Адам Блајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адам Блајт
Блајт на Три дена Де Пане 2015
Лични податоци
Цело имеАдам Мајкл Блајт
ПрекарТајрон (Tyrone)[1]
Роден1 октомври 1989 (1989-10-01) (29 г.)
Шефилд,  Обединето Кралство
Висина1,75 м[1]
Маса68 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Судал
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови

2007
јан/фев 2008
март 2008–
крај на 2008
2009
2009
Шефилд Феникс
СајансинСпорт-Трек
Пинарело
Вилерклуб Дес Спринтерс Малдерен
Коника Минолта
DAVO
Сајленс-Лото (стажант)
Професионални клубови
2010–2011
2012–2013
2014
2015
2016
2017-2018
2019-
Омега Парма-Лото
БМЦ Рејсинг Тим
НФТО Про Сајклинг
Орика-ГринЕЏ
Тинкоф
Аква Блу Спорт
Лото-Судал
Значајни победи
Етапни трки
Сиркут Франко-Белж (2010)

Еднодневни трки и класици

MaillotReinoUnido.PNG Национален друмски првак (2016)
Национале Слујтингспрејс (2010)
Бинше-Турне-Бинше (2012)
Лондон-Сари Класик (2014)
Последна промена
24 февруари 2019

Адам Мајкл Блајт (англиски: Adam Michael Blythe; р. 1 октомври 1989) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[2]

Блајт започнал со велосипедизам уште од најрана возраст и станал член на олимписката развојна екипа на британската велосипедска федерација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Аматерска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Шефилд, Блајт започнал со велосипедизам на рана возраст во клубот Шефилд Феникс. Велосипедизмот бил семејна активност, неговата сестра Кимберли Блајт била исто така доста успешна како млад возач.

Блајт станал јуниорски спортист на годината од Дарбишир во изборот на годишните награди за спортист на годината во Источен Мидлендс во 2005.[3]

Блајт ја напуштил академијата во февруари 2008 и заминал да се трка во Белгија.[4] Останал со поранешниот професионален велосипедист, Тим Харис, во Вестмербек, близу Антверпен. Блајт ја добил стипендијата од Cycling Time Trials со цел настап на континентот и понатамошен развој. Настапувал за Вилерблуб Дес Спринтерс Малдерен, што е помошен клуб за некоја професионална екипа.[5]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Блајт се вратил во Белгија да вози за екипата ДАВО во 2009, под надзорот на Курт ван дер Вувер, поранешен професионален велосипедист.[6] Се приклучил на професионалната екипа Сајленс-Лото како стажант во јули 2009,[7] додека на 7 септември 2009 потпишал двегодишен договор со Сајленс-Лото поради добрите резултати за екипата.[8][9]

Во 2012 година, Блајт го следел неговиот колега и близок пријател Филип Жилбер во приклучувањето во БМЦ Рејсинг Тим.[10] Во октомври 2012, Блајт спринтал до победа на полукласикот Бинше-Турне-Бинше.[11]

Во 2014 година Блајт ќе вози за новата британска екипа НФТО.[12] Во 2015 година ќе ја промени екипата и ќе настапува за Орика-ГринЕЏ.[13] По една сезона, во август 2015 година било објавено дека Блајт ќе премине во Тинкоф-Саксо за сезоната 2016, каде повторно ќе се спои со спортскиот директор Шон Јејтс, кој работел со Блајт во текот на неговиот период во НФТО.[14]

Откако Тинкоф се распаднал на крајот на 2016 година, Блајт се приклучил на екипата Аква Блу Спорт во нивната прва сезона.[15][16]

По соопштението дека се распаѓа Аква Блу Спорт, во септември 2018 година Блајт објавил дека ќе се врати во Лото-Судал за сезоната 2019, поврзувајќи се со поранешниот колега од Орика-ГринЕЏ, Кејлеб Јуан, како дел од неговиот спринтерски воз, со дополнителна улога како помошник за класиците.[17]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Моментално живее во Монако.[18]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2005
1.  Обединето Кралство Национални велодромски првенства под 16 години - Индивидуална потера
1.  Обединето Кралство Национални велодромски првенства под 16 години - Скреч
2. Национални јуниорски велодромски првенства - Скреч
2. Национални велодромски првенства под 16 години - Бодовна трка
3. Национални велодромски првенства под 16 години - 500 метри хронометар
2006
1.  Европска Унија Европски јуниорски велодромски првенства - Екипна потера
1.  Обединето Кралство Национални јуниорски велодромски првенства - Скреч
2. Национални јуниорски велодромски првенства - Бодовна трка
2. Национални велодромски првенства - Медисон (со Метју Роу)
2007
1.  Европска Унија Европски јуниорски велодромски првенства - Екипна потера
1.  Обединето Кралство Национални велодромски првенства - Медисон (со Лук Роу)
1. Гент (со Питер Кенох)
2. Национални јуниорски велодромски првенства - Скреч
3. Национални јуниорски велодромски првенства - Бодовна трка
2014
2. Национални велодромски првенства - Екипна потера

