Брам Танкинк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брам Танкинк
Танкинк на Трката околу Калифорнија 2012
Лични податоци
Цело имеБрам Танкинк
ПрекарТенкот, Ѕверот од Истокот
Роден3 декември 1978 (1978-12-03) (40 г.)
Хаксберген,  Холандија
Висина1,81 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Професионални клубови
2001–2002
2003–2007
2008–
Домо-Фарм Фритес
Квик Степ-Давитамон
Рабобанк
Значајни победи
Трка околу Германија, 1 етапа (2005)
Последна промена
24 јануари 2018

Брам Танкинк (холандски: Bram Tankink; р. 3 декември 1978) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Танкинк ја започнал својата кариера како планински велосипедист, но во 1999 преминал во друмскиот велосипедизам. Во 2000 станал холандски младински првак, што му донело професионален договор со Домо-Фарм Фритес во 2001. Останал со екипата две години, пред тој и неколку други од екипата да преминат во Квик Степ. Танкинк обично имал улога на помошник во екипата, едвај некогаш да се натпреварува за себе. Но, бил доста ценет од страна на екипата, што му донело настап на Тур де Франс 2005. По Тур, играл важна улога во победата на Филипо Поцато на HEW Класик 2005 во Хамбург и во текот на Трката околу Германија 2005, каде ја освоил првата етапа од Алтенбург до Плауен. Танкинк исто така освоил неколку критериуми по Тур. Во 2008 се приклучил на екипата Рабобанк.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
3. Турул Романие
2000
1. Национално друмско првенство
2. Трка Мајнфранкен
2. Стер дел Белофтен
2005
1. Етапа 1 Трка околу Германија
1. Профронде ван Алмело
1. Профронде ван Мастрихт
3. Профронде ван Стипхут
3. Профронде ван Остворне
2006
1. Мејл ван Марес
2. Профронде ван Алмело
3. ГП Бухолц
3. Профронде ван Стихпут
2007
1. Профронде ван Мастрихт
1. ГП Јеф Шеренс
3. Ахт ван Кам
2008
1. Профронде ван Вирден
2. Профронде ван Зволе
3. Профронде ван Херлен
2009
3. Профронде ван Зволе
2010
3. Трка околу Белгија
2011
5. Е3 Харелбеке
5. Брабант Пејл
2013
9. Рудерворде Курсе
2014
6. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 35 61 СО
Jersey yellow.svg Тур 111 93 40 59 СО 144 64 40 55
Jersey red.svg Вуелта СО 94 64 34 103

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]