Трка околу Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трка околу Хрватска
За трката
Датумаприл
РегионХрватска
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЕвропска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаВладимир Михољевиќ
Историја
Прво одржување2015 (2015)
Одржувања3 (до 2017)
Прв победник Маќеј Патерски (ПОЛ)
Неодамнешен победник Винченцо Нибали (ИТА)

Трка околу Хрватска — годишна етапна велосипедска трка, која се одржува во Хрватска. Трката има категорија 2.HC во рамките на Европската турнеја.[1] Трката се одржува во април како подготовка за Џиро д’Италија. Организирана е од поранешниот професионален велосипедист Владимир Михољевиќ.

Историја[уреди | уреди извор]

Во април 2015 година била организирана првата трка со пет етапи. Била освоена од Маќеј Патерски. Започнувајќи од 2018, трката има категорија 2.HC.[2]

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
2015  Полска Патерски, МаќејМаќеј Патерски ЦЦЦ-Спранди-Полковице
2016  Хрватска Квасина, МатијаМатија Квасина Синерџи Баку Сајклинг Проџект
2017  Италија Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали Бахреин-Мерида

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tour of Croatia 2015 - General Classification“. ProCyclingStats. Посетено на 16 април 2015.
  2. „Road - Calendar“. www.uci.ch. Посетено на 28 ноември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]