Прејди на содржината

Критериум ди Дофине 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Критериум ду Дофине 2013)
Критериум ди Дофине 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 16 од 28
Детали за трката
Датум(и) 2–9 јуни 2013
Етапи 8
Растојание 1.136,5 км
Време 29ч 28' 46" (23,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Крис Фрум (Велика Британија) (Тим Скај)
Втор  Ричи Порт (Австралија) (Тим Скај)
Трет  Даниел Морено (Шпанија) (Катјуша)

Бодовен  Џани Мерсман (Белгија) (Омега Парма-Квик Степ)
Планински  Тома Дамизо (Франција) (Аргос-Шимано)
Младински  Роан Денис (Австралија) (Гармин-Шарп)
Екипен Тим Скај
2012
2014

Критериум ди Дофине 2013 било 65. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине; трка организирана од Amaury Sport Organisation, дел од Светската турнеја. Трката се состоела од осум етапи, започнувајќи го Шампери на 2 јуни, прв почеток на трката во Швајцарија и завршувајќи во Ризул на 9 јуни и била шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја 2013. Дофине била гледана како одлична подготовка за јулскиот Тур де Франс и голем број на фаворити за генералниот пласман на Тур учествувале на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и поединечен хронометар сличен во должина на Тур.[2]

Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај[3], трета година по ред екипата ја освојува трката, откако Бредли Вигинс ја освоил трката во 2011 и 2012, преземајќи го водството на трката по освојувањето на петтата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката за победа на четвртата етапна трка во сезоната 2013.[4] На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 58 секунди пред второпласираниот и негов колега Ричи Порт,[3] помошник за Фрум на планинските етапи. Подиумот бил заокружен со возачот на Даниел Морено од Катјуша, кој завршил 74 секунди зад Порт и две минути и 12 секунди зад Фрум.[5]

На другите пласмани на трката, возачот на Гармин-Шарп Роан Денис бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на осмото место во генералниот пласман.[6] И покрај тоа што не освоил ниедна етапа на трката, Џани Мерсман од Омега Парма-Квик Степ ја освоил зелената маичка,[7] како победник на бодовниот пласман, додека црвено-белата точкеста маичка за планинскиот пласман ја освоил возачот на Аргос-Шимано Тома Дамизо.[8] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред со над дванаесет минути предност пред втората најдобра екипа Тим Саксо-Тинкоф.[3]

Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека четири други екипи добиле специјални покани,[9] и со тоа била создадена главната група од 22 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[10][11] Бидејќи Катјуша не биле првично поканети на трката,[12] организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и три.[13]

Во текот на Џиро д’Италија, Силвен Жорж бил позитивен на тестот за вазодилаторен хептаминол,[14] по седмата етапа; неговиот позитивен тест бил втор за возач од екипата Аг2р-Ла Мондијал во текот на една година, откако Стив Унар бил позитивен за гликобелковинскиот хормон еритропоетин (ЕПО) во тест надвор од сезоната во септември 2012.[15] Бидејќи екипата била член на Движењето за чесен велосипедизам, вториот позитивен тест значел, дека според одредбите на движењето, тие морале да престанат со тркање во период од осум дена.[16] Иако екипата доброволно се повлекла од Дофине, поминала без парична казна,[17] која можеле да ја добијат поради одбивање да настапат на настан од Светската турнеја, што е спротивно на одредбите на UCI. Така, групата повторно била намалена на 22 екипи.

Дваесет и двете екипи кои настапиле на трката биле:[18]

Помеѓу 176. возачи кои ја започнале трката се наоѓал само еден поранешен победник на трката; Алехандро Валверде, победник на трката во 2008 и 2009, предводувајќи го Мовистар Тим на Критериум ди Дофине.[19]

Распоред

[уреди | уреди извор]

Рутата за трката била објавена на 15 април 2013.[2]

