Михал Квјатковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михал Квјатковски
Квјатковски на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело име Михал Квјатковски
Прекар Цвеќар, Квјатек,[1] Квјато
Роден 2 јуни 1990 (1990-06-02) (воз. 28 г.)
Ѓалињ,  Полска
Висина 1,76 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри и класици
Професионални клубови
2009
2010
2011
2012–2015
2016-
МГ Квис-Норда Пацифик
Каха Рурал-Сегурос РГА
Тим РадиоШек
Омега Парма-Квик Степ
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 етапа ТТТ (2016)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2018)
Волта ао Алгарве (2014, 2018)

Еднодневни трки и класици

MaillotMundial.PNG Светски друмски првак (2014)
MaillotMundial.PNG Светско првенство во екипен хронометар (2013)
MaillotPolonia.PNG Национален друмски првак (2013, 2017)
MaillotPolonia.PNG Национален хронометарски првак (2014)
Милано-Сан Ремо (2017)
Амстел Голд Рејс (2015)
Е3 Харелбеке (2016)
Класика де Сан Себастијан (2017)
Страде Бјанке (2014, 2017)
Последна промена
21 март 2018

Михал Квјатковски (полски: Michał Kwiatkowski; р. 2 јуни 1990) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[2]

Квјатковски е сметан за силен универзален возач, со добри вештини за спринтање, искачување и хронометарски вештини, што му дозволува да освојува етапни трки и класични еднодневни трки. Неговиот талент рано се покажал во кариерата, освојувајќи го Светското јуниорско хронометарско првенство во 2008 година. Во 2014 година, Квјатковски станал светски друмски првак и бил член на екипата Омега Парма-Квик Степ, со која го освоил Светското првенство во екипен хронометар 2013. Во 2017 година, го освоил својот прв монумент, Милано-Сан Ремо 2017.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Квјатковски е двоен европски првак (друмска трка 2007, хронометар 2008). Во 2009 станал национален друмски првак во категоријата под 23 години. Исто така освоил етапа на Трката околу Словачка. Станал професионалец во 2010 со Каха Рурал-Сегурос РГА, а во 2011 му се приклучил на Тим РадиоШек и се пласирал на третото место во генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија, Три дена Де Пане и Тур ду Поату-Шарент.

Омега Парма-Квик Степ (2012-2015)[уреди | уреди извор]

2012[уреди | уреди извор]

Квјатковски се преселил во Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[3] Постигнал голем успех со екипата, победувајќи на прологот на Три дена Западна Фландрија. Исто така завршил втор во генералниот пласман на домашната трка Трката околу Полска и осми во генералниот пласман на Енеко Тур.

2013[уреди | уреди извор]

Квјатковски во белата маичка на Тур де Франс 2013

Квјатковски ја започнал сезоната 2013 во одлична форма, завршувајќи седми на Волта ао Алгарве. Потоа завршил четврти во генералниот пласман на Тирено-Адријатико каде го освоил пласманот за млад возач, откако се покажал како еден од најсилните искачувачи на трката. Завршил на четвртото место на врвот Прати ди Тиво, кога го преземал водството на трката од колегата Марк Кевендиш, пред да го изгуби наредниот ден. Потоа, Квјатковски возел на класиците, завршувајќи четврти на Амстел Голд Рејс и петти на Флеш Валон. Во јуни, го освоил националното друмско првенство по прв пат.

Одличната форма на Квјатковски му го донело местото во екипата на Тур де Франс. Ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во првата недела откако завршил трет на втората етапа и четврти на третата етапа, обете редуцирани масовни спринтови. На седмата етапа повторно завршил на четвртото место. На деветтата етапа (планинска етапа) повторно стигнал до подиумот. Со силниот индивидуален хронометар успеал да ја поврати белата маичка на единаесеттата етапа, но го загубил водството кратко потоа од Матео Трентин.[4] Иако ја изгубил белата маичка, сепак успеал да заврши на 11. место на неговиот прв настап на Тур. Подоцна во сезоната бил првиот полски велосипедист, кој освоил медал на Светските друмски првенства, кога го освоил екипниот хронометар со неговата екипа Омега Парма-Квик Степ.

2014[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Квјатковски победил на италијанскио класик Страде Бјанке. Го следел силниот напад на Петер Саган на 20 километри пред крајот и двоецот соработувал добро додека Квјатковски не го претекнал Саган на последното искачување до Сиена.[5] Го освоил третото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, како и на Флеш Валон, а на Амстел Голд Рејс завршил на петтото место.

