Брент Букволтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брент Букволтер
Лични податоци
Цело имеБрент Букволтер
Роден16 февруари 1984 (1984-02-16) (36 г.)
Албакерки, Ново Мексико,  САД
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2005–2006
2007
Бисел
САД Сајклинг Нејшанл Дивилопмент Тим
Професионални клубови
2008–2018
2019-
БМЦ Рејсинг Тим
Мичелтон-Скот
Последна промена
10 август 2020

Брент Букволтер (англиски: Brent Bookwalter; р. 16 февруари 1984 во Албакерки) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Букволтер бил член на велосипедската екипа на колеџот Лис-Мекре од 2003–2006. Додека бил нивни член освои седум национални титули.

Го привлекол вниманието по првпат кога завршил втор на воведниот хронометар на Џиро д’Италија 2010.[2] Неговото време на прологот на Тур де Франс подоцна во сезоната исто така било меѓу најдобрите десет.

Во 2013 година, Букволтер ја освоил првата етапа на Трката околу Катар, на која имало силен ветер, разделувајќи ја групата. Букволтер и двајца други возачи избегале од водечката група на 11 километри до целта и успешно го одбраниле нивното водство, а Букволтер го претекнал двоецот на крајот. Велосипедистите зад него биле изедначени и затоа им било доделено истото време како него.[3] Победата на екипниот хронометар на втората етапа му дозволила на Букволтер да ја сочува жолтата маичка на третата етапа, пред да заврши втор на крајот зад Марк Кевендиш. Букволтер завршил втор на националното хронометарско и друмско првенство, а истата пролет завршил втор и зад Роан Денис на воведната Трка околу Алберта.

Во 2015 година, Букволтер го освоил првиот пласман со победа на бодовниот пласман на Трката околу Јута. Ја освоил втората етапа на САД Про Сајклинг Челинџ, на планинска завршница, освојувајќи жолтата маичка,[4] која ја носел два дена пред на крајот да заврши втор зад колегата Роан Денис.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
2009
1. Пролог Трка околу Јута
2010
1. Фал Тур Инвитејшанл
2011
4. Национално хронометарско првенство
9. Национално друмско првенство
2012
3. Национално хронометарско првенство
2013
2. Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 1
1. Етапа 2 (ТТТ)
2. Краен пласман Трка околу Алберта
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
2015
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 2
3. Краен пласман Трка околу Јута
1. Спринтерски пласман
4. Краен пласман Трка околу Австрија
2016
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2017
1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња
2. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Краен пласман Тур де Јокршир
5. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 2
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Јута
2019
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Чешка велосипедска трка
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале Копи е Бартали
8. Краен пласман Трка околу Хрватска
2020
7. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 95 68 66 СО
Jersey yellow.svg Тур 147 114 91 117
Jersey red.svg Вуелта 78 66

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Wins from January to October: Mitchelton-Scott men confirm roster and goals for 2020“. Мичелтон-Скот. New Global Cycling Services. 11 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. Ендру Худ (8 мај 2010). „Bookwalter beaming after runner-up ride“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 2 февруари 2013.
  3. Шејн Стоукс (3 февруари 2013). „Букволтер спринташе за етапна победа и прва водечка маичка на Трката околу Катар“. VeloNation. Velo Nation LLC. Посетено на 3 февруари 2013.
  4. Деј, Бен (19 август 2015). „USA Pro Challenge: The Day Report Stage 2“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 19 август 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]