Ненад Стојановски
Ненад Стојановски | ||
![]() | ||
Роден | 19 август 1952 Скопје ![]() | |
---|---|---|
Починал | 14 јули 1998 Скопје, ![]() | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Време, живот Среќна Нова ’49 Диво месо | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Силвија Стојановска | |
Деца | Ана Стојановска Јана Стојановска |
Ненад Стојановски (Скопје, 19 август 1952 — Скопје, 14 јули 1998) — македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана[1], кои денес се познати глумици во Македонија.
Животопис[уреди | уреди извор]
По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а како глумец гостувал и на повеќе други сцени.
За одбележување се неговите учества како гостин и на Дубровничките и Сплитските летни игри, како и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.
Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.
Ненад Стојановски се наметнал како највозбудлива глумечка пројава во Македонија во последните десеттина години од неговиот живот.
Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.
Филмографија[уреди | уреди извор]
- 1977: Пресуда (Споредна улога)
- 1977: Сослушувањето на железничарот
- 1979: Диво месо (лик: Андреја)
- 1981: Лет во место (лик: Михајло)
- 1982: Илинден
- 1983: Хај-фај (лик: Матеј)
- 1984: Јуначко колено
- 1984: Лет во место
- 1984: Диво месо
- 1985: На наш начин
- 1985: Од зад грб
- 1985: Тетовирани души (лик: Војдан)
- 1985: Трговецот од Солун
- 1985: Бушава азбука
- 1986: Состојба на инфаркт
- 1987: Трета доба
- 1987: Смртта на Дантон (лик: Дантон)
- 1988: Црна дупка (лик: Силјан)
- 1989: Тврдокорни
- 1988: Сили во воздухот (лик: Миле)
- 1990: Трст виа Скопје
- 1990: До, ре, ми
- 1990: Кула вавилонска (лик: Манјан)
- 1991: Опстанок
- 1992: Заминување од Пасквелија
- 1992: Време, живот
- 1992: Сили во воздухот
- 1997: Ojdipus Tiranos Sofocleus (лик: Тајресија)
- 1998: Збогум на 20 век (Споредна улога)
- 1999: Време, живот (Главна улога)
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Андреја во претставата Диво месо (Нови Сад, 1980);
- Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница, (Прилеп, 1981);
- Награда за најдобра епизодна улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
- Награда за глумечко остварување на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985);
- Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата Дупло дно (1985);
- Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (1986);
- Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Миле во претставата Сили во воздухот (Нови Сад, 1989);
- Златен медал на Театарските свечености Љубиша Јовановиќ, за улогата на Дамјан во претставата Кула вавилонска (Шабац, 1990).[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Risto Stefanovski (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost.
- ↑ „Личности, Македонски автори: Сеќавања“. Институт за театрологија. Посетено на 2010-12-03.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ненад Стојановски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)