Во септември, ја презел водечката маичка на Трката околу Британија по победата на четвртата етапа преку спринт на шесторица возачи.[6] На крајот, завршил втор во генералниот пласман и го освоил бодовниот пласман.[7]

Квјатковски на подиумот по победата на Светското друмско првенство

Подоцна истиот месец, станал првиот полски велосипедист кој победил на Светското друмско првенство. Квјатковски имал соло напад на седум километри пред целта при спуст. И покрај доцниот напад, успеал да го одржи водството и да помине сам низ целта, освојувајќи ја виножито маичката.[8] По трката, Квјатковски го објавил своето возење на Страва (спортска апликација), што помогнало да се одреди неговата статистика за трката. Се искачил 5.106 метри и изгубил 6.338 килокалории во текот на трката со време од 6:29:45,[9] произведувајќи просечна сила од 240 вати со просечни срцеви отчукувања од 148 во минута.[10] Прва трка на која возел со виножито маичката била Џиро ди Ломбардија и завршил на 77. место.[11]

2015[уреди | уреди извор]

Квјатковски ја носел маичката виножито на Тур де Франс 2015

Пред да стане светски првак, Квјатковски најавувал дека почетокот на 2015 година ќе му биде помалку агресивна отколку 2014 и дека ќе започне со поголемите трки подоцна.[12] Ги искористил Волта ао Алгарве и Париз-Ница како подготовка за класичните трки, каде завршил втор на две трки. Во април, Квјатковски ја освоил престижната победа на Амстел Голд Рејс. По последното искачување на Кауберг, забрзал да ја достигне малата група предводена од Филип Жилбер. Пред целта се создала група од петнаесет возачи и Квјатковски успеал да победи во спринтот и да стигне до победата.[13]

Го напуштил Тур де Франс 2015 на седумнаесеттата етапа.[14]

Тим Скај (2016-)[уреди | уреди извор]

2016[уреди | уреди извор]

На 27 септември 2015 година, Тим Скај го објавиле потпишувањето со Квјатковски за сезоната 2016.[2]

На 25 март 2016 година, Квјатковски го освоил својот прв калдрмисан класик, Е3 Харелбеке, со претекнување на Петер Саган откако двоецот се одвоил од групата на 30 километри пред целта.[15]

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[16] но се откажал на седмата етапа.[17]

2017[уреди | уреди извор]

Михал Квјатковски победил на Милано-Сан Ремо 2017 со тесна разлика од Петер Саган и Жилијан Алафилип.

На 4 март 2017 година, Квјатковски победил на Страде Бјанке по нападот од група на четворица фаворити на трката на околу 15 километри пред целта и успеал сам да се одвоил за победа на трката во Сиена. Со тоа, станал втор возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката.[18]

Подоцна во месецот, Квјатковски го освоил Милано-Сан Ремо 2017 во трочлен спринт пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип, откако тројцата се одвоиле на завршното искачување на трката – Поџо ди Сан Ремо.[19] Ова му било прва победа на некој од монументите.

На 16 април, Квјатковски го освоил второто место на Амстел Голд Рејс, откако бил поразен од Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс) во меѓусебната спринтерска завршница.[20]

Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс, благодарение на неодамнешните успеси, исполнувајќи ја целта да вози на Тур со предводникот на екипата Крис Фрум. Завршил осми на воведната етапа во Диселдорф, како и втор на завршниот хронометар во Марсеј. Меѓутоа, имал несебична поддршка на Фрум, поради што бил наречен и супер-помошник, особено на четиринаесеттата етапа и на петнаесеттата етапа, кога го поклонил своето задно тркало на Фрум, кога тој имал механички проблем.

На 29 јули ја освоил трката Класика де Сан Себастијан претекнувајќи ги Тони Галопен и Бауке Молема. Една недела подоцна потпишал тригодишно продолжување на својот договор со Тим Скај.[21]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. UEC Champion Jersey.svg Европско јуниорско друмско првенство
2. Европско јуниорско хронометарско првенство
2008
1. UEC Champion Jersey.svg Европско јуниорско хронометарско првенство
1. MaillotMundial.PNG Светско јуниорско хронометарско првенство
3. Европско јуниорско велодромско првенство — Бодовна трка
2009
1. MaillotPolonia.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 2 Трка околу Словачка
4. Меморијал Хенрика Ласака
4. Гран Премио дела Либерационе
7. Џиро дел Мендрисиото
10. Пухар Уздровиск Карпацкич
2010
4. Краен пласман Шлаким Гродов
7. Краен пласман Волта ао Алентежо
2011
3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
3. Краен пласман Три дена Де Пане
3. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
6. Гран при де Валони
2012
1. Пролог Три дена Западна Фландрија
2. Краен пласман Трка околу Полска
8. Краен пласман Енеко Тур
2013
1. MaillotMundial.PNG Светско првенство во екипен хронометар
1. MaillotPolonia.PNG Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Амстел Голд Рејс
5. Флеш Валон
5. Гран при де Валони
2014
1. MaillotMundial.PNG Светско друмско првенство
1. MaillotPolonia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 2
1. Етапа 3 (ITT)
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Страде Бјанке
1. Пролог (ITT) Тур де Романди
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Трка околу Британија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
3. Флеш Валон
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Амстел Голд Рејс
7. Трофео Сес Салинес
2015
1. Амстел Голд Рејс
2. Silver medal blank.svg Светко првенство во екипен хронометар
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Пролог (ITT)
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Дварс дор Вландерен
8. Светско друмско првенство
8. Краен пласман Трка околу Баскија
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 2 и 12
2016
1. Е3 Харелбеке
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Трофео Поленка-Порт де Андрат
2. Трофео Сера де Трамунтана
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
2017
1. MaillotPolonia.PNG Национално друмско првенство
1. Милано-Сан Ремо
1. Класика де Сан Себастијан
1. Страде Бјанке
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Амстел Голд Рејс
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Краен пласман Трка околу Британија
6. Светска турнеја
7. Флеш Валон
2018
1. Jersey blue.svg Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 136
Jersey yellow.svg Тур 11 28 СО 57
Jersey red.svg Вуелта СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey yellow.svg Париз-Ница 2
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 4 18 8 27 1
MaillotVolta.png Волта а Каталуња
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 2 8 30
Jersey yellow.svg Тур де Романди СО СО
Jersey yellow.svg Критериум ди Дофине СО СО СО 43
Jersey yellow.svg Тур де Свис 71

