Грег ван Авермет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грег ван Авермет
Ван Авермет по Париз-Рубе 2015
Лични податоци
Цело имеГрег ван Авермет
Прекар
  • Ави[1]
  • ГВА[1]
  • Крал на Фландрија[2]
Роден17 мај 1985 (1985-05-17) (35 г.)
Локерен,  Белгија
Висина1,81 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубССС Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2006

2007–2010
2011–
Бодисол-Вин фор Лајф-Јонг Вландерен
Предиктор-Лото
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2015, 2016)
2 ТТТ етапи (2015, 2018)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2008)
1 поединечна етапа (2008)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2016)
Трка околу Белгија (2015)
Тур де Валони (2011, 2013)
Трка околу Луксембург (2017)
Тур де Јоркшир (2018)

Еднодневни трки и класици

Олимписка друмска трка (2016)
Париз-Рубе (2017)
Гент-Вевелгем (2017)
Е3 Харелбеке (2017)
ГП Монтреал (2016, 2019)
Омлоп Хет Ниусблад (2016, 2017)
Париз-Тур (2011)
Меморијал Рик ван Стенберген (2007)

Други

Светска турнеја UCI (2017)
Американска турнеја UCI (2016)
Последна промена
3 август 2020

Грег ван Авермет (холандски: Greg Van Avermaet; р. 17 мај 1985) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ССС Тим.[3]

Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам,[4] Ван Авермет е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен, како што се Тирено-Адријатико 2016[5] и Тур де Јоркшир 2018. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства.[6]

Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016[7][8] и освоил други еднодневни трки, како што се Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017. На големите трки, Ван Авермет има освоено две поединечни етапни победи на Тур де Франс и ја носел жолтата маичка единаесет дена во текот на изданијата 2016 и 2018 и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, со една етапна победа во 2008 година. Ван Авермет бил исто така победник на Светската турнеја 2017.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ран живот и аматерска кариера[уреди | уреди извор]

Семејството на Ван Авермет било семејство на велосипедисти, неговиот татко и дедо биле професионални велосипедисти. Започнал со велосипедизам на 19 години, претходно играјќи фудбал како голман.[9] Во 2006 година станал белгиски аматерски првак.

2007-2010[уреди | уреди извор]

Ван Авермет возел четири години за екипата Предиктор-Лото

Во 2007 година го потпишал својот прв професионален договор со екипата Предиктор-Лото и освоил четири трки во првата година.[10] На Трката околу Катар, негова прва професионална трка за новата екипа, ја освоил петтата етапа во спринт во групата на бегството, по што следеле бројни блиски завршници на помали трки. Неговите резултати му го донеле учеството на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе - негов најдобар резултат било 29. место на Париз-Рубе. Неколку месеци подоцна освоил етапа на Тур де Валони, како и престижната еднодневна Трка околу Хајнлајте во Германија и Меморијал Рик ван Стенберген во Белгија.[11][12] Го имал својот прв настап на Светското првенство во Штутгарт, каде завршил на 63. место во друмската трка.

Пробивот на Ван Авермет бил во 2008 година. Завршил трет на Е3 Харелбеке откако бил во бегство и осми на неговиот втор настап на Трката околу Фландрија.[13][14] Во мај освоил етапа на Трката околу Белгија, но ја загубил водечката маичка следниот ден од Стејн Деволдер и завршил втор во генералниот пласман. Подоцна, бил четврти на националното друмско првенство.

На лето освоил етапи на Тур де Валони и Тур де л’Ен, како и седмо место на ГП Западна Франција во Плуе, пред да го има својот прв настап на некоја голема трка, Вуелта а Еспања. Имал забележливо деби, со победа на деветтата етапа на трката, кога ги претекнал останатите членови на бегството, пред Давиде Ребелин.[15] По неколку други завршници во првите десет, исто така го освоил завршниот бодовен пласман пред Алберто Контадор и Алехандро Валверде.[16] Една недела подоцна, завршил на 17. место на Светското друмско првенство. На крајот на 2008 година ја добил наградата „Фландриец на годината“ од белгиските новинари.

Сезоната 2009 се покажала тешка година, со само една победа, Хеистсе Пејл и неколку завршници на подиумот. Го имал својот прв настап на Тур де Франс со четврто и седмо место на подоцнежните етапи како најдобри резултати. Завршил на Тур де Франс на 89. место.

Во 2010 година немал победа и не бил вклучен во составот за Тур де Франс. Завршил на 49. место на неговото второ учество на Вуелта а Еспања, пред да учествува на Светското првенство во Австралија. Завршил петти на друмската трка, во спринт освоен од Тор Хушовд.[17] На крајот на сезоната изјавил дека ја напушта екипата Омега Парма-Лото.

2011: Прва победа на класик на Париз-Тур по спринт со Марко Маркато.

2011[уреди | уреди извор]

Во 2011 година се приклучил на екипата БМЦ Рејсинг Тим. По започнувањето на сезоната на Трката околу Катар, започнал забележлива кампања на пролетните класици, на кои бил еден од најнапаѓачките возачи. Деветто место на Милано-Санремо и седмо на Лиеж-Бастон-Лиеж биле негови најдобри резултати. По пролетните класици, завршил втор на Трката околу Белгија.

Летото ги освоил првите победи за неговата нова екипа. Освоил етапа и бодовниот пласман на Трката околу Австрија[18] и го освоил генералниот пласман и завршната етапа на Тур де Валони.[19] Настапил на Енеко Тур и Вуелта а Еспања на кои завршил помеѓу првите 20. Во октомври го освоил својот прв класик, победувајќи го Марко Маркато во меѓусебен спринт на Париз-Тур 2011.[20] Ја завршил сезоната со второ место на Тур де Пиемонте и дванаесетто место на Џиро ди Ломбардија.

