Авранш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Авранш
Потпрефектура и општина
Ботаничка градина
Ботаничка градина
Грб на Авранш
ЗемјаФранција
РегионДолна Нормандија
ДепартманМанш
ОкругAvranches
КантонАвранш и Инзини ле Боа
Управа
 • Градоначалник (2020–2026) Давид Никола
Површина110,99 км2 (424 ми2)
Население (2019)210.264
 • Густина9,3/км2 (24/ми2)
INSEE/Пошт. бр.50025 / 50300
Надм. висина7 м )
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Авранш (француски: Avranches, нормандски: Avraunches) — град и пристаниште во северозападна Франција, кој се наоѓа во регионот Нормандија, департманот Манш. Тој е центар на истоимениот округ и кантон. Се наоѓа на 74 километри северно од Рен и 103 километри југозападно од Кан, во близина на утоката на рекичката Ла Се во Ламанш. Низ пошироката територија на градот минува автопатот A84. На северозапад од градот се наоѓа железничката станица Авранш која пак е на линијата Лизон-Ламбал.

Ридот на кој се наоѓа Авранш има поглед кон Ламанш и познатиот карпест манастир Мон Сен Мишел кој се наоѓа на 22 километри од градот.

Гратчето има 10.246 жители (2018).

Историја[уреди | уреди извор]

Во антиката градот се викал Ингена и бил центар на галското племе Абриканти.[1] Околу 56 година п.н.е. бил освоен од Цезар, по што бил наречен Легедија, како што е споменато во Појтингеровата табла. Кон крајот на III век, бил разрушен од саксонските пирати кои ги нападнале северните граници на Римската Империја, по што овде била изградена тврдина, која била дел од т.н. Саксонскиот брег - комплекс од одбранбени структури подигнати од Римјаните за да го заштитат брегот на Галија.

Кон крајот на 5 век, Авранш станал епископско седиште, и во градот била изградена катедрала. Меѓу епископите од Авранш, најпознат е Свети Обер, кој, според легендата, Архангел Михаил му рекол да изгради црква на карпата во близина, која плимата ќе ја претвори во остров, по што ќе се изгради манастирот Мон Сен Мишел.

По отцепувањето на Кралсквото Бретања од Светото Римско Царство, Авранш накратко на почетокот од 10-тиот век бил под Бретањска власт. Градот бил под жестоки викиншки напади, а Бретања била окупирана од Викинзите од 907 до 937 година. Во 933 г., Авранш со својата територија (Аврашин) биле дадени на Норманите. Во XI век, градот се прочул поради училиштето кое го основал познатиот англиски схоластик Ланфранк (1039 г.).[1] Во 1172 година, англискиот крал Хајнрих Плантагенет јавно се покајал за атентатот врз архиепископот Томас Бекет (1170) во Авраншската катедрала (урната во 1794 г.)

Авранш многу настрадал за време на Стогодишната војна, а бил разрушен од Хугенотите во 1562 година за време на Религиозните војни. Во 1639 година, со убиството на даночникот Шарл Ле Пупинел во Авранш започнал бунтот на босоногите поради новонаметнатиот данок на сол.

Во 20 век, заземањето на Авранш од страна на трупите на генералот Џорџ Патон била една од клучните акции во операцијата „Оверлорд“ (6 јуни 1944 година).

На 1 јануари 2019 година, во составот на општината Авранш била придодадена соседната општина Сен Мартин-де-Шантер.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Скрипториал (Le Scriptorial), музеј на ракописи од опатијата Мон Сен Мишел, кој содржи преку 200 средновековни документи
  • Донжон, зачувани остатоци од замокот од 11 век
  • Зградата на деканатот (резиденција на окружниот викар) од XII-XVIII век.
  • Црквата Нотр-Дам-де-Шам од 19 век, изградена во неоготски стил
  • Плоштадот Томас Бекет на местото на поранешната катедрала, уништувана кон крајот на 13 и почетокот на 19 век
  • Црквата Сен Сатурнин, целосно реставрирана во 19 век, со зачувани фрагменти од старата црква од 13-16 век.
  • Базилика Сен Жерве д'Авранш, изградена во 19 век во неоготски стил
  • Активен бенедиктински манастир посветен на Света Ана од 17-тиот век
  • Споменикик на американските војници кои ги ослободиле Авранш во 1944 година
  • Ботаничка градина

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на градот е најмногу насочена кон туризмот, благодарение на манастирот Мон Сен Мишел кој се наоѓа во непосредна близина.

Структура на вработеност на населението:

  • земјоделство - 0,4%
  • индустрија - 11,2%
  • градежништво - 6,1%
  • трговија, транспорт и услуги - 37,4%
  • државни и општински услуги - 44,8%

Стапка на невработеност (2018) - 14,0 % (Франција како целина - 13,4 %, Департманот Манш - 10,4 %).Просечен годишен приход по глава на жител, во евра (2018) - 20.850 (Франција како целина - 21.730, департман Манш - 20.980).

Демографија[уреди | уреди извор]

Динамика на населението, популација

Администрација[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Авранш од 2014 г. е Дејвид Николас. На општинските избори во 2020 година, центристичката листа на која што бил носител победила во вториот круг со 58,98 % од гласовите.

Список на градоначалници:
Период Име Партија Белешки (уреди)
1953 година 1983 година Леон Јосо-Мариг Унија за француска демократија адвокат,
Претседател на Генералниот совет на Департманот,
Претседателот на Регионалниот совет на Горна Нормандија,
сенатор
1983 година 1989 година Фернан Ле Приер Независен кандидат адвокат
1989 година 2001 година Рене Андре Здружување за Републиката адвокат,
Пратеник во француското национално собрание
2001 година 2014 година Гвенел Ју Обединување за поддршка на Републиката
Сојуз за народното движење
државен вработен,
член на Генералниот совет на одделот,
Член на Регионалниот совет на Горна Нормандија,
Пратеник во француското национално собрание
2014 година Давид Никола Различни центристи историчар

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Луѓе родени во Авранш[уреди | уреди извор]

  • Франсоа Рише (1718-1790), адвокат
  • Адријан Рише (1720-1798), историчар и писател
  • Жан-Мари Валубер (1764-1805), генерал, учесник во Наполеоновите војни
  • Жан-Лук Понти (1942), џез виолинист и композитор
  • Самуел Ле Бијан (1965), глумец

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Авранш“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург. 1890–1907.

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]