Питер Кенох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Питер Кенох
Лични податоци
Цело имеПитер Кенох
ПрекарПит
Роден15 јуни 1989 (1989-06-15) (30 г.)
Даглас, Ман,  Обединето Кралство
Висина1,73 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист во искачување
Аматерски клубови
2007
2008
2009
Пинарело РТ
Гленден
100% Ми
Професионални клубови
2010–2017
2018-
Тим Скај
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2016)

Етапни трки

Сетимана Копи & Бартали (2014)
Трка околу Австрија (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotReinoUnido.PNG Национален друмски првак (2014, 2015)
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (2016)
Последна промена
19 јануари 2019

Питер Кенох МБЕ (англиски: Peter Kennaugh; р. 15 јуни 1989 во Даглас) — мански професионален велодромски и друмски велосипедист,[1] кој моментално вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[2]

Во 2012 година го освоил златниот медал како дел од британскиот состав на дисциплината екипната потера на Летните олимписки игри 2012 станувајќи првиот Манец во 100 години кој освоил злато.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ран живот и кариера[уреди | уреди извор]

Роден е во Даглас. Неговиот помлад брат, Тим и неговиот татко се исто така велосипедисти. Мајката на Питер, Џеки, исто така возела велосипед и во минатото го држела рекордот на 10 милји хронометар на островот Ман.[4] Започнал со трки во BMX на возраст од шест години.[5]

Станал член на олимписката академија на британската велосипедистичка федерација во 2008 година, преселувајќи се со остатокот од екипата да живее во Тоскана, Италија.[6] Во 2008 година завршил втор на националното друмско првенство, со штака станал британски првак под 23 години. Во февруари 2009 година станал британски медисон првак заедно со Марк Кристијан.[7]

На 9 септември 2009 година било објавено дека Кенох ќе стане професионален возач во 2010 година, возејќи за новата професионална британска екипа Тим Скај.[8][9]

Бил опишан од Cycling Weekly како „најталентираниот младинец кој излегол од островот Ман зад неговиот пријател и познатиот спринтер Марк Кевендиш“.[6]

Тим Скај (2010–17)[уреди | уреди извор]

2010[уреди | уреди извор]

Во 2010 година се насочил на велодромскиот велосипедизам, освојувајќи ги трките индивидуална потера и скреч на националните велодромски првенства. Завршил втор зад колегата од Скај, Герајнт Томас, на националното друмско првенство. Кенох го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, но Скај се повлекол по смртта на помошникот на екипата Чема Гонзалес.[10]

2011[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Кенох бил замена во последната минута за Серж Паувелс на Џиро д’Италија[11] и завршил на 86. место на неговиот прв настап на Џиро. Кенох завршил трет на Рут ду Суд, но не бил избран за Тур де Франс 2011. Завршил на третото место зад колегите Бредли Вигинс и Герајнт Томас во националното друмско првенство.[12] Во август, завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Полска.[13]

2012[уреди | уреди извор]

Во 2012 година започнал да се насочува на велодромскиот велосипедизам. Бил дел од британскиот состав за екипна потера кој поставил нов светски рекорд од 3:53,295 секунди и го освоил златото на Светското велодромско првенство на 4 април 2012 година во Мелбурн.[14] Меѓутоа, тоа достигнување било подобрено на 3 август кога бил дел од британската репрезентација за екипна потера заедно со Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Бурк, кои не само што го освоиле златниот медал на Летните олимписки игри, туку и со време од 3:51,659, го засениле својот светски рекорд кои го поставиле во квалификациите.[15][16] Кенох бил првиот Манец кој го освоил олимпиското злато од 1912 година.

Кенох бил прогласен за член на Редот на Британската империја (MBE) во новогодишните прогласување 2013 година за заслуги во велосипедизмот.[17][18]

2013[уреди | уреди извор]

Кенох на петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2013

Кенох целосно се насочил на друмскиот велосипедизам во 2013 година. Одиграл важна улога во победата на Крис Фрум на Трката околу Оман во февруари. Кенох бил дел од екипата на Скај која го освоила екипниот хронометар на Џиро дел Трентино во април, но не бил избран да вози на Џиро д’Италија. Наместо тоа, Кенох победил на Линколн гран при пред да биде клучен помошник на планините за Фрум и Ричи Порт кои однеле победа 1-2 на Критериум ди Дофине во јуни. Бил избран да вози на Тур де Франс по прв пат. На осмата етапа, Кенох одиграл клучна улога во етапната победа на Крис Фрум помагајќи му да го достигне опасниот потег на Наиро Кинтана. Меѓутоа, на следната етапа, Кенох бил вклучен во драматичен пад откако Рајдер Хесједал,[19] возач на Гармин-Шарп, удрил во него, испраќајќи го во ендекот и вегетацијата покрај патот. Иако Кенох не бил лошо повреден, изгубеното време го спречило да ги следи нападите по што Фрум останал целосно сам.[20]