2012-2014[уреди | уреди извор]

Пролетта во 2012 година, Ван Авермет станал фаворит на класиците со неколку силни настапи. Рано во сезоната бил петти на обете трки, Омлоп хет Ниувсблад и Страде Бјанке,[21][22] пред да се насочи на калдрмисаните класици. Завршил четврти на Трката околу Фландрија, каде го освоил спринтот во завршницата, 40 секунди зад водечкото бегство.[23]

На лето, повторно го пропуштил Тур де Франс и бил многу блиску до освојување на трката од Светската турнеја Гран при Квебек. Започнал силен напад на стрмното искачување Кот де ла Монтањ, на околу 4 километри пред крајот, но бил следен од Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ). Двоецот направил доволна предност пред групата и учествувал во спринт, каде Геранс се покажал подобар.[24] Повторно бил втор пет дена подоцна на Гран при де Валони, пред да настапи на Светското друмско првенство во Холандија. Завршил на 25. место, откако одиграл улога на поддршка за колегата Филип Жилбер, кој освоил светска титула.[25] Ја завршил сезоната со осми места на Џиро дел Пиемонте и Париз-Тур.[26]

Ван Авермет ја прославува победата на првата етапа на Трката околу Јута 2013

Во 2013 година, Ван Авермет завршил помеѓу првите десет на неколку пролетни класици. Завршил петти на Омлоп Хет Ниувсблад, шести на Страде Бјанке, трет на Гент-Вевелгем, седми на Трката околу Фландрија, четврти на Париз-Рубе и шести на Брабантсе Пејл, но повторно не успеал да освои една трка.

Подоцна во годината, имал силна летна сезона, започнувајќи со две етапни победи и крајна победа на Тур де Валони,[27][28] како и победа на првата етапа на Трката околу Јута и неколку завршници помеѓу првите пет на САД Про Сајклинг Челинџ.[29] На ГП Западна Франција бил достигнат од главната група на 300 метри од целта по доцното бегство. На трките во Канада, завршил трет на Гран при де Квебек и четврти на Гран при де Монтреал.[30][31] Назад во Европа, завршил на 23. место на друмската трка на Светското првенство во Фиренца и на 19. место на Џиро ди Ломбардија.[32] На крајот на 2013 година, со четири победи, по вторпат ја освоил наградата „Фландриец на годината“.[33]

Во 2014 година, Ван Авермет започнал уште една силна пролетна сезона, но повторно не успеал да освои еден класик. Завршил втор на Омлоп Хет Ниувсблад и на Трка околу Фландрија, губејќи ги двете трки во спринт.[34][35] На лето, учествувал на Тур де Франс и му помогнал на неговиот предводник Тиџеј ван Гардерен да го заземе петтото место во генералниот пласман.[36]

Подоцна во сезоната, Ван Авермет го освоил осмото место на Класика де Сан Себастијан и петтото на Енеко Тур, како и една етапна победа. Завршил петти на Гран при де Квебек — негова трета последователна завршница меѓу првите пет во Квебек — и седми на Гран при де Монтреал.[37] Во септември, Ван Авермет ја заработил престижната победа на ГП де Валони. Бил дел од бегство на четворица возачи кои се одвоиле на 20 километри пред целта и групата им била зад петици, но Ван Авермет нападнал во последните кривини за да ја помине целта прв за втора победа во сезоната.[38] Неколку дена подоцна победил на ГП Импанис-Ван Петегем, што му го донело водството во белгиската репрезентација на Светското првенство во Понферада, Шпанија.[39] Бил во водечкото бегство на друмската трка, но и покрај помошта од колегата од БМЦ и сонародникот Филип Жилбер, не можел да го спречи крајниот напад на Михал Квјатковски и завршил петти.[40] Ја завршил сезоната со 39. место на Париз-Тур.[41]

Подоцна, во текот на октомври, било објавено дека Ван Авермет ја освоил наградата Фландриец на годината, втора сезона по ред, трета вкупно.[42]

Ван Авермет (десно) на подиумот по завршувањето на третото место на Париз-Рубе 2015

2015[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Ван Авермет традиционално ја започнал сезоната на арапските трки, Трка околу Катар и Трка околу Оман, каде завршил трет на две етапи. По уште една завршница меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниувсблад, завршил втор на Страде Бјанке зад Здењек Штибар.[43] Ја освоил првата победа во сезоната на третата етапа на Тирено-Адријатико со освојување на спринт, победувајќи ги Петер Саган и Здењек Штибар.[44] На калдрмисаните класици, имал тежок пад на Е3 Харелбеке, скоро загрозувајќи ги априлските класици.[45] Во април се искачил на третото скалило на подиумот на Трката околу Фландрија откако го отфрлил Петер Саган додека ја бркал победничката двојка напред.[46] Недела подоцна имал престижен пласман на подиумот на Париз-Рубе, завршувајќи трет по нападот во последните километри.[47] И покрај тоа што бил под истрага за допинг во тоа време (видете подолу), Ван Авермет учествувал на Амстел Голд Рејс и завршил на петтото место.[48]

Грег ван Авермет на презентацијата на екипата за Тур де Франс 2015, на која освоил една етапа.

