Дејан Лилиќ
| Дејан Лилиќ | ||
| Роден | 26 октомври 1974 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Занимање | глумец | |
Дејан Лилиќ (роден на 26 октомври 1974 во Скопје) — македонски театарски, филмски, телевизиски и гласовен глумец, како и телевизиски водител.[1] Тој бил директор на Македонскиот народен театар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Лилиќ бил роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Во 1997 година, тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1998 година, тој почнал да работи како глумец во Драмски театар Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски установи и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани. Од 2007 до 2010 година, тој бил уметнички директор на Драмскиот театар Скопје. Од 2010 до 2015 година, тој бил директор на Македонскиот народен театар. Бил водител на неколку емисии на Сител ТВ, А1 ТВ и Алфа ТВ. Меѓу последните телевизиски проекти како водител се: „Листа за триста” на Сител, „20 секунди” на Македонската телевизија, "РеТрн" на порталот Трн.мк и "Седмо небо" на Канал 5 Телевизија.
Поважни театарски улоги
[уреди | уреди извор]- Фестен, Михаел, од Томас Винтерберг, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2018
- Мајсторот и Маргарита, Мајсторот, р. Игор Алексов, МНТ 2015
- Ромео и Јулија, Ромео, од Вилијам Шекспир, р. Дејан Пројковски, „Охридско лето“, ДТС 2012
- Генетика на кучињата, Леоне, од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012
- Хамлет - Хамлет, од В. Шекспир, р. Дејан Пројковски, ДТС 2010
- Александар - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
- Томас Мор - Кинегонда во Карлаленд, р. Сашо Миленковски, ДТС 2009
- Фигаро - Фигаро се разведува, р. Куштрим Бектеши, МНТ 2008
- Mr. Blond – Касапски кучиња, р. Бојан Трифуновски, ДТС
- Мичо - Комшилук Наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС
- Иљо – Демонот од Дебармаало, р. Слободан Унковски, ДТС
- Помладиот брат – Превртач р. Јовица Павиќ, ДТС
- Челик – Купидона, р. Срѓан Јаниќиевиќ, ДТС
- Падрајк – Поручникот од Инишимор, р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Михајло – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС
- Тим – Everyman, р. Деан Дамјановски, ДТС
- Лени, Man with Golf Bat – Марисол, р. Владимир Милчин, ДТС
- Најдо – Стјуардеси, р. Коле Ангеловски, Истриони (Скопје)
- Кралот – Како се станува цар, р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Петар Николаевич – Магдо, љубов моја, р. Димитар Станковски, МНТ/Универзална сала
- Бато – Позитивно мислење, р. Димитар Станковски, ДТС
- Капетанот – Есперанца, р. Александар Чамински, ДТС
- Чарли – Собрани дела од Вилијам Шекспир,р. Златко Славенски, ДТС
- Вториот – Кутрите мали хрчки,р. Иво Лауренчиќ, ДТС / Идеја плус ДДБ
- Александар Велики ... - Macedoine-Odyssey 2001, р. Иван Поповски, ДТС/Народен театар Битола
- Војдан – Тетовирани души, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Стефан – Диво месо, р. Александар Поповски, ДТС
- Непознатиот – Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Жан Дестив – Јована Орлеанка, р. Љубиша Георгиевски, ДТС/ „Скопско лето“
- Шереф – Ферхад и Ширин, р. Ертан Јуџел, ДТС
- Иван Соловјов – Земјомер, р. Владимир Милчин, ДТС
- Креон – Антигона во техноленд, р. Галин Стоев, ДТС/ Berliner Festspiele
- Г-дин Алексиев – Македонски Фауст, р. Сашо Миленковски, Театар Бабилон/„Охридско лето“
- Флорино Аретуси – Арлекин, слуга на двајца господари, р. Коле Ангеловски, ДТС/„Скопско лето“
- Керубин – Свадбата на Фигаро, р. Коле Ангеловски, ДТС/„Охридско лето“
- Промотер – 7 против Теба, Млад отворен театар/ Norway Theater Group
- Спасе – Fuck you, р. Искра Стојковска, ДТС
- Бил - The Lover (Sure Thing), р. Зоја Бузалковска, ДТС
- Eternal travel – кореодрама, кореограф Искра Шукарова, МНТ
- Кристофер Махон – Заводникот од западниот свет, р. Коле Ангеловски, ДТС
- Ојдипус – Ојдипус Тиранос, р. Зоја Бузалковска, ДТС/„Скопско лето“
- Мртвиот глумец – Среќата е нова идеја во Европа, р. Владо Цветановски, ДТС
- Брада – Ова не е американски филм, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Валентин – Фауст, р. Ѓорѓи Јолевски, ДТС/Неформална театарска група – Квартет
- Моровов, Свештеникот, ... – Фурка,р. Дритро Касапи, ДТС/ФДУ
- Гонзаго и Зигфрид – Дона Хуана, р. Коле Ангеловски, ДТС
- Алрекин – Каменот на мудроста, р. Југослав Петровски, МОТ
- Стево, Ефто – Часови по лудило, р. Зоја Бузалковска, ФДУ
