Штефан Денифл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штефан Денифл
Денифл на Трката околу Австрија 2009
Лични податоци
Цело имеШтефан Денифл
Роден22 септември 1987 (1987-09-22) (32 г.)
Фулпмес,  Австрија
Висина1,79 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометар
Аматерски клубови
2006
2007–2009
2009
Предарлскаер
Елк Хаус-Симплон
Сервело ТестТим (стажант)
Професионални клубови
2010
2011
2012
2013–2016
2017-2018
Сервело ТестТим
Леопард Трек
Вакансолел-ДКМ
ИАМ Сајклинг
Аква Блу Спорт
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален хронометарски првак (2008)
Последна промена
12 јануари 2020

Штефан Денифл (германски: Stefan Denifl; р. 22 септември 1987 во Фулпмес) — австриски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Аква Блу Спорт.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Денифл започнал со велосипедизам во 2001 во екипата Тим Бајк Денифл како планински велосипедист. Во 2003 преминал во друмскиот велосипедизам во екипата Тим ЕАМТК Рехајс Латела. Од 2004 е насочен само на друмскиот велосипедизам. Во 2005 бил земен од Хајко Залцведел во развојната програма на екипата Т-Мобајл. Во 2006 потпишал со континенталната екипа Предарлскаер, а од 2007 до 2009 бил дел од Елк Хаус-Симплон. Во 2009 возел како стажант за Сервело ТестТим,[2] и возел со нив како професионалец следната година. Во 2012 година возел со Вакансолел-ДКМ[3] пред да се приклучи на ИАМ Сајклинг следната година.[4] Во октомври 2016 година, Аква Блу Спорт објавиле дека Денифл, заедно со колегата Ли Хауард, ќе бидат дел од нивниот прв состав за сезоната 2017.[5] Откако Аква Блу се распаднала во летото 2018 година, во октомври истата година Денифл првично бил најавен како член на ССС Тим за следната сезона, меѓутоа во декември 2018 година објавиле дека двете страни заеднички се согласиле да го прекинат договорот поради лични причини, кои не биле наведени во тоа време.[6]

Во февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучен во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Подоцна, Денифл признал за допингот во полиција[7] додека генералниот менаџер на екипата ЦЦЦ, Џим Очовиц, потврдил дека биолошкиот пасош на Денифл немал предупредувачки значи за допинг на крвта.[8][9] Денифл добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
2. Краен пласман Трофео Карлсберг
2008
1. Национално хронометарско првенство
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2009
1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
7. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Краен пласман Трка околу Австрија
2010
7. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Краен пласман Вуелта Кастиља и Леон
2011
5. Гран при Монтреал
9. Краен пласман Гран при де Валони
2012
5. Краен пласман Тур ду Лимузен
2013
1. Планински пласмна Трка околу Баварија
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2014
7. Краен пласман Париз-Ница
2015
1. Jersey light blue.svg Планински пласман Тур де Свис
10. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Jersey pink.svg Пласман за најдобар австриски возач
2017
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 75 52
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО 58

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2018 rider roster and first races confirmed“. Аква Блу Спорт. Aqua Blue Sport Limited. 1 јануари 2018. Посетено на 5 јануари 2018.
  2. „Cervelo TestTeam Signs Stefan Denifl“. roadcycling.com. Посетено на 5 февруари 2017.
  3. „Denifl and Mortensen to Vacansoleil“. Cycling News. Future Publishing Limited. 14 октомври 2011. Посетено на 4 јануари 2012.
  4. „IAM Cycling announces 2013 roster“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  5. „Howard and Denifl headline second round of signings for Aqua Blue Sport“. cyclingnews.com. 19 декември 2016. Посетено на 30 март 2017.
  6. Худ, Ендру (24 декември 2018). „Zoidl in, Denifl out in late-hour moves at CCC“. VeloNews. Посетено на 26 декември 2018.
  7. http://www.cyclingnews.com/news/denifl-confesses-to-blood-doping-in-police-interview/#disqus_thread
  8. http://www.cyclingnews.com/news/ochowicz-no-red-flags-in-denifls-biological-passport/
  9. https://www.telegraph.co.uk/cycling/2019/03/03/austrian-cyclist-stefan-denifl-confesses-blood-doping-police/amp/
  10. „Denifl and Preidler handed four-year bans after blood doping confessions“. cyclingnews.com. 27 јуни 2019. Посетено на 26 август 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]