Етапа Рута Должина Вид Датум Победник
1 Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија) 121 км Среднопланинска етапа 2 јуни  Давид Вејо (КАН)
2 Шател до Ојонакс 191 км Рамна етапа 3 јуни  Елија Вивијани (ИТА)
3 Амбере ан Буже до Тарар 167 км Рамна етапа 4 јуни  Едвалд Боасон Хаген (НОР)
4 Вилар ле Домб до Парк де Езео 32,5 км Поединечен хронометар 5 јуни  Тони Мартин (ГЕР)
5 Грези сир Екс до Валморел 139 км Среднопланинска етапа 6 јуни  Крис Фрум (ВБР)
6 Ла Лешер до Гренобл 143 км Рамна етапа 7 јуни  Тома Веклер (ФРА)
7 Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу 187,5 км Среднопланинска етапа 8 јуни  Самуел Санчес (ШПА)
8 Систерон до Ризул 155,5 км Среднопланинска етапа 9 јуни  Алесандро Де Марки (ИТА)
2 јуни 2013 — Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија), 121 км[20]
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар 3ч 17' 35"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 57"
4  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
6  Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
7  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
9  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард + 1' 57"
10  Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 57"
3 јуни 2013 — Шател до Ојона, 191 км[21]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл 4ч 39' 15"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
3  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард и.в.
4  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
5  Антони Геслен (ФРА) ФДЖ и.в.
6  Арминдо Фонсека (ФРА) Бретањ-Сеше анвиронман и.в.
7  Брам Танкинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг и.в.
8  Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано и.в.
9  Хуан Антонио Флеча (ШПА) Вакансолел-ДКМ и.в.
10  Весли Салцбергер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар 7ч 56' 50"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард + 1' 57"
4  Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано + 1' 57"
5  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
8  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
9  Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
10  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
4 јуни 2013 — Амбери ан Буже до Тарар, 167 км[22]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 4ч 03' 32"
2  Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Тор Хушовд (НОР) Аксент Џобс-Ванти и.в.
5  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
6  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
7  Насер Буани (ФРА) ФДЖ и.в.
8  Паул Фос (ГЕР) Тим НетАп-Ендура и.в.
9  Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
10  Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар 12ч 00' 22"
2  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3  Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард + 1' 57"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
5  Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано + 1' 57"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
7  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
8  Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
9  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 57"
5 јуни 2013 — Вилар ле Домб до Парк де Езео, 32,5 км, поединечен хронометар (ITT)[23]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ 36' 54"
2  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 47"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 52"
4  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 08"
5  Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 13"
6  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 1' 19"
7  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 20"
8  Јан Барта (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 36"
9  Марко Пиноти (ИТА) Аксент Џобс-Ванти + 1' 38"
10  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 42"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп 12ч 40' 00"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 5"
3  Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 26"
4  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 32"
5  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 33"
6  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 55"
7  Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар + 1' 09"
8  Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 11"
9  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 14"
10  Андриј Гривко (УКР) Астана + 1' 26"
6 јуни 2013 — Грези сир Екс до Валморел, 139 км[24]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 3ч 28' 39"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 4"
3  Метју Буше (САД) РадиоШек-Леопард + 4"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 10"
5  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 12"
6  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 12"
7  Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 12"
8  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 21"
9  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 24"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 29"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 16ч 08' 44"
2  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 52"
3  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 54"
4  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
5  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
6  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
7  Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 1' 52"
8  Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 58"
9  Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 2' 16"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 20"
7 јуни 2013 — Ла Лешер до Гренобл, 143 км[25]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар 3ч 24' 13"
2  Хосе Ерада (ШПА) Мовистар Тим и.в.
3  Кевин Селдрејерс (БЕЛ) Астана и.в.
4  Егор Силин (РУС) Астана и.в.
5  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 46"
6  Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 46"
7  Франческо Гаваци (ИТА) Астана + 46"
8  Весли Салцбергер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 46"
9  Арно Жерар (ФРА) Бретањ-Сеше анвиронман + 46"
10  Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 46"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 19ч 33' 43"
2  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 52"
3  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 54"
4  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
5  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
6  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
7  Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 1' 52"
8  Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 58"
9  Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 2' 16"
10  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 20"
8 јуни 2013 — Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу, 187,5 км[26]
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади 5ч 26' 14"
2  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана и.в.
3  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
4  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 16"
5  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 16"
6  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 16"
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 16"
8  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 16"
9  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 16"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 25ч 00' 13"
2  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 51"
3  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
4  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
5  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
6  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 04"
7  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 32"
8  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 2' 47"
9  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 2' 48"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 2' 56"
9 јуни 2013 — Систерон до Ризул, 155,5 км[27]
Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Алесандро Де Марки (ИТА) Канондејл 4ч 28' 09"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 24"
3  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 24"
4  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 31"
5  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 38"
6  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 49"
7  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 49"
8  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 49"
9  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 55"
10  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 1' 00"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 29ч 28' 46"
2  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 58"
3  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 2' 12"
4  Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 18"
5  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 2' 20"
6  Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 3' 08"
7  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 3' 12"
8  Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 3' 24"
9  Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 4' 25"
10  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 4' 27"