- Томас Мор - Кинегонда од Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2008
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Филмографија на глумецот Дејан Лилиќ | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Год. | Назив | Улога
|- style="background: Lavender; text-align:center; " |
1990-ти▲ | |||
| 1997 | Џипси меџик ТВ филм | UN војник | ||||
| 2000-ти▲ | ||||||
| 2001 | Одмазда ТВ филм | Насте | ||||
| 2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | Принцот | ||||
| 2002 | Заведени ТВ серија | |||||
| 2002 | Наше маало ТВ-серија | Тренер | ||||
| 2003 | Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија | Дамјан | ||||
| 2006 | Американецот ТВ филм | |||||
| 2007 | Досие-К ТВ филм | Инспектор Диме | ||||
| 2010-ти▲ | ||||||
| 2010 | Пилот ТВ-филм | Дамјан | ||||
| 2011 | Трето па машко ТВ филм | Тони | ||||
| 2012 | Скопје ремикс ТВ филм | |||||
| 2012 | Betrayal ТВ филм | |||||
| 2013 | Тиквешко востание ТВ-серија | |||||
| 2013 | Тврдокорни ТВ филм | Николај | ||||
| 2014 | Кум ТВ-серија | Душан | ||||
| 2015 | 12 мајмуни ТВ филм | Таксист | ||||
| 2015 | Лазар ТВ филм | Тони | ||||
| 2016 | Ослободување на Скопје ТВ филм | Милчо | ||||
| 2017 | Коливо краток филм | Сотир | ||||
| 2017 | Фамилијата Марковски ТВ серија | др. Горан | ||||
| 2017 | На терапија ТВ серија | Татко на Ивана | ||||
| 2017 | Инсајдер ТВ серија | Драган | ||||
| 2017 | Допир краток филм | |||||
| 2017 | Црно и бело краток филм | Татко | ||||
| 2017 | Македонија ТВ-серија | |||||
| 2018 | Сонот на крвта и душата ТВ филм | Марко | ||||
| 2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Внукот | ||||
| 2020-ти▲ | ||||||
| 2020 | Стела ТВ-филм | Александар | ||||
| 2020 | Хомо ТВ-филм | Дамир | ||||
| 2021 | Кино „Љубов“ ТВ-филм | Коста | ||||
| 2022 | Си беше еднаш еден звук (ВИРТУОСО) ТВ-филм | Дамјан | ||||
| 2022 | Кајмак ТВ-филм | Јоаким | ||||
| 2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Дамјан | ||||
| 2025 | Бунтовната Принцеза ТВ-филм | Кезабаор | ||||
| 2026 | Збогум, Копакабано ТВ-филм | Миле Рабит | ||||
Награди
[уреди | уреди извор]- 2012, Награда за најдобра споредна машка улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
- 2011, Награда „Љубомир Муца Драшкиќ“ за најдобар глумец на вечерта на меѓународниот театарски фестивал „Муцијеви дани“, Театар „Атеље 212“, Белград, Србија, за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2011, Златна награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ р. Дејан Пројковски, на биеналниот Меѓународен театарски фестивал „Глумбал“ во Ниш
- 2011, Награда за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2010 Награда за најдобар глумец за претставата „Хамлет“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2010
- 2010 Награда „Златна маска“ во Светот на успехот - Препознаени и признаени од граѓаните на Р Македонија
- 2010 Награда „Златна Бубамара на популарноста“
- 2009 Награда за најдобар глумец за претставата „Александар“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“,
- 2006 Награда „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица за улогата на Помалиот брат во претставата „Превртувач“ од Ненад Вујадиновиќ, во режија на Јовица Павиќ
- 2004 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 2004 Награда за најдобро глумечко остварување на 39-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин
- 2001 Награда за најдобро глумечко остварување на 36-от МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп за улогата на Стево во претставата „Диво месо“ и улогата во претставата „Кандид во земјата на чудата“
- 2001 Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Александар Македонски во претставата „Мацедоине- Одисеја 2001“ која ја доделува весникот „Вечер“
- 2000 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 1998 Награда за најдобра епизодна улога во претставата „The lover“ од списанието „Екран“
- 1997 Прогласен за млад глумец на годината според списанието „Екран“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Борче (19 септември 2006). „РАЗГОВОР: ДЕЈАН ЛИЛИЌ - ВРВЕН АКТЕРСКИ МАЈСТОР „Сонот треба да се одработи"“. Вечер. Посетено на 2010-04-14.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Филмографијата на Лилиќ
- Лилиќ на[мртва врска] страната на Македонскиот информациски филмски центар
- Официјален обожавателски клуб на Дејан Лилиќ
- Дејан Лилиќ на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)