Емануел Бухман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емануел Бухман
Бухман на националното друмско првенство 2015
Лични податоци
Цело имеЕмануел Бухман
Роден18 ноември 1992 (1992-11-18) (26 г.)
Равенсбург,  Германија
Висина1,81 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotAllemania.svg Национален друмски првак (2015)
Последна промена
4 март 2019

Емануел Бухман (германски: Emanuel Buchmann; р. 18 ноември 1992 во Равенсбург) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Во 2015 година го освоил националното друмско првенство. Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015,[2] за Тур де Франс 2016,[3] за Тур де Франс 2017 и за Вуелта а Еспања 2017.

Кариера[уреди | уреди извор]

Бора-Аргон 18 (2015-денес)[уреди | уреди извор]

2015[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Бухман ги победил силните германски спринтери на националното друмско првенство, кога нападнал од водечката група.[4] Во текот на подоцнежниот Тур де Франс завршил на солидното трето место на етапа која завршувала на Кол ди Турмале.[5]

2017[уреди | уреди извор]

По тивката сезона 2016 завршил десетти на Тур де Романди 2017 го изгубил местото од подиумот дури во завршниот хронометар на трката.[5] Потоа, Бухман завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач на Критериум ди Дофине 2017, една од главните трки за подготовка за Тур де Франс. Во текот на последната етапа завршил пред Крис Фрум, Алехандро Валверде и Алберто Контадор. Бухман изјавил по етапата дека бил почестен што успеал „да остане со најдобрите“ на трката.[6] На националното првенство една недела подоцна, Бухман му помогнал за победа на колегата Маркус Бургхарт, завршувајќи на второто место.[7] Неговата форма малку опаднала за време на Тур де Франс, каде бил одреден да работи за лидерот Рафал Мајка, кој се повлекол рано на трката.[8] На крајот завршил на 15. место.[9]

2018[уреди | уреди извор]

Бухман ја отворил сезоната силно, со 10. место на Трката Абу Даби. Потоа следел неговиот најдобар резултат во кариерата, четврто место на Трката околу Баскија. Завршил на 9. место на Тур де Романди и на 18. место на Трката околу Франкфурт. На Критриум ди Дофине во јуни, Бухман завршил на шестото место во генералниот пласман, повторувајќи го силниот настап од претходната година. Нападнал бројни пати на последната етапа, но бил достигнуван и ја завршил етапата како четврти.[10] Бил избран да вози на Вуелта а Еспања 2018.[11] Бил добар на воведните етапи. На четвртата етапа ја нападнал групата на фаворити на завршното искачување, добивајќи време во однос на нив и се искачил на второто место во генералниот пласман, на седум секунди зад предводникот на трката.[12]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
9. Трка околу Фландрија за јуниори
10. Краен пласман Тур ди Валроми
2012
6. Краен пласман Трка околу Азербејџан
2014
3. Краен пласман Околу Јужна Чешка
1. Етапа 3
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
7. Краен пласман ГП Каподарко
7. Национално хронометарско првенство под 23 години
8. Краен пласман Трка околу Азербејџан
8. Краен пласман Тур Мзанси
2015
1. MaillotAllemania.svg Национално друмско првенство
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
2016
4. Трка Руди Алтиг
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
2017
2. Национално друмско првенство
6. Трофео Сера де Трамунтана
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка на Алпите
10. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2018
4. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Краен пласман Трка околу Полска
9. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Трка Абу Даби
2019
1. Трофео Андрат-Љосета
2. Трофео Сера де Трамунтана
4. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите на трките[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 83 21 15
Jersey red.svg Вуелта 65 12
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018
Jersey yellow.svg Париз-Ница СО
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 66
MaillotVolta.png Волта а Каталуња
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 13 4
Jersey yellow.svg Тур де Романди 10 9
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 32 20 7 6
Jersey yellow.svg Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Емануел Бухман". Pro Cycling Stats. конс. 14 март 2015. 
  2. "Стартна листа на Тур де Франс 2015". Velo News. конс. 2 јули 2015. 
  3. "2016 > 103rd Tour de France > Startlist". ProCyclingStats. конс. 30 јуни 2016. 
  4. "Buchmann wins German national road race". cyclingnews.com. 28 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. конс. 9 октомври 2017. 
  5. 5,0 5,1 Мустроф, Том (2 јули 2017). "Der Kletterer aus der Schreinerei" (германски). Die Tageszeitung. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. конс. 9 октомври 2017. 
  6. Кнут, Јоханес (27 јуни 2017). ""Ich bin nun bei den Allerbesten angekommen"" (германски). Süddeutsche Zeitung. конс. 9 октомври 2017. 
  7. "Burghardt claims German road race title". cyclingnews.com. 25 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. конс. 9 октомври 2017. 
  8. Вебер, Јоша (19 јули 2017). "Tour de France rising star Emanuel Buchmann on the 'brutal' Alpine stretches". Deutsche Welle. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. конс. 9 октомври 2017. 
  9. Леополд, Јерг (21 јули 2017). "Die Deutschen bei der Tour de France" (германски). Der Tagesspiegel. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. конс. 9 октомври 2017. 
  10. "Buchmann fährt zufrieden vom Critérium du Dauphiné nach Hause". radsport-news.com ((германски)). 11 јуни 2016. конс. 12 јуни 2018. 
  11. "Peter Sagan confirmed for Vuelta a Espana". cyclingnews.com. 17 август 2018. конс. 22 август 2018. 
  12. Рајан, Бери (28 август 2018). "Vuelta a Espana: Ben King wins stage 4". cyclingnews.com. конс. 28 август 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]