Во мај, како дел од подготовките за Тур де Франс, Ван Авермет ја освоил завршната етапа и генералниот пласман на Трката околу Белгија.[49] Учествувал на Тур де Свис, завршувајќи шести на прологот и трет на четвртата етапа.[50] Ван Авермет бил избран да вози на Тур де Франс 2015 и му помогнал на БМЦ Рејсинг Тим да го освоил екипниот хронометар на деветтата етапа. На 17 јули 2015 година, Ван Авермет ја освоил својата прва поединечна етапа на Тур на тринаесеттата етапа. Го претекнал носителот на зелената маичка Петер Саган и сонародникот Јан Бакелантс на завршница на нагорнина.[51] Се повлекол од трката три дена подоцна поради тоа што неговата добил дете.[52]

На помалку од две недели подоцна, на 1 август 2015 година, Ван Авермет нападнал на последното искачување на Класика де Сан Себастијан за водство на трката пред Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ), но кон врвот бил удрен од одзади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил фрлен на подот и рамот на неговиот велосипед се скршил; Ван Авермет не можел да ја заврши трката.[53] По несреќата тврдел дека падот го чинело победа, а неговата екипа се заканила со тужба поради „милиони долари изгубени во публицитет“.[54] Неколку дена подоцна настапил на Енеко Тур и завршил втор, една минута зад победникот Тим Веленс.[55]

Како подготовка за Светското друмско првенство, завршил петти на Ватенфал Класик во Хамбург и настапил на канадските трки.[56] Сметан за фаворит на Светското друмско првенство, нападнал на последното искачување на трката, но бил претекнат од Петер Саган и за малку не успеал да остане на тркалото на Словакот. Неговите обиди за достигнување на Саган потфрлиле бидејќи членот од бегството Едвалд Боасон Хаген не му било дозволено да работи во потерата и обајцата биле достигнати од главната група во завршниот километар.[57][58] Ван Авермет завршил на 23. место.[59] Негова последна трка во сезоната била Париз-Тур, каде бил во победничкото тричлено бегство и фаворит за победа во спринтот, кога му се дупнала гумата на еден километар од целта и завршил на разочарувачкото трето.[60] На крајот на годината, Ван Авермет ги добил наградите „Кристален велосипед“ и „Фландриец на годината“ како најдобар белгиски велосипедист на годината,[61][62] а бил втор на изборот за белгиски спортист на годината зад фудбалерот Кевин де Брујне.[63]

На подиум на Омлоп Хет Ниувсблад со неговата ќерка Флер, Петер Саган (л.) и Тиш Бенот (д.).

2016[уреди | уреди извор]

Во 2016 година ја започнал сезоната силно, со бројни завршниците помеѓу првите петорица на Трката околу Катар и Трката околу Оман.[64] На крајот од февруари ја освоил Омлоп Хет Ниувсблад, откако го победил Петер Саган во петочлениот спринт во Гент.[65][66] Завршил шести на Страде Бјанке,[67] пред да настапи на Тирено-Адријатико, каде бил во победничката екипа на воведниот екипен хронометар.[68] По откажувањето на кралската етапа на Тирено, ја освоил шестата етапа во спринт со Петер Саган,[69] при што на завршниот хронометар во Сан Бенедето дел Тронто влегол како предводник. Успешно го одбранил своето водство и го освоил Тирено-Адријатико со една секунда пред Саган; негова прва победа на етапна трка од Светската турнеја.[5] По Тирено бил петти на Милано-Санремо.[70][71]

По враќањето од повредата настапил на Тур де Франс. Ја освоил петтата етапа, негова втора етапна победа на Тур де Франс, по долго бегство и откако ги поминал завршните 17 километри сам.[72] Исто така, ја носел жолтата маичка три дена.[6]

На 6 август 2016 година, Ван Авермет ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.[8] Првично се приклучил на шестчленото бегство на првиот од трите круга на Виста Чинеза и успеал да одржи контакт со неколку специјалисти за искачување на следните искачувања. Ван Авермет бил поминат од Винченцо Нибали, Серхио Енао и Рафал Мајка на завршното искачување, но откако Нибали и Енао паднале на завршниот спуст, Ван Авермет заедно со Јакоб Фуглсанг го достигнале Мајка кон целта.[73][74] Ван Авермет го освоил спринтот меѓу тројцата на плажата Копакабана, освојувајќи го златниот олимписки медал.[75][76]

Подоцна во сезоната завршил втор на Гран при де Квебек зад Петер Саган, но го освоил Гран при де Монтреал пред Саган,[77] завршувајќи четврт на Енеко Тур,[78] како и на Бинше-Шиме-Бинше.[79] Ја завршил сезоната со 10. место на Светското друмско првенство во Катар.[80]

2017[уреди | уреди извор]

Откако имал фрактура на зглобот во зимата,[81] Ван Авермет ја започнал својата сезона во февруари на Волта а ла Комунитат Валенсијана,[82] на која екипата БМЦ го освоила воведниот екипен хронометар.[83] Подоцна во февруари возел на Трката околу Оман, пред да настапи на воведната недела на белгиски трки. Вторпат по ред ја освоил Омлоп Хет Ниусблад, повторно победувајќи го Петер Саган во тричлен спринт во Гент;[84] и завршил седми на Курне-Брисел-Курне следниот ден.[85]

Како обично, продолжил со пролетниот дел од сезоната на италијанските трки Страде Бјанке, на која завршил втор зад Михал Квјатковски;[86] Тирено-Адријатико, на која неговата екипа БМЦ го освоиле екипниот хронометар и бил во водство на трката еден ден;[87] и завршил на 21. место на Милано-Санремо.[88] На 24 март 2017 година, Ван Авермет победил на Е3 Харелбеке во тричлен спринт, пред Белгијците Филип Жилбер и Оливер Несен.[89] Два дена подоцна, продолжил со победничката треска со победа на Гент-Вевелгем во спринт на двајца против Јенс Кекелејре.[90] Двоецот се одвоил од избрана група на возачи кон Вевелгем.[91][92] Ван Авермет станал втор возач кој ги освоил Омлоп Хет Ниусблад, Е3 Харелбек и Гент-Вевелгем во иста сезона, по Јан Рас во 1981 година и го преземал водството на Светската турнеја.[93]

