Јакуб Маречко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јакуб Маречко
Маречко на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело имеЈакуб Маречко
Роден30 април 1994 (1994-04-30) (25 г.)
Јарослав,  Полска
Висина1,69 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубССС Тим
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови
2013–2014 Вирис Масерати
Професионални клубови
2015–2018
2019-
Саутист Про Сајклинг
ССС Тим
Последна промена
26 мај 2019

Јакуб Маречко (италијански: Jakub Mareczko; р. 30 април 1994) — италијански професионален друмски велосипедист со полско потекло.[1] Тој е спринтер и настапува за UCI World Tour екипата ССС Тим.[2]

Маречко се смета од италијанскиот национален велосипедски тренер Давиде Касани како еден од најголемите надежи на италијанскиот велосипедизам.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Маречко е роден во Полска на 30 април 1994 година, се преселил со неговата мајка во Бреша, Италија, кога имал пет години.[4]

Било објавено дека Маречко го потпишал неговиот професионален договор со тогашната екипа Нери Сотоли во јули 2014 година.[5] Настапувајќи како аматерски велосипедист во сезоните 2013 и 2014, освоил 16 трки со што бил забележан од Давиде Касани.[6] Бил најуспешен возач под 23 години во Италија во 2014 година.[7] Маречко бил сметан за голема надеж за Саутист Про Сајклинг, која имала сериозен проблем со постојаните допинг-скандали; екипата исто така потпишала со ветеранот спринтер Алесандро Петаки со надеж дека ќе му помогне на Маречко да се развие како велосипедист (особено да стане посилен на искачувањата), како и со можност да го води во спринтовите.[7][8]

Први победи на Маречко како професионален велосипедист биле на Вуелта ал Тахира 2015, каде ги освоил етапите 3 и 4.[4][9] Тогаш бил избран да ја води италијанската национална екипа на спринтерските етапи на Тур де Сан Луис 2015 каде два пати завршил меѓу првите десет, вклучувајќи трето место на завршната етапа зад Марк Кевендиш и Фернандо Гавирија. Ги започнал Омлоп Хет Ниусблад и Курне-Брисел-Курне, но не ги завршил. Завршил трет на втората етапа на Тур де Лангкави, а подоцна втор на четвртата и шестата етапа. Сезоната на калдрмисани класици продолжила со учеството на Дварс дор Вландерен, Е3 Харелбеке, Гент-Вевелгем, Три дена Де Пане и Схелдепрејс, иако не завршил на ниедна од овие трки.[9]

Маречко ја освоил втората етапа на Вуелта а Венецуела 2015. Негова прва победа со професионална екипа била на крајот на сезоната 2015, кога ја освоил шестата етапа на Трката околу Хајнан.[10] Неколку дена пред победата, Саутист објавиле дека неговиот договор бил продолжен за следните две сезони.[11] Следеле уште победи во Кина: на Трката околу Езеро Таиху, Маречко освоил седум од деветте етапи во масовни спринтови. Исто така, го освоил генералниот пласман, бодовниот пласман и пласманот за млад возач.[12]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[13] но ја напуштил трката на петтата етапа.[14]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2014
1. Сиркуито дел Порто
2015
1. Jersey orange.svg Краен пласман Трка на Езеро Таиху
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
Вуелта ал Тахира
1. Етапа 3
1. Етапа 4
Вуелта а Венецуела
1. Етапа 2
1. Етапа 9
1. Етапа 6 Трка околу Хајнан
2016
Трка околу Езеро Ќингхај
1. Етапа 2
1. Етапа 11
1. Етапа 13
Трка околу Турција
1. Етапа 5
1. Етапа 8
Трка на Езеро Таиху
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 6
1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
1. Етапа 6 Тур де Лангкави
1. Етапа 3 Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1. Тур Јанченг Костал Ветландс
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство под 23 години
10. Гран при д’Изберг
2017
1. Jersey orange.svg Краен пласман Трка на Езеро Таиху
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 7
Трка околу Хајнан
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
Тур де Лангкави
1. Етапа 3
1. Етапа 7
1. Етапа 3 Тур де Бретања
2018
Трка околу Мароко
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 10
Трка Шарџа
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Трка на Езеро Таиху
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 5 Трка околу Кина II
1. Етапа 1 Трка околу Хајнан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Vuelta al Tachira, bis di Mareczko“. La Gazzetta dello Sport (италијански). 12 јануари 2015. конс. 10 март 2015. 
  2. Ferri, Marco. „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“, „SpazioCiclismo“, Gravatar, 24 декември 2018 (посет. 2 јануари 2019 г). (на (италијански))
  3. Фаранд, Стивен (16 јануари 2015). „Cassani optimistic about Italian cycling new generation of riders“. Cyclingnews.com. конс. 10 март 2015. 
  4. 4,0 4,1 Браун, Грегор (13 јануари 2015). „Jakub Mareczko to line up against Mark Cavendish at Tour de San Luis“. Cycling Weekly. конс. 10 март 2015. 
  5. „GRANDE COLPO DELLA NERI SOTTOLI ALE': ACCORDO BIENNALE CON IL VELOCISTA UNDER 23 JAKUB MARECZKO“. yellowfluoteam.com (италијански). 23 јули 2014. конс. 10 март 2015. 
  6. Вигано, Данило (22 ноември 2014). „Diciotto neopro' a scuola. Cassani: "Onorate il ciclismo". La Gazzetta dello Sport. конс. 10 март 2015. 
  7. 7,0 7,1 „Mareczko ready to take on Cavendish in San Luis sprints“. Cyclingnews.com. 28 јануари 2015. конс. 10 март 2015. 
  8. Стоукс, Шејн (7 јануари 2015). „Petacchi prolongs career with former Neri Sottoli squad, team now named Southeast Pro Cycling“. Cyclingtips.com.au. конс. 10 март 2015. 
  9. 9,0 9,1 „Jakub Mareczko“. ProCyclingStats. конс. 10 март 2015. 
  10. „Jakub Mareczko“. ProCyclingStats. конс. 25 октомври 2015. 
  11. Trade news round-up: Betancur to Movistar, and more“, „Velonews“, Competitor Group, Inc., 16 октомври 2015 (посет. 25 октомври 2015 г).
  12. „Mareczko secures overall victory at the Tour of Taihu Lake“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 ноември 2011. конс. 8 ноември 2015. 
  13. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. конс. 6 мај 2016. 
  14. „Greipel gallops to stage honours on Giro d’Italia stage five“. Cycling Tips. конс. 12 мај 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]