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2003
2. Национални друмски првенства под 14 години
2005
1.  Обединето Кралство Национални јуниорски друмски првенства
2006
3. Национални друмски првенства
2007
1. Курне-Брисел-Курне (јуниор)
1. Аксел
1. Спринтерски пласман
1. Бодовен пласман
1. 2 етапи
2008
Трка Хонг Конг-Шангај
1. Етапа 2
1. Етапа 3b
2009
1. Етапа 7 Трка околу Тирингија
1. Сиркут ду Порт де Денкерк
2010
1. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
1. Спринтерски пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Национале Слујтингспрејс
2011
3. Краен пласман Ронде ван Дренте
1. Пласман за млад возач
2012
1. Бинше-Турне-Бинше
1. Етапа 1 Париз-Корез
2013
4. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2 (ТТТ)
2014
1. Класик РајдЛондон-Сари
1. Национално првенство во кружна трка
1. Гран при Отли
1. Гран при Ипсвич и Костал
1. Круг на Фенс
1. Меѓународна друмска трка Џерси
2. Меморијална друмска трка Џок Вадли
2. Гран при Беверли
2. Гран при Шефилд
6. Класика Рутланд-Мелтон Интернејшнл
6. Гран при Линколн
2015
2. ГП Стафорд
3. Краен пласман Трка околу Кореја
6. Национално друмско првенство
2016
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално друмско првенство
2017
2. Нокере Курсе
2. Класик Хандзаме
4. Ронде ван Дренте
2018
1. Елфстеденронде
2. Национално друмско првенство
5. Класик Хандзаме
7. Ронде ван Лимбург

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро СО СО 167
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 155

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Team ScienceinSport-Trek Riders 2007“. 
  2. Шаблон:Nms
  3. „Dame Ellen is East Midlands Sports Personality of the Year“. Sport England. 
  4. „Блајт ја напушта програмата на академијата“. Cycling Weekly. 25 февруари 2008. 
  5. „CTT Back Adam Blythe“. CTT. 2008. 
  6. Ендру Канинг (2009). „Адам Блајт: Профил на возачот“. Cycling Weekly. 
  7. Енди Мекграт (21 јули 2009). „Адам Блајт стана стажант во Сајленс-Лото“. Cycling Weekly. 
  8. Ричард Тајлер (7 септември 2009). „Блајт му се приклучи на Сајленс-Лото на две години“. Cycling News. 
  9. Најџел Вин (7 септември 2009). „Блајт победи на француска трка и доби професионален договор со Сајленс-Лото“. Cycling Weekly. 
  10. Вин, Најџел. „Блајт потпиша за БМЦ Рејсинг“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 28 септември 2011 (посет. 5 јануари 2012 г).
  11. Ли Вокер. „Блајт победи на Бинше-Турне-Бинше“, „Yahoo! Sports“, Yahoo! Eurosport, 2 октомври 2012 (посет. 2 февруари 2013 г).
  12. Даниел Бенсон (27 октомври 2013). „Блајт надвор од БМЦ и потпиша за НФТО“. Cyclingnews.com. конс. 27 октомври 2013. 
  13. Нил Бул. „Адам Блајт ќе се приклучи на Орика-ГринЕЏ“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 9 септември 2014 (посет. 9 септември 2014 г).
  14. „Adam Blythe to join Tinkoff-Saxo from Orica-GreenEdge for 2016 season“. theguardian.com. 25 август 2015. конс. 29 август 2015. 
  15. Маршал-Бел, Крис. „National champion Adam Blythe signs for Aqua Blue Sport alongside Andy Fenn“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 24 октомври 2016 (посет. 27 ноември 2016 г).
  16. „2018 rider roster and first races confirmed“. Аква Блу Спорт. Aqua Blue Sport Limited. 1 јануари 2018. конс. 5 јануари 2018. 
  17. Балингер, Алекс (17 септември 2018). „Adam Blythe joins Lotto-Soudal after collapse of Aqua Blue Sport“. Cycling Weekly. конс. 26 декември 2018. 
  18. Adam Blythe parts ways with BMC Racing“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 23 октомври 2013 (посет. 7 април 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]