Грег ван Авермет првпат освоил некој монумент во 2017 со победата на Париз-Рубе. (на фотографијата на третото место во водечката група на 26 километри до целта)

Чекајќи ја својата прва победа на некој монумент, бил фаворит за Трката околу Фландрија, но паднал на завршното искачување на Ауде Кваремонт заедно со Петер Саган, кога го следеле Филип Жилбер. Запрен во оваа потера, завршил втор зад неговиот поранешен колега Жилбер.[94] На 9 април 2017 година, Ван Авермет ја освоил Париз-Рубе, со што стигнал до својата прва победа на монумент во кариерата.[95] По механички дефект на 100 километри од целта и 22-километарска потера да се врати во групата, го направил одлучувачкиот потег на 30 километри пред целта. Се одвоил со петмина други на секторот со калдрма Темплев во потера на неговиот колега Даниел Ос. По секторот Карфур де л’Арбр, само Здењек Штибар и Себастијан Лангевелд биле со него, и Ван Авермет ги претекнал за победа на велодромот во Рубе. Просечната брзина на Ван Авермет била 45,204 км била најбрза во историјата на Париз-Рубе, рушејќи го претходниот рекорд поставен од Петер Пост во 1964 година.[96][заб. 1] Трката била исто така прва победа на монумент за ССС Тим.[97] Ја завршил својата пролетна кампања со 12. место на Амстел Голд Рејс и 11. место на Лиеж-Бастон-Лиеж.[98][99]

2018[уреди | уреди извор]

Ван Авермет ја носел жолтата маичка осум дена на Тур де Франс 2018 (фотографиран на деветтата етапа)

Како светски број еден, Ван Авермет ја започнал сезоната 2018 со 20. место на Трката околу Валенсија и со 16. место на Трката околу Оман, на која ја освоил третата етапа во групен спринт.[100] Продолжил со 50. место на Омлоп Хет Ниусблад,[101] 34. на Страде Бјанке,[102] 20. на Тирено-Адријатико,[103] и 17. на Милано-Санремо.[104] На калдрмисаните класици во Белгија и Франција, Ван Авермет бил на чело на секоја трка, но не успеал да победи, завршувајќи трет на Е3 Харелбеке,[105] 14. на Гент-Вевелгем,[106] и осми на Дварс дор Вландерен.[107] На Трката околу Фландрија забрзал на Тајенберг, на 38 километри од целта, но не успеал да се одвои и завршил петти.[108] Една недела подоцна завршил четврти на Париз-Рубе, откако не успеал неговиот потег на секторот Оши ле Орки по контранападот на крајниот победник Петер Саган на 54 километри од Рубе.[109]

Во мај ја освоил Тур де Јоркшир по напад на завршната етапа до Лидс.[110] Го освоил воведниот екипен хронометар со БМЦ на Тур де Свис во јуни, пред да настапи на Тур де Франс. Ван Авермет ја презел жолтата маичка на третиот ден на Тур откако БМЦ го освоил екипниот хронометар.[111] Завршил втор, во жолтата маичка, на деветтата етапа до Рубе, која вклучувала калдрма во должина од 21,7 километри. Ван Авермет бил поразен од Џон Дегенколб во трочлениот спринт откако се одвоиле на 17 километри пред целта.[112] Успеал да ја задржи маичката уште еден ден откако се нашол во бегство и завршил четврти на првата планинска етапа до Ле Гран Борнан.[113] Ја носел жолтата маичка осум дена и завршил 28. во генералниот пласман.[114]

Во август, Ван Авермет завршил четврти на Класика де Сан Себастијан,[115] 25. на Европското друмско првенство во Глазгов и шести на БинкБенк Тур.[116] Подоцна во сезоната го осигурал второто место на ГП Квебек и третото на ГП Монтреал, на двапати зад победникот Мајкл Метјус.[117] Ја завршил сезоната на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија. Го освоил бронзениот медал со БМЦ на екипниот хронометар и завршил на 50. место на друмската трка.[118]

2019[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, БМЦ го променил спонзорот по смртта на сопственикот на екипата, Енди Рис. Полскиот дистрибутер на чевли ССС станал нов спонзор, оставајќи го Ван Авермет како предводник на екипата.[119] Ја започнал сезоната со етапна победа и 21. место во генералниот пласман на Волта а ла Комунитат Валенсијана и 17. место на Трката околу Оман, но не успеал да обезбеди победа на класиците.[120] Завршил втор на Омлопт Хет Ниусблад зад Здењек Штибар, шести на Страде Бјанке, трет на Е3 Харелбеке и разочарувачко десетто на Трката околу Фландрија.[121] На 15 септември 2019 година, Ван Авермет го освоил ГП Монтреал вторпат во неговата кариера.[122]

Обвинувања за допинг[уреди | уреди извор]

