Список на екипи и велосипедисти на Тур де Франс 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Број на возачи по држава кои учествувале на Тур де Франс 2019:
  20+
  10–19
  2–9
  1

Следи список на екипи и велосипедисти кои учествувале на Тур де Франс 2019.[1]

Екипи[уреди | уреди извор]

Изданието во 2019 година имало вкупно 22 екипи.[2] Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Дополнително, организаторот на трката, поканиле четири професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Трите француски екипи и една белгиска екипа учествувале на трката и претходно.[4][5] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставени пред медиумите и локалните власти – се одржала пред 75.000 луѓе на Големиот плоштад во Брисел, Белгија, на 4 јули, два дена пред воведната етапа.[6]

Секоја екипа имала дозволено да настапи со осум возачи, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката.[2] Од нив, 33 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[7] Возачите доаѓале од 30 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (43), Белгија (21), Италија (15), Шпанија (13), Германија (11) и Холандија (11).[2] Просечната возраст на возачите на трката била 29,71 година,[8] движејќи се од 21-годишниот Јаспер Филипсен (ОАЕ Тим Емирати) до 39-годишниот Ларс Бак (Тим Дименжн Дата).[9][10] Тим Санвеб го имала најмладиот состав, додека Тим Дименжн Дата го имала најстариот.[11]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
  1. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. GER Бора-Хансгрое
  5. POL ССС Тим
  6. BEL Декојнинк-Квик Степ
  7. RSA Дименжн Дата
  8. USA ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг
  9. FRA Групама-ФДЖ
  10. NED Џамбо-Висма
  11. SUI Катјуша-Алпесин
  12. BEL Лото-Судал
  13. AUS Мичелтон-Скот
  14. ESP Мовистар
  15. GBR Инеос
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (4)
  1. FRA Аркеа-Самсик
  2. FRA Кофидис
  3. FRA Директ Енержи
  4. BEL Ванти-Груп Гобер

Список на учесници[уреди | уреди извор]

По националност[уреди | уреди извор]

На трката настапиле 176 возачи од 30 различни држави.

Држава Број на возачи Завршиле Етапни победи
 Австралија 8 7 3 (Кејлеб Јуан x3)
 Австрија 4 3
 Аргентина 1 1
 Белгија 21 19 3 (Дилан Тенс, Томас де Гент, Ваут ван Ерт)
 Обединето Кралство 6 5 2 (Сајмон Јејтс x2)
 Германија 11 8
 Данска 9 7
 Еритреја 1 1
 Естонија 2 2
 Ирска 2 2
 Италија 15 13 3 (Елија Вивијани, Матео Трентин, Винченцо Нибали)
 ЈАР 2 2 1 (Дарил Импи)
 Казахстан 1 1
 Канада 2 2
 Колумбија 4 4 1 (Наиро Кинтана)
 Костарика 1 1
 Латвија 1 1
 Нов Зеланд 3 2
 Норвешка 6 6
 Полска 2 2
 Португалија 3 3
 Русија 1 1
 Словачка 1 1 1 (Петер Саган)
 Словенија 2 2
 САД 4 3
 Франција 34 31 3 (Жилијан Алафилип x2, Тибо Пино)
 Холандија 11 8 2 (Мике Тенисен, Дилан Груневеген)
 Чешка 1 1
 Швајцарија 4 4
 Шпанија 13 12
Вкупно 176 155 19

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 „List of starters – Tour de France 2019“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 6 јули 2019. Посетено на 6 јули 2019.
  3. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  4. „Cofidis and Wanty-Groupe Gobert awarded Tour de France wildcard places“. Cyclingnews.com. 10 јануари 2019. Посетено на 13 јуни 2019.
  5. Балингер, Алекс (22 март 2019). „André Greipel to ride 2019 Tour de France as final wildcard places announced“. Cycling Weekly. Посетено на 13 јуни 2019.
  6. Торфс, Мишел (5 јули 2019). "Eddy" has goose bump moment as Brussels soaks up Tour de France atmosphere“. VRT. Посетено на 5 јули 2019.
  7. „Tour de France 2019 – Debutants“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
  8. „Tour de France 2019 – Peloton averages“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
  9. „Tour de France 2019 – Youngest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
  10. „Tour de France 2019 – Oldest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
  11. „Tour de France 2019 – Average team age“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.