Јани Бојаџи
| Јани Бојаџи | ||
| Роден | 18 јули 1970
Струмица, СР Македонија, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Познат | по режија на: Ругање со Христос Вистинска љубов Болка на душата | |
| Занимање | режисер, сценарист | |
Јани Бојаџи (р. 18 јули 1970 во Струмица) — македонски режисер, продуцент и сценарист. Од 2019 година, е директор на Телевизија Алфа.
Бојаџи, својата кариера како режисер ја започнува во Народниот театар „Антон Панов“ - Струмица. Одреден период, бил вработен во Драмски театар - Скопје како режисер. Има режирано претстави и во театрите низ Македонија, во Народен театар - Штип, Театар Куманово, Велешкиот театар и други театарски куќи.
Во 2013 година, тој се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот Македонски народни приказни и играни и документарни филмови, и таму работел до 2017 година.
Тој е режисер и нашишал сценарио на филмовите: Ругање со Христос, Вистинска љубов, Кино „Љубов“ и телевизиски серии: Бистра вода, Болка на душата и Утре наутро
Од 2020 година, е редовен професор за филм и телевизија на Универзитетот Еуропа Прима.
Во март 2023 година, Бојаџи бил основач на платформата „Кинемое" која е наменета за македонска продукција за филмови и серии.
Тој е директор на Фестивалот „Преку езерото“, кој се одржува еднаш годишно во Дојран од 2023 година.
Во јануари 2025 година, во Кинотека на Македонија ја промовира неговата книга "Гледна точка". [1]
Бојаџи, има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Бојаџи ги режирал следните филмови:[2]
| Година | Филм | Канал |
| 2010 | Крајот на светот ТВ-филм | Наша ТВ |
| 2010 | Пилот ТВ-филм | МРТ 1 |
| 2013-2017 | Македонски приказни ТВ-серија | Канал 5 |
| 2014 | Последниот македонски пророк Документарен филм | МРТ 1 |
| 2014 | Среќна Нова 1903 ТВ-филм | Канал 5 |
| 2015 | Бела ноќ ТВ-филм | Канал 5 |
| 2016 | Вистинска љубов ТВ-филм | Канал 5 |
| 2016 | Болка на душата ТВ-серија | Канал 5 |
| 2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | Алфа ТВ |
| 2022 | Кино „Љубов“ ТВ-филм | Кинемое |
| 2023 | Бистра вода ТВ-серија | Алфа ТВ |
| 2025 | Утре наутро ТВ-филм | Кинемое |
| 2025 | Утре наутро ТВ-серија | Алфа ТВ |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Промоција на книга "Гледна точка" на Јани Бојаџи“. Независен. Посетено на 19 јануари 2024.
- ↑ „Jani Bojadzi“. IMDb. Посетено на 4 февруари 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јани Бојаџи на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)