2014[уреди | уреди извор]

Кенох возел за островот Ман на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов

Кенох ја освоил својата прва индивидуална професионална победа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали во март, освојувајќи ја втората етапа, откако се одвоил на последното искачување со Франческо Бонџорно од екипата Бардијани-ЦСФ и го претекнал за победа. Кенох ја освоил трката со 12 секунди предност пред колегата Дарио Каталдо, кој имал 48 секунди предност пред завршниот 10-километарски индивидуален хронометар.

Во мај 2014 година, Кенох го срушил хронометарскиот рекорд на 10 милји на островот Ман од 2007 година држен од Марк Кевендиш, поставувајќи нов рекорд од 19м 38,982с.[21] Кенох го освоил националното друмско првенство на 29 јуни, претекнувајќи го колегата од Скај, Бен Свифт.[22] И покрај добрата форма, Кенох не бил избран за Тур де Франс, наместо тоа возел на Трката околу Австрија, каде ја освоил првата етапа и ја носел водечката маичка на остатокот од трката, стигнувајќи до втора победа на етапна трка во сезоната.[23] Потоа, Кенох настапил за островот Ман на Комонвелтските игри во Глазгов, освојувајќи сребрен медал на бодовната трка во велодромскиот велосипедизам[24] и осмото место на друмската трка по долгото соло бегство.[25] Кенох возел на Вуелта а Еспања, помагајќи му на Крис Фрум да заврши втор.

2015[уреди | уреди извор]

Кенох на Тур де Франс 2015 во дресот како национален првак.

Кенох ја освоил воведната етапа на Критериум ди Дофине по нападот на последното искачување и одржувајќи се пред главната група за две секунди на спустот до завршницата во Албервил.[26] Кенох го изгубил водството во трката по екипниот хронометар на третата етапа, но потоа му помогнал на Фрум да ја освои трката.

Во јуни го освоил националното друмско првенство, оддалечувајќи се од Марк Кевендиш на последното калдрмисано искачување[27] и станал прв возач кој успешно ја одбранил титулата од Роџер Хамонд во 2004 година.[28] Бил избран да вози на Тур де Франс 2015, но се разболел и се повлекол на шеснаесеттата етапа.[29]

Во септември, Кенох го урнал хронометарскиот рекорд на Крис Бордман од 1993 година поставен на хронометарската патека на островот Ман за шест секунди.[30]

2016[уреди | уреди извор]

Кенох ја започнал сезоната во Австралија во јануари. По учеството на Тур Даун Андер, ја освоил Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ откако нападнал од мала група на завршното искачување и се одржал 12 километри до целта пред другите. Завршил шест секунди пред групата од 19 возачи.[31] Следната недела, Кенох возел на Хералд Сан Тур. На втората етапа, кога тој и колегата Крис Фрум и се одвоиле поминувајќи ја целта 17 секунди пред другите; Кенох ја освоил етапата и повел на трката. Следните две етапи завршиле во спринтови, каде што Кенох го зголемил своето водство. На завршната етапа, Фрум нападнал на претпоследното искачување и повторно на завршното искачување, освојувајќи ја етапата и целата трка. Кенох бил втор со 29 секунди зад него.

ВО мај, Кенох паднал на третата етапа на Трката околу Калифорнија, при што ја скршил клучната коска.[32] Кенох првично бил вклучен во репрезентацијата на Обединетото Кралство на Летните олимписки игри, меѓутоа, во јули 2016 година се повлекол наведувајќи недостиг на форма, што му дозволило на етапниот победник на Тур де Франс, Стив Камингс да го заземе неговото место.[33]

Кенох бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања. Тим Скај го освоил воведниот екипен хронометар и Кенох бил прв возач кој поминал преку целта, со што ја презел водечката црвена маичка, прв пат кога повел на некоја голема трка во неговата кариера.[34]

2017[уреди | уреди извор]

Во јуни, Кенох ја освоил седмата етапа на Критериум ди Дофине, станувајќи првиот британски возач кој освоил етапа на Алп д’Ез.[35] Меѓутоа, не бил вклучен во составот на Тим Скај за Тур де Франс 2017.