Во април 2015 година, Кралската белгиска велосипедистичка лига побарала двегодишна забрана за Ван Авермет, дисквалификација на неговите резултати во текот на сезоната 2012 и казна од 262.500 евра по истрагата за сомнителни антидопинг обвинувања. Било објавено во белгиските медиуми дека нивните обвинувања биле насочени на употребата на кортикоид дифрофос и ваминолакт, забранета храна за бебиња.[123][124] На 7 мај 2015 година било објавено дека Авермет бил прогласен за невин за сите обвинувања.[125]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. MaillotBélgica.PNG Национален друмски првак под 23 години
2. Париз-Тур под 23 години
2007
1. Етапа 5 Трка околу Катар
1. Етапа 2 Тур де Валони
1. Трка околу Хајнлајте-Ерфурт
1. Меморијал Рик ван Стенберген
8. Ватенфал Класик
2008
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
1. Етапа 9 Вуелта а Еспања
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3
3. Краен пласман Трка околу Катар
3. Е3 Харелбеке
8. Трка околу Фландрија
2009
1. Хајстсе Пајл
4. Омлоп Хет Ниувсблад
2010
5. Светско друмско првенство UCI
8. Брабант Пајл
2011
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 5
1. Етапа 6 Трка околу Австрија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Париз-Тур
2. Краен пласман Трка околу Белгија
3. Класика де Сан Себастијан
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
9. Милано-Санремо
9. Монтепаски Страде Бјанке
2012
2. Гран при Квебек
2. Гран при де Валони
4. Трка околу Фландрија
5. Омлоп Хет Ниувсблад
5. Страде Бјанке
5. Брабант Пајл
6. Париз-Тур
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 Трка околу Јута
3. Гент-Вевелгем
3. Гран при Квебек
4. Париз-Рубе
4. Гулегем Курсе
4. Гран при Монтреал
5. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2 (ТТТ)
6. Страде Бјанке
6. Брабант Пејл
6. ГП Кантон Аргау
7. Трка околу Фландрија
2014
1. Гран при де Валони
1. ГП Импанис-Ван Петегем
2. Омлоп Хет Ниувсблад
2. Трка околу Фландрија
5. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 5
5. Гран при Квебек
7. Гран при Монтреал
8. Класика де Сан Себастијан
10. Е3 Харелбеке
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2015
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
Тур де Франс
1. Етапа 9 (ТТТ)
1. Етапа 13
2. Страде Бјанке
2. Краен пласман Енеко Тур
3. Трка околу Фландрија
3. Париз-Рубе
3. Париз-Тур
5. Краен пласман Трка околу Катар
5. Амстел Голд Рејс
5. Ватенфал Класик
6. Омлоп хет Ниубсблад
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
10. Гран при Квебек
2016
1. Gold medal olympic.svg Олимписка друмска трка
1. Jersey blue.svg Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
1. Етапа 5 Тур де Франс
1. Гран при де Монтреал
1. Омлоп Хет Ниусблад
1. Гулегем Курсе
1. Етапа 5 (ТТТ) Енеко Тур
1. Светски пласман UCI (1 седмица)
2. Гран при де Квебек
3. Краен пласман Трка околу Катар
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Енеко Тур
4. Бинше-Шиме-Бинше
5. Милано-Санремо
5. Класика де Сан Себастијан
6. Страде Бјанке
9. Гент-Вевелгем
10. Светско друмско првенство
2017
1. Краен пласман Светска турнеја
1. Париз-Рубе
1. Гент-Вевелгем
1. Е3 Харелбеке
1. Омлоп Хет Ниусблад
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Трка околу Фландрија
2. ГП Квебек
2. Страде Бјанке
4. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Светско друмско првенство
7. Курне-Брисел-Курне
7. ГП Монтреал
8. Класика де Сан Себастијан
10. Класик Бретања
2018
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Тур де Јоркшир
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Тур де Франс
1. Етапа 3 (ТТТ)
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 10
1. Етапа 3 Трка околу Оман
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Свис
1. Етапа 3 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. ГП Квебек
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
3. Е3 Харелбеке
3. ГП Монтреал
4. Париз-Рубе
4. Класика де Сан Себастијан
5. Светска турнеја
5. Трка околу Фландрија
6. Краен пласман БинкБенк Тур
8. Дварс дор Вландерен
2019
1. ГП Монтреал
1. Етапа 4 Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Краен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 4
2. Класика де Сан Себастијан
2. Омлоп Хет Ниусблад
3. Е3 БинкБенк Класик
3. ГП Квебек
4. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Страде Бјанке
6. Класик Бретања
7. Класик Примус
8. Светско друмско првенство
10. Трка околу Фландрија
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 18 на Тур де Франс
2020
8. Страде Бјанке

Резултати на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Jersey pink.svg Џиро не настапил во текот на кариерата
Jersey yellow.svg Тур 89 38 СО 44 58 28 36
Jersey red.svg Вуелта 66 49 83
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Jersey gold.svg Трка околу Катар 47 3 72 60 6 31 5 3 трката не се одржала
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 59 12 29 СО 49 48 1 36 20 16
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 45 76
Jersey yellow.svg Тур де Свис 54 82 43 60 СО 121 33 48 29 48 НСО
Jersey white.svg БинкБенк Тур 30 15 14 31 5 2 4 4 6 4

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите од класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо 53 13 47 9 69 36 25 19 5 21 17 42
Трка околу Фландрија СО 8 35 39 22 4 7 2 3 СО 2 5 10
Париз-Рубе 29 27 38 27 4 17 3 1 4 12
Лиеж-Бастон-Лиеж 7 73 63 11 52
Џиро ди Ломбардија 16 12 17 19 СО
Класик 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Омлоп Хет Ниусблад 84 4 108 30 5 5 2 6 1 1 50 2 13
Курне-Брисел-Курне СО 81 101 24 69 74 7 56 26
Страде Бјанке 13 9 5 6 2 6 2 34 6 8
Е3 Харелбеке 89 3 28 26 26 24 10 88 1 3 3 НСО
Гент-Вевелгем 170 13 27 3 28 36 9 1 14 20
Схелдепрејс 102 89
Брабантсе Пејл 8 15 5 6
Амстел Голд Рејс 84 24 36 16 40 5 12 14 14
Флеш Валон 15 40
Класика де Сан Себастијан 11 3 13 18 8 СО 5 8 4 2 НСО
Јуроајс Класик 8 79 65 38 61 5 30 НСО
Класик Бретања 7 24 37 71 76 73 46 10 10
Гран при Квебек трката не постоела 2 3 5 10 2 2 2 3 НСО
Гран при Монтреал 14 4 7 37 1 7 3 1 НСО
Париз-Тур 48 132 14 16 1 6 48 39 3 77

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на првенствата[уреди | уреди извор]

2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Gold medal olympic.svg Олимписки игри не се одржала не се одржала 92 не се одржала 1 не се одржала
Jersey rainbow.svg Светски првенства 63 17 44 5 175 25 23 5 23 10 6 50 8
MaillotBélgica.PNG Национални првенства 30 4 4 4 27 27 7 9 3 3 62 14 18

СО = се откажал; — = не учествувал

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Рекордот на Петер Пост од 1964 година бил поставен во ера, кога рутата на трката имала помалку сектори со калдрма.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ride like the pros: Greg van Avermaet“. Cyclist. Dennis Publishing Limited. 11 април 2017. Посетено на 15 јули 2017.
  2. „Van Avermaet: This year I feel like it's my turn“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 март 2017. Посетено на 15 јули 2017.
  3. „Valter completes CCC Team's 2020 roster“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 ноември 2019. Посетено на 1 јануари 2020.
  4. „Matthews: I'd like to be as versatile as Van Avermaet“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. 15 април 2017. Посетено на 18 април 2017.
  5. 5,0 5,1 Вин, Најџел. „Greg Van Avermaet wins Tirreno-Adriatico overall“. cycling weekly. Посетено на 15 март 2016.
  6. 6,0 6,1 „Tour de France: Van Avermaet strengthens hold on yellow jersey“. cyclingnews.com. Посетено на 6 август 2016.
  7. „Van Avermaet stuns the climbers to take gold in Rio“. VeloNews. Посетено на 6 август 2016.
  8. 8,0 8,1 „Van Avermaet wins gold in men's road race at Olympic Games“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 7 август 2016.
  9. Боден, Матје (27 февруари 2015). „Van Avermaet Q&A: In search of brilliance, and Flanders“. VeloNews. Посетено на 23 февруари 2015.
  10. Hazen, Bart. „Silence/Lotto 2008 - "Everything On the Tour de France“. Daily Peloton. Посетено на 15 март 2016.
  11. Вестемајер, Сузан. „Van Avermaet first Belgian to win the Hainleite“. cyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  12. „Van Avermaet etaleert talent in Memorial Rik Van Steenbergen“. Het Nieuwsblad (холандски). Посетено на 15 март 2016.
  13. „Kurt-Asle Arvesen wint de E3-Prijs Vlaanderen“. Het Nieuwsblad. Посетено на 15 март 2016.
  14. Браун, Грегор; Декалуве, Брехт; Кренер, Хедвиг. „Devolder shines in Belgian driekleur“. Сyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  15. Стоукс, Шејн; Хаке, Бјорн. „Stage 9 - September 8: Viella - Sabiñánigo, 200.8km. Van Avermaet scoops biggest triumph, Martinez grabs lead“. Сyclingnews.com. Sabiñánigo. Посетено на 27 февруари 2016.
  16. „Breschel tops sprint ahead of historic Contador win“. Сyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  17. „Thor Hushovd wins the rainbow jersey for Norway“. Cycling Weekly. Посетено на 15 март 2016.
  18. Вестемајер, Сузан. „Van Avermaet wins stage 6“. cyclingnewscom. Посетено на 14 март 2016.
  19. Фаранд, Стивен. „Van Avermaet wins overall“. cyclingnews.com. Посетено на 14 март 2016.
  20. „Van Avermaet pakt 1e klassieke zege in Parijs-Tours“. Sporza (холандски). Посетено на 27 февруари 2016.
  21. „Fabian Cancellara wins Strade Bianche“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  22. „Vanmarcke wins Omloop Het Nieuwsblad“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  23. „Ronde van Vlaanderen“. Sportwereld (холандски). Mediahuis. Посетено на 9 март 2016.
  24. „Геранс победи на ГП Квебек“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 7 септември 2012. Посетено на 11 септември 2012.
  25. Бенсон, Даниел. „Gilbert wins world championship in Valkenburg“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  26. Кене, Жан Франсоа. „Marcato wins Paris-Tours“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  27. „Van Avermaet wins stage 5 and overall at Tour de Wallonie“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  28. „Van Avermaet takes one for BMC in Wallonie“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  29. „Van Avermaet wins Tour of Utah opening stage“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  30. Хајмас, Питер. „Gesink wins GP de Quebec“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  31. Хајмас, Питер. „Peter Sagan wins Grand Prix Cycliste de Montréal“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  32. „0th World Championships Road Race (CM)“. Pro Cycling Stats. Посетено на 9 март 2016.
  33. Емил Акселгард (18 октомври 2013). „Ван Авермет и Фрум ја освоија наградата „Фландрија на годината". cyclingquotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 23 јули 2014.
  34. Decaluwé, Brecht. „Stannard wins Omloop Het Nieuwsblad. Sky rider outsprints Van Avermaet“. Сyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  35. Виндзор, Ричард (6 април 2014). „Fabian Cancellara wins his third Tour of Flanders“. Посетено на 9 март 2016.
  36. „Classements à l'issue de l'étape 21“. Тур де Франс. Amaury Sport Organization. Посетено на 18 септември 2014.
  37. „Геранс го освои Гран при Квебек“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  38. Емил Акселгард (17 септември 2014). „Ван Авермет: Бев сигурен во својот спринт“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 17 септември 2014.
  39. „Van Avermaet wins Primus Classic Impanis - Van Petegem“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  40. „Kwiatkowski wins men's road world title“. cyclingweekly.co.uk. Посетено на 9 март 2016.
  41. Бенсон, Даниел. „Wallays wins two-man sprint to claim Paris-Tours“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  42. „News shorts: Hushovd says Armstrong admitted doping in 2011“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 октомври 2014. Посетено на 15 октомври 2014.
  43. „Штибар победи на Страде Бјанке 2015“. Сyclingnews.com. 7 март 2015. Посетено на 8 март 2015.
  44. „Тирено-Адријатико: Ван Авермет ја освои третата етапа“. Cyclingnews.com. Future plc. 13 март 2015. Посетено на 13 март 2015.
  45. „Thomas solos away from Stybar to win E3 Harelbek. Cancellara, Van Avermaet among victims of falls“. cyclingnews.com. Посетено на 9 March 2016.
  46. Бери Рајан (5 април 2015). „Саган повторно потфрли при крајот на Трката околу Фландрија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 април 2015.
  47. „Дегенколб победи на Париз-Рубе“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 април 2015. Посетено на 13 април 2015.
  48. „Квјатковски спринташе до првата победа во виножито-маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Посетено на 19 април 2015.
  49. Кев Монкс (1 јуни 2015). „Грег ван Авермет ја освои Трката околу Белгија“. Sport.co.uk. 2012–2015 Sport.co.uk. Посетено на 2 јуни 2015.
  50. Стјуарт Кларк (16 јуни 2015). „Мајкл Метјус ја освои четвртата етапа на Тур де Свис додека пад го забави Томас“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 јуни 2015.
  51. „Tour de France stage 13 quotes: Van Avermaet on top, Sagan second once more“. Сyclingnews.com. Посетено на 27 февруари 2016.
  52. http://www.theguardian.com/sport/2015/jul/20/team-sky-pete-kennaugh-tour-de-france-withdraws-illness
  53. Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Телевизиски мотор се судри со Ван Авермет на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
  54. „BMC exploring legal action after Van Avermaet crash“. Сyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  55. „Wellens secures overall title at Eneco Tour“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  56. Вестермајер, Сузан. „Greipel wins bunch sprint in Hamburg“. cyclingnews.com. Посетено на 10 март 2016.
  57. „Sagan holds his fire, takes one shot and hits the bull's-eye“. velonews.competitor.com. Посетено на 9 март 2016.
  58. „Peter Sagan wins gold at Road Cycling World Championships“. bbc.com. Посетено на 9 март 2016.
  59. „UCI Road World Championships Richmond 2015“ (PDF). uci.ch. Посетено на 9 март 2016.
  60. „BMC rider has to settle for third“. cyclingnews.com.
  61. „Van Avermaet wint Kristallen Fiets voor tweede keer op rij“. sporza (холандски). Посетено на 9 март 2016.
  62. „Cyclisme: Greg Van Avermaet est sacré "Flandrien de l'année". lesoir.be (француски). Посетено на 9 март 2016.
  63. „Persoon dan toch Sportvrouw van het Jaar, De Bruyne Sportman“. sporza.be (холандски). Посетено на 9 март 2016.
