Катерина Крстева
Катерина Крстева | ||
Роден | 20 јули 1941 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 9 јануари 2023 Скопје, ![]() | (возр. 81)|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогите во: Хихирику Македонски народни приказни Поштар Простодушна љубов Погрешно време Битолски лакрдии | |
Занимање | глумица |
Катерина Крстева (20 јули 1941 - 9 јануари 2023) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гане“.
Биографија[уреди | уреди извор]
Крстева била омажена за Мишо Ратковиќ, а на возраст од 49 години останала бремена по што го родила синот Александар. Набргу, нејзиниот сопруг починал, така што таа се грижела за синот како самохрана мајка. Александар живеел со мајка си, а починал во септември 2022 година.[1]
Крстева починала на 9 јануари 2023 година во Скопје, а била погребана истиот ден на градските гробишта во Бутел.[2]
Театарски улоги[уреди | уреди извор]
Во 1960 година, Крстева се вработила во Драмски театар - Скопје, од 1964 до нејзиното пензионирање работела во Македонски народен театар - Скопје. Првата улога во МНТ ѝ била онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).[3]
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога |
1967 | Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија | |
1970 | Александра ТВ-филм | |
1973 | Илустриран ТВ Речник ТВ-серија | Стевка |
1975 | Простодушна љубов ТВ-серија | Николинка |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1978 | Шеќерна приказна ТВ-филм | |
1979 | Хихирику Радио-емисија | |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1981 | Милион маченици ТВ-филм | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1984 | Камчевци ТВ-серија | |
1984 | Хихирику - 5 години ТВ-серија | |
1985-1987 | Случки од животот ТВ-серија | Соседката |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | |
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | |
1990 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Варена |
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-филм | Ајше |
1991 | Поштар ТВ-филм | Мара |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Мара Попара |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | Баба Рога |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | Бабата |
1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1999 | Хихирику ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Веса |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | Мими |
2004 | Хихирику ТВ-серија |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Слободен печат, „Трагичната судбина на Катерина Крстева: Синот го роди на 49 години, тој почина четири месеци пред неа“ (пристапено на 17.1.2023)
- ↑ МНТ, „IN MEMORIAM - КАТЕРИНА КРСТЕВА (1941 - 2023)“ (пристапено на 17.1.2023)
- ↑ МНТ, IN MEMORIAM - КАТЕРИНА КРСТЕВА (1941 - 2023) (пристапено на 17.1.2023)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
https://4news.mk/in-memoriam-pochina-makedonskata-akterka-katerina-krsteva/