Ларс Бак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ларс Бак
Лични податоци
Цело име Ларс Итинг Бак
Роден 16 јануари 1980 (1980-01-16) (воз. 38 г.)
Силкеборг,  Данска
Висина 1,90 м
Маса 76 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Судал
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
1996–1999
2000–2001
2001
2001
Силкеборг
Хамел
Диферданге
Тревиџани-Мапеи
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005–2009
2010–2011
2012–
Тим Факта
БанкЏироЛотери
Тим ЦСЦ
Тим ХТЦ-Колумбија
Лото-Белисол
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012),
1 етапа ТТТ (2011)
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2010)

Етапни трки

Тур де л’Авенир (2005)

Еднодневни трки и класици

Париз-Бурж (2005)
Гран при де Фурмје (2012)
Ајндховен екипен хронометар (2006)
MaillotDinamarca.svg Национален друмски првак (2005)
MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак (2007, 2008, 2009)
Последна промена
28 јануари 2018

Ларс Итинг Бак (дански: Lars Ytting Bak; р. 16 јануари 1980 во Силкеборг) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Станал професионалец во 2002 година за Тим Факта, каде возел со сонародникот Алан Јохансен. Во 2004 обајцата се префрлиле во БанкЏироЛотери, каде Ларс Бак ја остварил својата прва професионална победа, но бидејќи екипата се распаднала по сезоната 2004, обајцата Бак и Јохансен морале да се префрлат во Тим ЦСЦ во 2005 година.

Бак го освоил данското друмско првенство и подоцна во сезоната ја покажал неговата сила и талент како надежен воза, бидејќи Бак освоил етапа и генералниот пласман на трката Тур де л’Авенир. Го освоил генералниот пласман спринтајќи за победа во група од четворица возачи на првата етапа, место кое го бранел следните девет етапи, вклучувајќи и хронометар и бројни ридесто-планински етапи.

Во 2011 година, конечно го остварил своето деби на Тур де Франс, каде работел силно за „возот“ на Марк Кевендиш и завршил со бегство на последната етапа. Бак се придружил на Лото-Белисол за сезоната 2012.[1]

Во 2012 година ја освоил дванаесеттата етапа на Џиро д’Италија.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
2005
1. MaillotDinamarca.svg Национален друмски првак
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Париз-Бурж
2006
1. Ајндховен Екипен хронометар
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Баварија
2007
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
1. Етапа 5 Тур де Валони
2008
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 1 (ТТТ)
2009
1. MaillotDinamarca.svg Национален хронометарски првак
6. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
1. Етапа 5
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2011
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
3. ГП Хернинг
5. Париз-Рубе
2012
1. Гран При де Фурмие
1. Етапа 12 Џиро д’Италија
10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2013
2. Краен пласман Трка околу Данска
2014
2. Краен пласман Трка околу Данска
2015
2. Краен пласман Трка околу Данска
6. Краен пласман Три дена Де Пане
2018
10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Големи трки 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро СО 16 126 72 94 56 90 СО 118
Jersey yellow.svg Тур 152 96 108 82 37 173 123
Jersey red.svg Вуелта 21 154

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Матична страница (дански)