  64. „Van Avermaet botst op superbenen van Boasson Hagen“. Het Nieuwsblad (холандски). Corelio. Посетено на 8 март 2016.
  65. Бенсон, Даниел; Декалуве, Брехт. „Van Avermaet wins Omloop Het Nieuwsblad Elite“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 февруари 2016.
  66. „Van Avermaet schiet meteen raak in de Omloop“. Sporza.be (холандски). Посетено на 27 февруари 2016.
  67. „10th Strade Bianche (1.HC)“. Pro Cycling Stats. Посетено на 8 март 2016.
  68. Рајан, Бери. „World champions BMC Racing win team time trial at Tirreno-Adriatico“. cyclingnews.com. Посетено на 13 март 2016.
  69. „Van Avermaet denies Sagan on Tirreno-Adriatico stage 6“. Сyclingnews.com. Посетено на 14 март 2016.
  70. „Milano-Sanremo 2016“. ProCyclingStats. Посетено на 19 март 2016.
  71. „Greg Van Avermaet undergoes surgery after Tour of Flanders crash. BMC rider starts recovery but will miss the remaining Classics“. cyclignews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  72. „Tour de France: Perfect day for Van Avermaet. Belgian captures stage win, maillot jaune in 'strange day'. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  73. Робинсон, Џошуа. „Greg van Avermaet Wins Gold For Belgium in Men's Road Race“. The Wall Street Journal. News Corp. Посетено на 7 август 2016.
  74. „Greg Van Avermaet grabs gold amid the carnage in Rio 2016 road race“. The Guardian. Guardian News and Media. Посетено на 7 август 2016.
  75. Роџерс, Нил. „Belgium's Greg Van Avermaet takes gold medal at crash-marred Olympic road race“. cyclingtips.com. Посетено на 7 август 2016.
  76. „Olympic Games Road Race (Olympics)“. ProCyclingStats. Посетено на 6 август 2016.
  77. „Montreal: Van Avermaet out-sprints Sagan“. velonews.com. Посетено на 29 септември 2016.
  78. Фаранд, Стивен. „Terpstra wins Eneco Tour as Dennis crashes out“. cyclingnews.com. Посетено на 29 септември 2016.
  79. „Démare wins Binche-Chimay-Binche“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 октомври 2016.
  80. „Worlds: Sagan doubles up in Doha“. VeloNews.com. Посетено на 16 октомври 2016.
  81. „Van Avermaet fractures ankle in mountain bike crash“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  82. „Van Avermaet ready to start racing after offseason ankle injury“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  83. „BMC wins opening TTT in Valencia“. Посетено на 29 март 2017.
  84. „Greg Van Avermaet wins Omloop Het Nieuwsblad“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  85. „Peter Sagan wins Kuurne-Brussel-Kuurne“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  86. Рајан, Бери. „Kwiatkowski solos to Strade Bianche victory“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  87. Вајсло, Лаура. „Tirreno-Adriatico: Thomas wins stage 2 in Pomarance“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  88. Вестемајер, Сузан. „Kwiatkowski wins Milan-San Remo“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  89. „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 24 март 2017. Посетено на 24 март 2017.
  90. „Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 26 март 2017. Посетено на 26 март 2017.
  91. „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  92. „Men's Gent-Wevelgem Gallery: Van Avermaet backs up E3 with historic win“. VeloNews.com. Посетено на 29 март 2017.
  93. „Greg Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“. cyclilngnews. Посетено на 29 март 2017.
  94. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet: Flanders wasn't over until Kwaremont crash“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 3 април 2017.
  95. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 април 2017. Посетено на 9 април 2017.
  96. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. cyclingnews.com. 9 април 2017. Посетено на 10 април 2017.
  97. Фаранд, Стивен (10 април 2017). „BMC celebrate their first ever Monument victory at Paris-Roubaix“. cyclingnews.com. Посетено на 10 април 2017.
  98. Виндзор, Ричард (16 април 2017). „Philippe Gilbert beats Michal Kwiatkowski to victory at Amstel Gold Race“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 16 април 2017.
  99. „Valverde wins Liège-Bastogne-Liège“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 23 април 2017.
  100. Вестемајер, Сузан. „Tour of Oman: Van Avermaet wins stage 3“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 12 април 2018.
  101. Брехт, Декалуве. „Van Avermaet rues missed chance for Omloop Het Nieuwsblad hat-trick“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  102. „Van Avermaet struggles in the cold and wet conditions at Strade Bianche“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  103. Бенсон, Даниел. „Van Avermaet: Winning races isn't as easy as flicking a switch“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  104. „NIbali wins Milan-San Remo“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  105. Флечер, Патрик. „Van Avermaet makes the best of a bad situation in E3 Harelbeke“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  106. Рајан, Бери. „Van Avermaet: I have the same feelings as last year“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  107. Рајан, Бери. „Van Avermaet: The Tour of Flanders is the race that suits me the best“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  108. Рајан, Бери. „Tour of Flanders: A different kind of disappointment for Van Avermaet“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  109. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet turns to Amstel Gold after Paris-Roubaix loss“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 13 април 2018.
  110. Скривенер, Питер. „Tour de Yorkshire: Greg van Avermaet takes title as Rossetto wins in Leeds“. bbc.com. British Broadcasting Company. Посетено на 8 јули 2019.
  111. Декалуве, Брехт. „Greg Van Avermaet rides a Belgian wave to Tour de France lead. BMC rider takes maillot jaune after TTT victory“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  112. „Tour de France: Degenkolb wins much-feared stage in Roubaix“. cyclingnews.com. 15 јули 2018. Архивирано од изворникот на 16 July 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  113. „Tour de France: Alaphilippe wins in Le Grand Bornand“. www.cyclingnews.com. 17 јули 2018.
  114. „105th Tour de France (2.UWT) General classification“. ProCyclingStats. Посетено на 8 јули 2019.
  115. „Julian Alaphilippe wins Clasica San Sebastian“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 август 2018. Посетено на 5 август 2018.
  116. „Mohoric wins 2018 BinckBank Tour“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 19 август 2018. Посетено на 19 август 2018.
  117. „GP Montreal: Matthews conquers Canada“. velonews.com. Посетено на 8 јули 2019.
  118. Џенингс, Сајмон (30 септември 2018). Дејвис, Тоби (уред.). „Cycling - Valverde wins men's World Championship road race“. reuters.com. Посетено на 5 октомври 2018.
  119. Худ, Ендру. „Ochowicz unveils new team name: CCC Team“. velonews.com. Посетено на 8 јули 2019.
  120. Флечер, Патрик. „Van Avermaet 'super happy' with individual and team display on frenetic Oman stage“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  121. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet: 'The best rider won and that makes it easier to deal with the disappointment' CCC leader says after Flanders“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  122. „GP de Montréal: Van Avermaet wins“. CyclingNews. 15 септември 2019. Посетено на 15 септември 2019.
  123. „Белгиската федерација бара двегодишна забрана за Грег ван Авермет“. cyclingnews.com. 16 април 2015. Посетено на 16 април 2015.
  124. Ричард Виндзор (16 април 2015). „Грег ван Авермет се соочува со можност од двегодишна забрана по сослушувањето за допинг“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 април 2015.
  125. „Van Avermaet cleared of doping charges“. Cyclingnews.com. Future plc. 7 мај 2015. Посетено на 7 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Грег ван Авермет“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).