На Критериум ди Дофине 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[28] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[28] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[28]

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка.[28] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[28] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[28]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[28] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1988. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[28]

Етапа Победник Генерален пласман

Планински пласман

Бодовен пласман

Пласман за млад возач

Екипен пласман

1 Давид Вејо Давид Вејо Давид Вејо Давид Вејо Том-Јелте Слагтер Тим Јуропкар
2 Елија Вивијани Тома Дамизо Џани Мерсман Тони Галопен
3 Едвалд Боасон Хаген
4 Тони Мартин Роан Денис Роан Денис Тим Скај
5 Крис Фрум Крис Фрум
6 Тома Веклер
7 Самуел Санчес
8 Алесандро Де Марки
На крај Крис Фрум Тома Дамизо Џани Мерсман Роан Денис Тим Скај
  1. Стоукс, Шејн (15 април 2013). „Alpe d'Huez highlight of 2013 route, race to begin in Switzerland“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 29 мај 2013.
  2. 2,0 2,1 „Објавена е рутата за Критериум ди Дофине 2013“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 април 2013. Посетено на 29 мај 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Team seal Dauphine one-two“. Тим Скај. BSkyB. 9 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-30. Посетено на 9 јуни 2013.
  4. „Крис Фрум ја запечати победата на Критериум ди Дофине со 1-2 победа за Тим Скај“. Sky Sports. BSkyB. 9 јуни 2013. Посетено на 9 јуни 2013.
  5. „Daniel Moreno takes the podium place in final classification“. Катјуша. Katusha Management SA. 9 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-28. Посетено на 9 јуни 2013.
  6. Падикомб, Стивен (9 јуни 2013). „Крис Фрум победи на Критериум ди Дофине 2013“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 9 јуни 2013.
  7. „Мерсман ја освои зелената маичка“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. 9 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-21. Посетено на 9 јуни 2013.
  8. „Thomas Damuseau King of the Mountains at Critérium Dauphiné“. Аргос-Шимано. Project 1t4i. 9 јуни 2013. Посетено на 9 јуни 2013.
  9. Аткинс, Бен (23 јануари 2013). „Објавени поканите за Париз-Ница и Критериум ди Дофине“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 30 мај 2013.
  10. „CAS нареди лиценца за Светската турнеја за Катјуша“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 февруари 2013. Посетено на 30 мај 2013.
  11. „UCI потврди 19 WorldTour екипи за 2013“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 февруари 2013. Посетено на 30 мај 2013.
  12. Westby, Matt (23 јануари 2013). „Katusha overlooked for Criterium du Dauphiné and Paris-Nice wildcards“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 30 мај 2013.
  13. „Katusha's return swells Paris-Nice, Dauphine“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-22. Посетено на 30 мај 2013.
  14. „Силвен Жорж позитивен за хептаминол“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 мај 2013. Посетено на 30 мај 2013.
  15. Стоукс, Шејн (21 мај 2013). „Ag2r La Mondiale to voluntarily miss Критериум ди Дофине after Georges' positive confirmed“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 30 мај 2013.
  16. „UCI to allow Ag2r-La Mondiale self-ban without penalty“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 мај 2013. Посетено на 30 мај 2013.
  17. „PCC grants MPCC's request to allow Ag2R La Mondiale to forfeit participation in Критериум ди Дофине without financial penalty“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 24 мај 2013. Посетено на 30 мај 2013.
  18. „Почетна листа за Критериум ди Дофине 2013“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-10. Посетено на 30 мај 2013.
  19. „Dauphiné and Suisse in the horizon“. Мовистар Тим. Movistar. 30 мај 2013. Посетено на 9 јуни 2013.
  20. „Етапа 1“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 3 јуни 2013.
  21. „Етапа 2“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 4 јуни 2013.
  22. „Етапа 3“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 5 јуни 2013.
  23. „Етапа 4“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 5 јуни 2013.
  24. „Етапа 5“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 6 јуни 2013.
  25. „Етапа 6“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 7 јуни 2013.
  26. „Етапа 7“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 8 јуни 2013.
  27. „Етапа 8“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 9 јуни 2013.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 28,4 28,5 28,6 28,7 „Критериум ди Дофине 2013: Специјални правила“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. Посетено на 3 June 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]