не се, шоуто се откажува. Потоа креаторите на шоуто се оставени да трагаат по преостанати епизоди , по можност за идни епизоди на други мрежи. Некогаш продуцентите сами ги укинуваат особено успешните серии како Сеинфелд , Козби Шоу, Корнер гас и др. и ги завршуваат со завршна епизода , која понекогаш е големо финале на серијата.

Во некои случаи, сериите кои не привлекле особено голема гледаност и биле откажани, можат "привремено да се спасат" ако продажбта на нивното ДВД е прилично голема. Ова се има случено во случаите со "Фемили гај" во САД и "Пип шоу" во Обединетото Кралство.

Ако шоуто е популарно или носи профит и се создадени бројни епизоди (најчесто 100 епизоди или повеќе), тоа оди во cyndication (во САД) каде што потоа се продаваат правата за емитување.

Сезони/Серии[уреди]

Терминологијата која се користи да дефинира епизоди создадени од страна на телевизиски серии е различна во секоја земја. Во Северна Америка, терминот кој се користи за опишување на вообичаен тек на епизоди е телевизиска сезона, или едноставно сезона. На пример, својствено е шоу-сезоните да содржат 13 или од 20 до 26 последователни епизоди помеѓу септември и декември или јануари и мај. Ова е направено за да се искористи за сопствени цели системот на рејтинзите Нилсен, кој го пресметува бројот на гледачи за време на емитувањето. Овој вид прикажување се однесува на "сезоните без престан" кои обично се користат за сериски телевизиски серии , како на пример 24, Декстер и Изгубени.

Алтернативно, сезоната од телевизиски серии може да содржи од 20 до 26 епизодни емитувања, обично помеѓу септември и мај со прекини за време на (божиќните/новогодишните) празници или од фебруари до ноември со прекини во текот на на летните месеци. Ова се прави за да се зголеми продажбата на Ди-Ви-Ди изданието на шоуто. Дистрибутерот ја пушта првата половина од сезоната во продавниците само малку пред да почне втората , за да го зголеми интересот за втората половина од сезоната. Пример за ова може да биде римејкот на научната фантастика "Бетлстар галактика", нејзиниот филм -претходник "Каприса" и "Херои" кои се емитуваа на НБЦ (NBC - Ен-Би-Си).

Во Обединетото Кралство, на АБЦ (ABC - Еј-Би-Си) во Австралија и во други земји , овие сетови од епизоди се споменуваат како серии. Австралиската телевизија не следи сезони на таков начин како што тоа го прави американската телевизија, па таму на пример не постои "Есенска сезона" или "Есенска програма". Во Австралија куп епизоди сéуште се нарекуваат "сезони" според американската терминологија, и покрај тоа што исто така се користи и терминот серии од Обединетото Кралство. Долги години, популарните вечерни драми во Австралија траат повеќе од една година и имаат прекин преку летниот период (од декември до фебруари) кога не се прават рејтинзи на гледаноста. Како резултат на тоа драмите обично се емитуваат од фебруари до ноември секоја година. Ова беше искористено во седумдесеттите години за поуларни драми, вклучувајќи ги "Број 96" и "Соседи", а некои драми ја продолжија ова рутина и во 2010 година. Австралиските сериии со комедија на ситуација најчесто имаат сезони од околу 13 епизоди и можат да имаат премиера во кој било месец помеѓу фебруари и ноември.

Во Соединетите Држави, повеќето телевизиски серии имаат од 20 до 26 епизоди по сезона. Генерално, драмите обично траат 44 минути (еден час со реклами), додека комедиите на ситуација траат 22 минути (30 минути со реклами). Сепак со растот на кабелските мрежи, посебно оние кои се плќаат еднаш , должините на сериите и епизодите се менуваат. Кабелските мрежи најчесто прикажуваат сезони кои траат околу тринаесет епизоди (на пример "Сопранови" од ХБО (HBO - Ејџ-Би-О) со 12-13 епизодни сезони). Многу британски серии траат значително помалку, особено комедии на ситуации како "Д офис", "Икстрас" и "Пип Шоу" кои прикажуваат шест епизоди по сезона. Ова може да е поврзно со фактот дека многу британски шоуа се напишани од страна на еден автор или авторски тим , што не е случај со американските шоуа. Сепак, иако британските шоуа имаат повеќе автори, во последниве години се стремат кон пократки серии. На пример, првите серијали од долготрајни научни-фантастични серии "Доктор Ху" во 1963 година прикажуваше 42 епизоди со траење од 25 минути , што постепено беше намалено на 14 епизоди сотраење од 25 минути во 1989 година. Повторното прикажување на "Доктор Ху" опфати 13 телевизиски епизоди со траење од 45 минути. Неодамна, американските некабелски мрежи исто така започнаа да експериментираат со пократки сезони за некои програми, особено со реални шоуа како "Преживеан". Сепак, тие емитуваат две сезони во годината, што резултира во ист број епизоди годишно како драмите.

Ова е намалување од педесеттите, кога многу американски шоуа имаат помеѓу 29 до 39 епизоди по сезона. Со текот на годините, вистинското време за раскажување во рамките на телевизиските часови за ракламирање постепено се намали од 60 минути во почетните денови до тековните 44 минути (на некои телевизиски мрежи дури и помалку) во двеилјадитите години.

Некогаш Јапонците ги имаат суб-поделено телевизиските серии и драми во куру , од францускиот термин "course", што е 3 месечен период , најчесто од 13 епизоди. Секое куру има своја слика и песна за почеток и крај , кои често се продавани. Бројот на дозволени епизоди по сезона се движи од 3 до 65 епизоди.

Исто така погледни: