Адам Хансен
![]() Хансен на Тур Даун Андер 2009 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Адам Хансен | ||
Прекар | Крок Мен | ||
Роден | 11 мај 1981 Саутпорт, Квинсленд, ![]() | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 75 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лото-Судал | ||
Дисциплина | друмски и планински велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за бегства | ||
Аматерски клубови | |||
2003 2004 2005 2006 | Арбу Мерида Коратек Австрија ЕЛК Хаус Ароспорт Кроне Линц | ||
Професионални клубови | |||
2007–2010 2011– | Т-Мобајл Тим Омега Парма-Лото | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 27 февруари 2019 |
Адам Хансен (англиски: Adam Hansen; р. 11 мај 1981) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипа Лото-Судал.[1]
Кариера[уреди | уреди извор]
Во 2012 година, Хансен станал втор Австралиец кој завршил на сите големи трки — Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања — во една календарска година. Тој бил единствениот возач кој успеал во овој подвиг во 2012 и 32. во велосипедската историја.[2] Хансен ги завршил сите три големи трки и во 2013 година и моментално има возено и завршено на последните седум големи трки на кои учествувал. Тој е првиот Австралиец кој успеал во овој подвиг. Во 2013, Хансен рано се вдал во бегство на седмата етапа на Џиро д’Италија, етапа со бројни кратки и стрмни искачувања. Хансен се одвоил од другите членови на бегство и победил сам во Пескара во услови на пороен дожд со предност од над една минута во однос на групата зад него.[3]
На деветнаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2014, Хансен нападнал од групата на четири километри пред целта и опстоил пред неорганизираната потера, победувајќи сам.[4]
Хансен сака да ги задева неговите колеги со објавување смешни фотографии од нив на Твитер. Тој е пријател, интелигентен и сакан од страна на групата. Како инженер, Хансен сам ги има дизајнирано патиките и има возено со нив на бројни трки. Исто така има направено софтвер за неговата екипа.[5]
Живее во Фридлант на Остравице, Чешка од 2005 година.[6]
Достигнувања[уреди | уреди извор]
- 2004
- 1. Краен пласман Трофеј Крокодил
- 1. Трка околу Градиште
- 1. ГП Дојчландсберг
- 2005
- 1. Краен пласман Трофеј Крокодил
- 1. Вин-Ласницхее
- 2006
- 1. ГП Брадло
- 1. Лаванталер Радшпортаге
- 2. Залцкамергут Џиро
- 2. Џиро дел Мендрисиото
- 2. Национално друмско првенство
- 2008
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 2. Хел ван хет Мергеланд
- 2. Национално друмско првенство
- 2009
- 3. Национално друмско првенство
- 2010
- 1. Краен пласман Стер Електротур
- 1. Етапа 4
- 2013
- 1. Етапа 7 Џиро д’Италија
- 2014
- 1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
- 9. Краен пласман Тур Даун Андер
- 9. Краен пласман Трка околу Турција
- 2016
- 5. Краен пласман Трка околу Турција
Награда за борбеност на етапа 2 Тур Даун Андер
Распоред на резултатите на големи трки[уреди | уреди извор]
Голема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
СО | 108 | — | СО | — | 94 | 72 | 73 | 77 | 68 | 93 | 60 |
![]() |
— | 108 | — | СО | — | 81 | 72 | 64 | 114 | 100 | 113 | — |
![]() |
89 | — | 94 | — | 129 | 123 | 60 | 53 | 55 | 110 | 95 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Лото Белисол (LTB) – BEL“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 6 јануари 2013.
- ↑ „Хансен продолжи со возење по завршувањето на сите Гранд Тур трки оваа сезона“. velonation.com. 10 септември 2012.
- ↑ „Етапа 7 на Џиро д'Италија: Адам Хансен победи во Пескара“. Cyclingnews. Future plc. 10 мај 2013. Посетено на 10 мај 2013.
- ↑ „Хансен се извлече за победа во Кангас до Морацо“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
- ↑ „Adam Hansen: New target for Grand Tour record“. cyclingtips.com.au. Посетено на 10 јули 2015.
- ↑ http://sport.idnes.cz/cyklista-hansen-delnik-tour-se-usadil-v-beskydech-f7a-/cyklistika.aspx?c=A080923_221746_sporty_ald
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Адам Хансен“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Адам Хансен“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Адам Хансен“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Адам Хансен“. ProCycling.
- Адам Хансен на Твитер
|