Бора-Хансгрое (2018-)[уреди | уреди извор]

2018[уреди | уреди извор]

Во август 2017 година било објавено дека го напушта Скај и дека ќе се приклучи на Бора-Хансгрое со двегодишен договор од 2018.[2][36]

Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018.[37]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
Светски јуниорски велодромски првенства
1. Скреч
3. Екипна потера
1. Екипна потера Европско јуниорско велодромско првенство
2. Јуниорска Трка околу Велс
2007
Европски јуниорски велодромски првенства
1. Екипна потера
2. Скреч
1. Екипна потера Европско велодромско првенство под 23 години
1. Куп на UIV, Шест дена Гент (со Адам Блајт)
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско друмско првенство
1. Национална јуниорска друмска серија
3. Јуниорска Трка околу Велс
2008
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. Трофео Интернационале Бастијанели
1. ГП Каподарко
1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
1. Куп на UIV, Шест дена Берлин (со Џонатан Белис)
1. Куп на UIV, Шест дена Копенхаген (со Џонатан Белис)
2. Гран при Велс
2009
1. Национално медисон првенство (со Марк Кристијан)
Светски велодромски куп 2008–2009
1. Екипна потера, Балеруп
2. Медисон, Пекинг
3. Краен пласман Џиробио
1. Етапа 3
4. Светско друмско првенство под 23 години
8. Трофео Интернационале Бастијанели
2010
Национални велодромски првенства
1. Скреч
1. Индивидуална потера
2011
Национални велодромски првенства
1. Медисон (со Лук Роу)
1. Бодовна трка
3. Краен пласман Рут ду Суд
5. Краен пласман Трка околу Полска
2012
1. Gold medal.svg Екипна потера, Олимписки игр
1. Jersey rainbow.svg Екипна потера, Светско велодромско првенство
2013
1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино
2014
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално друмско првенство
1. Jersey green.svg Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 1b (ТТТ)
1. Етапа 2
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
2. Silver medal blank.svg Бодовна трка, Комонвелтски игри
8. Друмска трка, Комонвелтски игри
10. Краен пласман Трка околу Баварија
2015
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално друмско првенство
1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
9. Океанска друмска трка Кедел Еванс
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2016
1. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 1
5. Краен пласман Вуелта а Бургос
2017
1. Етапа 7 Критериум ди Дофине
2. Шест дена Лондон (со Марк Кевендиш)
4. Национално друмско првенство
2018
1. Гран При Пино Черами
3. Тре Вали Варезине

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 87 СО
Jersey yellow.svg Тур 77 СО
Jersey red.svg Вуелта СО 71 42