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо СО СО 67 40 1 11
Трка околу Фландрија 40 27
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж СО 92 3 21 36 3
Џиро ди Ломбардија СО СО 77 54
Распоред на резултатите на класиците
Класична трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Страде Бјанке 1 20 1 30
Дварс дор Вландерен 4
Е3 Харелбеке 82 1
Гент-Вевелгем 75
Амстел Голд Рејс СО 4 5 1 СО 2
Флеш Валон СО 5 3 33 7
Класика де Сан Себастијан 107 1
Париз-Тур 82

СО = се откажал; — = не настапил

Распоред на националните првенства[уреди | уреди извор]

Настан 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Gold medal olympic.svg Олимписки игри Хронометар не се одржал не се одржал 14 не се одржал
Друмска трка 60 62
Jersey rainbow.svg Светски првенства Хронометар 48 24
Друмска трка 31 СО 1 8 11
MaillotPolonia.PNG Национални првенства Хронометар 21 2 2 1 1
Друмска трка 16 1 21 57 25

Награди[уреди | уреди извор]

  • Меѓународна фландриска награда: 2014[22]
  • Крст на заслуги: 2014[23]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Михал Квјатковски“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. http://www.omegapharma-quickstep.com/en/team/rider/michal-kwiatkowski. посет. 10 јули 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 Michal Kwiatkowski signs for Team Sky from Etixx - Quick-Step“, „Sky Sports“, Sky UK, 27 септември 2015 (посет. 11 декември 2016 г).
  3. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) - БЕЛ“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/3005. посет. 3 јануари 2014 г. 
  4. Питер Косинс. „Трентин триумфираше на етапата 14 на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 13 јули 2013 (посет. 16 октомври 2013 г).
  5. Михал Квјатковски го зема Страде Бјанке од Петер Саган“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 8 март 2014 (посет. 31 август 2014 г).
  6. Бери Рајан. „Квјатковски ја освои четвртата етапа на Трката околу Британија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 септември 2014 (посет. 11 септември 2014 г).
  7. Кител ја освои последната етапа на Трката околу Британија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (посет. 28 септември 2014 г).
  8. Светски првенства: Михал Квјатковски го освоил златото на друмската трка“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 септември 2014 (посет. 28 септември 2014 г).
  9. Worlds shorts: Kwiatkowski's ride on Strava, Cancellara, and Lefevere“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 септември 2014 (посет. 29 септември 2014 г).
  10. Power meter analysis: Kwiatkowski’s World Champs win“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 6 октомври 2014 (посет. 6 октомври 2014 г).
  11. Резултати: Џиро ди Ломбардија 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 5 октомври 2014 (посет. 6 октомври 2014 г).
  12. Квјатковски гледа на Тур де Франс“, „Cyclingquotes“, 10 јануари 2015.
  13. Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 април 2015 (посет. 19 април 2015 г).
  14. Кларк, Стјуарт. „„Беше тешко да го напуштиш Тур де Франс во боите на виножитото“, вели Квјатковски“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 23 јули 2015 (посет. 24 јули 2015 г).
  15. http://www.cyclingnews.com/races/e3-harelbeke-2016/results/
  16. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_a_Espana_2016_Startlist. посет. 20 август 2016 г. 
  17. „71st Vuelta a España: Stage 7 » Maceda › Puebla de Sanabria“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=163751. посет. 26 август 2016 г. 
  18. Kwiatkowski gives Sky Strade Bianche tonic“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 4 март 2017 (посет. 4 март 2017 г).
  19. Робертшо, Хенри. „Brilliant Michal Kwiatkowski edges out Peter Sagan to win Milan-San Remo 2017“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 18 март 2017 (посет. 18 март 2017 г).
  20. Виндзор, Ричард. „Philippe Gilbert beats Michal Kwiatkowski to victory at Amstel Gold Race“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 16 април 2017 (посет. 16 април 2017 г).
  21. http://www.cyclingnews.com/news/kwiatkowski-agrees-new-three-year-deal-with-team-sky/
  22. Квјатковски ја освои меѓународната фландриска награда 2014“, „Квик-Степ Флорс“, Квик-Степ Флорс, 16 октомври 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  23. To podziękowanie nie tylko od prezydenta, ale od całej Polski.“, 20 октомври 2014 (посет. 20 октомври 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]