Чезаре Бенедети (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чезаре Бенедети
Бенедети на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело име Чезаре Бенедети
Роден 3 август 1987 (1987-08-03) (31 г.)
Роверето,  Италија
Податоци за клубот
Мом. клуб Бора-Хансгрое
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2006–2008
2009
2009
ГС Гавардо Текмор
Де Нарди
Ликвигас (стажант)
Професионални клубови
2010– Тим НетАп
Последна промена
10 јануари 2018

Чезаре Бенедети (италијански: Cesare Benedetti; р. 3 август 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Бенедети станал професионалец во 2010, настапувајќи за екипата Тим НетАп откако е професионалец. Исто така бил член на екипите ГС Гавардо Текмор и Де Нарди како аматер и ја поминал втората половина на сезоната 2009 како стажант во екипата Ликвигас.[2] Бенедети и Тим НетАп го имал нивното деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012,[3] каде Бенедети ги надминал очекувањата на екипата со етапен пласман во првите десет,[4] заземајќи го петтото место на шестата етапа на трката.[5] Бенедети бил дел од бегството на единаесет возачи на почетокот на етапата, но откако се одвоил возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано, Бенедети останал со други тројца возачи до крајот на етапата.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
2. Гран Премио Спортиви Поденцано
3. Трофео Чита ди Бреша
3. Трофео ФТП Тапаро
4. Гран Премио Индустрија Комерчо Артиџанато - Ботичино
4. Тарга д’Оро Чита ди Лењано
9. ГП Палио дел Речото
2008
1. Трофео Едил Ц
2. Копа Стињани
2. Трофео Филтри
3. Милано-Бусето
4. Копа Кадути ди Реда
5. Трофео Г.С. Гавардо Текмор
5. Медалја Оро Анџело Фумагали
9. ГП Чита ди Фелино
2009
2. Трофео Банка Пополаре Пива
3. Гран Премио Сан Луиџи
6. Краен пласман Џиробио
8. Чита ди Конелјано
9. ГП Инда
10. Трофео Еко дел Чизоне
2010
1. Пломбиер
8. Меморијал Филип ван Конингсло
2011
8. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовских
2012
1. Етапа 2b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2016
1. Jersey green.svg Планински пласман Тирено-Адријатико
7. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
10. Трка Руди Алтиг

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 107 115
Jersey yellow.svg Тур 128
Jersey red.svg Вуелта 93 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Team NetApp (APP) - GER“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/ucinet/default.asp?page=UCITeamsdetail&discipline=ROA&continent=ALL&teamscategory=&teamstype=PCT&year=2012&teamnameid=3353&npage=&search=&l=ENG. посет. 12 мај 2012 г. 
  2. Cesare Benedetti (UCB) sarà stagista alla Liquigas-Doimo“, „BiciBG“, Duemilacom S.r.l., 10 јули 2009 (посет. 12 мај 2012 г). (на италијански)
  3. Highly-motivated Team NetApp takes aim at Giro d'Italia“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 април 2012 (посет. 12 мај 2012 г).
  4. A quick chat with Cesare Benedetti“, „Тим НетАп“, NetApp Deutschland GmbH, 12 мај 2012 (посет. 12 мај 2012 г).
  5. Робинсон, Марк. „Rubiano solos to Giro d'Italia stage win in Porto Sant'Elpidio“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 мај 2012 (посет. 12 мај 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]