СО = се откажал; — = не учествувал

Светски рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Рекорд Датум Настан Велодром Забелешки
Екипна потера 3:53,295 4 април 2012 Светско првенство Хајсенс Арена [14]
3:52,499 2 август 2012 Олимписки игри Лондонски велопарк [15]
3:51,659 3 август 2012 [16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Raise Your Game> Dedication> 2012> Питер Кенох“. BBC. конс. 15 септември 2009. 
  2. 2,0 2,1 Бенсон, Даниел (1 август 2017). „Peter Kennaugh signs two-year deal with Bora Hansgrohe“. cyclingnews.com. конс. 1 август 2017. 
  3. Питер Кенох освои злато, извештај на Isle of Man Today
  4. „Marie Purvis: British Legend“. Cycling Weekly. 1 јули 2014. 
  5. "Cycling" to London — Notes on the British rider Peter Kennaugh“. 2008–2009 UCI Track Cycling World Cup Classics. 17 јануари 2009. 
  6. 6,0 6,1 Енди Мекграт (11 август 2009). „Питер Кенох: Профил“. Cycling Weekly. 
  7. Енди Џонс (22 февруари 2009). „Кенох и Кристијан до национална медисон титула“. Cycling Weekly. 
  8. Ричард Ален (9 септември 2009). „Питер Кенох именуван во екипата на Тим Скај“. Isle of Man Today. 
  9. Скај Просајклинг (SKY) – ВБР“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (посет. 14 јануари 2013 г).
  10. Галагер, Брендан. „Вуелта а Еспања 2010: Тим Скај се повлекува од трката по смртта на помошникот“, „The Daily Telegraph“, 4 септември 2010.
  11. Вил Ирвин. „Кенох го замени Паувелс во составот на Скај на Џиро“. Cycling Weekly. конс. 9 август 2012. 
  12. Најџел Вин. „Бредли Вигинс стана британски национален првак“. Cycling Weekly. конс. 9 август 2012. 
  13. „Саган ја освои Полска“. Sky Sports. 6 август 2011. конс. 21 јули 2013. 
  14. 14,0 14,1 Track Worlds: Great Britain beat Australia with world record“, „BBC Sport“, BBC, 4 април 2012 (посет. 28 јуни 2015 г).
  15. 15,0 15,1 London 2012 Olympics: GB pursuit quartet demolish world record in heats“, „The Daily Telegraph“, TMG, 2 август 2012 (посет. 28 јуни 2015 г).
  16. 16,0 16,1 Беван, Крис. „BBC Sport – Olympics cycling: Team GB defend men's pursuit title“, „BBC Sport“, BBC, 3 август 2012 (посет. 9 август 2012 г).
  17. No. 60367. 29 December 2012. https://www.thegazette.co.uk/London/issue/60367/page/  London Gazette uses unsupported parameters (help)
  18. [1]
  19. „Twitter / ryder_hesjedal: @Petekennaugh sorry for the“. Twitter.com. конс. 10 јули 2013. 
  20. Мајк Дос (31 мај 2013). „Tour de FRance: Team Sky rider takes a tumble down cliff after being clipped from behind“. Dailymail.co.uk. конс. 10 јули 2013. 
  21. Вин, Најџел (23 мај 2014). „Питер Кенох го сруши хронометарскиот рекорд на 10 милји на островот Ман на Марк Кевендиш“. Cycling Weekly. конс. 3 јули 2014. 
  22. „Питер Кенох го претекна Бен Свифт за победа на британското друмско првенствоs“. Cycling Weekly. 29 јуни 2014. 
  23. „Питер Кенох ја освои Трката околу Австрија“. Cycling Weekly. 13 јули 2014. 
  24. „Глазгов 2014: Медалот на Питер Кенох донесе „измешани емоции““. BBC Sport. 
  25. Даниел Бенсон. „Cavendish salutes Kennaugh’s gutsy ride in Commonwealth Games“. Cyclingnews.com. 
  26. Peter Kennaugh escapes lead group to win Dauphine kickoff“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 7 јуни 2015 (посет. 7 јуни 2015 г).
  27. Питер Кенох ја задржа британската друмска титула по блиската борба со Марк Кевендиш“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 28 јуни 2015 (посет. 28 јуни 2015 г).
  28. „Kennaugh hopes British title won't be overshadowed by Tour de France ommission“. Сyclingnews.com. 29 јуни 2015. конс. 29 јуни 2015. 
  29. Reuters Editorial (20 јули 2015). „Sky's British champion Kennaugh withdraws from Tour de France“. Reuters. 
  30. Кларк, Стјуарт (29 септември 2015). „Питер Кенох го сруши 22 години стариот рекорд на Крис Бордман на островот Ман“. Cycling Weekly. конс. 29 септември 2015. 
  31. Peter Kennaugh wins Cadel Evans Great Ocean Road Race“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 31 јануари 2016 (посет. 12 февруари 2016 г).
  32. http://www.cyclingnews.com/news/kennaugh-out-of-tour-of-california-with-broken-collarbone/
  33. „Rio 2016: Steve Cummings replaces Peter Kennaugh in GB road race team“. BBC Sport. конс. 19 јули 2016. 
  34. http://www.cyclingnews.com/news/kennaugh-gains-first-grand-tour-lead-of-career-in-vuelta-a-espana/
  35. Pete Kennaugh wins ahead of Ben Swift on Alpe d'Huez on Critérium du Dauphiné stage seven“, „Cycling Weekly“, 10 јуни 2017 (посет. 12 јуни 2017 г). (на (англиски))
  36. „Peter Kennaugh to leave Team Sky for Bora Hansgrohe“. Eurosport. 1 август 2017. конс. 1 август 2017. 
  37. Tour Down Under preview“, Cyclingnews.com, 7 јануари 2018 (посет. 8 јануари 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]