Леополд Кениг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леополд Кениг
Кениг на Трката околу Британија 2014
Лични податоци
Цело име Леополд Кениг
Роден 15 ноември 1987 (1987-11-15) (воз. 29 г.)
Моравска Тшебова, Чешка
Висина 1,78 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачувања
Професионални клубови
2006–2010

2011–2014
2015-
ПСК Вирлпул-Храдец Крлове
Тим НетАп
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2013)
Етапни трки
Последна промена
28 јануари 2016

Леополд Кениг (чешки: Leopold König; р. 15 ноември 1987) — чешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Кениг како дете играл хокеј на мраз, користејќи го неговиот велосипед многу често, а веќе на 14-годишна возраст започнал со друмскиот велосипедизам.[1]

НетАп (2011-2014)[уреди | уреди извор]

Кениг освоил етапа на Трката околу Британија 2012, а во април 2013 и кралската етапа на Трката околу Калифорнија. Кениг побегнал од бегството со малку членови во последните километри и го достигнал Ханиер Асеведо, поминувајќи го на само 300 метри пред целта.[2]

Меѓутоа, обете победи кулминирале во септември 2013, кога неговата екипа добила покана на Вуелта а Еспања. На самата трка ја освоил планинската етапа 8 откако го достигнал Игор Антон во последните 500 метри.

Кениг го имал својот прв настап на Тур де Франс во 2014 година, завршувајќи седми.

Тим Скај (2015-)[уреди | уреди извор]

Подоцна, потпишал двегодишен договор за да вози со Тим Скај.[3] Кениг го постигнал својот прв подиум за Тим Скај, забележувајќи трето место на Трофео Сера де Трамунтана.[4] На Џиро д’Италија го преземал улогата на предводник откако предводникот Ричи Порт доживеал огромно губење на време и на крајот се повлекол.[5] На шеснаесеттата етапа, Кениг бил казнет 10 секунди поради држење на автомобили.[6] Кениг бил добар на завршните етапи, но не доволно добар за да обезбеди место меѓу првите пет, завршувајќи на шестото место.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
6. ГП Кооператива
9. ГП Бока
2010
1. Краен пласман Трка околу Горна Австрија
1. Етапа 1
1. Етапа 3 Трка околу Бугарија
3. Прага-Карлови Вари-Прага
5. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовскич
2011
2. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Пласман за млад возач
3. Краен пласман Тур де л’Ен
9. Краен пласман Трка околу Британија
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
3. Краен пласман Трка околу Јута
6. Краен пласман ГП Кантон Аргау
9. Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 6
2013
1. Краен пласман Чешка трка
1. Етапа 3
1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Сетимана интернационале ди КОпи е Бартали
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 8
2014
4. Краен пласман Трка околу Баварија
7. Краен пласман Тур де Франс
2015
3. Трофео Сера де Трамунтана
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
5. Трофео Андрат-Мирадор д’Ес Коломер
6. Краен пласман Џиро д’Италија
8. Краен пласман Трка Абу Даби
10. Краен пласман Трка околу Чешка
1. Етапа 3

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 6
Jersey yellow.svg Тур 7 70
Jersey red.svg Вуелта 9

СО = се откажал; — не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cycling Weekly, Introducing Leopold Konig, 5 септември 2013
  2. Стив Џонс. „Трка околу Калифорнија: Кениг од НетАп се искачи за победа на седмата етапа, Ван Гардерен останува во жолто“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013 г). (на (англиски))
  3. Вилоуби, Ијан (30 септември 2014). „Чешкиот велосипедист Кениг потпиша за Тим Скај по седмото место на Тур де Франс“. Radio Prague. http://www.radio.cz/en/section/news/czech-cyclist-koenig-signs-for-team-sky-after-coming-seventh-in-tour-de-france. конс. 16 ноември 2014 г. 
  4. http://www.cyclingnews.com/races/trofeo-alcudia-platja-de-muro-2015/results
  5. Стивен Фаранд. „Giro d'Italia: König takes over leadership at Sky as Porte loses 27 minutes“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 24 мај 2015 (конс. 24 мај 2015 г).
  6. Ричард Виндзор. „Team Sky’s König among riders sanctioned after stage 16 of the Giro d’Italia“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 27 мај 2015 (конс. 28 мај 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]