Даниел Меклеј
Меклеј на Курне-Брисел-Курне 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Даниел Меклеј | ||
Роден | 3 јануари 1992 Велингтон, Нов Зеланд | ||
Висина | 1,87 м | ||
Маса | 74 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Аматерски клубови | |||
2008 2009 2011-2014 | Лестершир Роуд Клуб Univega.co.uk Омега Фарма-Лото Даво | ||
Професионални клубови | |||
2015–2017 2018–2019 2020- | Бретањ-Сеше анвиронман ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак Аркеа-Самсик | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 29 ноември 2022 |
Даниел „Ден“ Меклеј (англиски: Daniel "Dan" McLay; р. 3 јануари 1992) — британски професионален велосипедист, кој настапува во друмски, велодромски и велокрос трки и кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1]
Негова прва сезона како професионалец била 2015, кога возел за француската професионална континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман. Главно како спринтер, Меклеј настапува на фламанските трки и северните класици. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Јуниорска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Велингтон, Нов Зеланд, Меклеј бил преселен во Велика Британија како бебе и израснал во Лестер. Меклеј започнал со трки на возраст од шест години. По неговиот успех како возач до 16 години на националното велодромско првенство ја претставувал Велика Британија на Европскиот младински олимписки фестивал 2007,[3] настапувајќи на критериумот и на друмските дисциплини.[4] Изјавил[5] дека не бил многу добар во спортови кои барале координација на училиште и поради тоа имал желба да продолжи да настапува во велосипедизмот.
Меклеј бил одбран да ја претставува Британија на Европското јуниорско велокрос првенство во 2008 година, каде завршил последен.[6]
Во 2009 година, Меклеј станал член на олимписката академија на Британската федерација.[7] Меклеј го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство со партнерот Сем Харисон. Исто така ја претставувал Велика Британија на Светското јуниорско велокрос првенство.[8]
Во 2010 година станал светски јуниорски првак во медисон со Сајмон Јејтс.[9]
Во 2014 година освоил етапа на Тур де л’Авенир. Исто така завршил седми на етапа на Трката околу Британија, покажувајќи силна форма помеѓу останатите спринтери.
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Бретањ-Сеше енвиронман (2015–2017)
[уреди | уреди извор]Потпишал за професионалната континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман за сезоната 2015.[10] Својата прва професионална победа ја остварил на третата етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго.[11] На првата трка во Светската турнеја во својата кариера, Париз-Ница, Меклеј завршил осми на петтата етапа.[12]
Негова втора професионална победа била на Гран При де Денен 2016, француска трка, победувајќи во спринтерска завршница.[13] Негова втора победа дошла еден месец подоцна на Гран При де ла Сом, поразувајќи го Насер Бухани.[14] Поради овие две победи, Меклеј бил избран да земе учество на Тур де Франс, негов прв настап, и завршил меѓу првите 10 на неговата прва спринтерска завршница.[15] По уште две завршница меѓу првите 10, Меклеј завршил на подиум на шестата етапа зад Марк Кевендиш и Марсел Кител.[16]
Во октомври 2017 година, Меклеј ја освоил Тур де л’Еурометропол, поразувајќи го Антони Тиржис на целта откако Тиржис ја отпочнал прославата прерано.[17]
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018–19)
[уреди | уреди извор]По победата на Тур де л’Еурометропол било објавено дека Меклеј ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[18]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2008
- 1. Национално јуниорско првенство - скреч
- 2009
- Национални јуниорски првенства
- 1. Медисон (со Џорџ Аткинс)
- 1. Бодовна трка
- 2. Кило
- 3. Поединечна потера
- 3. Скреч
- 3. Европско јуниорско првенство - медисон (со Сем Харисон)
- 2010
- Светски јуниорски првенства
- 1. Медисон (со Сајмон Јејтс)
- 2. Екипна потера
- Национални јуниорски првенства
- 2. Национално првество - медисон (со Сем Харисон)
Друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2010
- Национални јуниорски првенства
- 1. Краен пласман Трка околу Велс (јуниори)
- 2. Париз-Рубе (јуниори)
- 6. Краен пласман Три дена Ван Аксел
- 1. Етапа 1
- 2011
- 1. Гран При де Варегем
- 6. Дорпеномлоп Рукфен
- 2012
- 1. Де Дри Зустерстеден
- 1. ГП Жозе Дибоа
- 2. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен
- 2013
- 2. Дорпеномлоп Рукфен
- 4. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Париз-Шони
- 5. Стер ван Зволе
- 5. Текстилпрејс Вихте
- 6. Краен пласман Париз-Арас
- 2014
- 1. Краен пласман Трка околу Источна Фландрија
- 1. Етапа 2
- Тур де Норманди
- 1. Етапа 3 Тур де л’Авенир
- 2. Дорпеномлоп Рукфен
- 3. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Краен пласман Париз-Арас
- 1. Етапа 3
- 5. Гран При де ла вил де Перенши
- 7. Париз-Тур за младинци
- 10. Трофеј Бомон
- 2015
- 1. ГП Отли
- 1. Етапа 3 Ла Тропикал Амиса Бонго
- 6. Бриселски велосипедски класик
- 7. Париз-Бурж
- 8. Краен пласман Тур де Пикарди
- 8. Велотон Берлин
- 2016
- 1. Гран При де Денен
- 1. Гран При де ла Сом
- 4. Гран При д’Изберг
- 5. Краен пласман Тур де Пикарди
- 10. Краен пласман Букл де ла Мајен
- 10. Схелдепрејс
- 2017
- 1. Тур де л’Еурометропол
- 1. Трофео Плаја де Палма
- 3. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
- 2018
- 1. Етапа 4 Сиркут де ла Сарт
- 2019
- 1. Етапа 1 Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 2 Трка околу Гуангси
- 2020
- Волта а Португал
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 8. Класик Бретања
- 2021
- 2. Трка околу Лимбург
- 6. Париз-Бурж
- 7. Елфстеденронд
- 8. Краен пласман Букл де ла Мајен
- 9. Сиркуи де Валони
- 2022
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 4. Хејстсе Пејл
- 7. Схелдепрејс
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на неговата кариера | |||||
Тур | 170 | СО | — | — | — | СО |
Вуелта | не настапил во текот на неговата кариера |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Team Arkea - Samsic“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 7 January 2021. Посетено на 7 January 2021.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 June 2016.
- ↑ „Daniel McLay“. 2007 European Youth Olympic Festival. Посетено на 15 December 2009.[мртва врска]
- ↑ „Cyclist Rides to Golden Glory“. 2007 European Youth Olympic Festival. 25 July 2007. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 2020-09-27.
- ↑ „Daniel McLay“. 2014 Cycling Weekly. Посетено на 18 January 2015.
- ↑ Bart Hazen (11 January 2008). „European Championships Cyclocross — Hoogstraten, Junior Men“. Daily Peloton. Архивирано од изворникот на 2012-02-23. Посетено на 2020-09-27.
- ↑ „Great Britain Cycling Team Rider Biographies“. British Cycling. Архивирано од изворникот на 12 December 2009. Посетено на 15 December 2009.
- ↑ Decaluwé, Brecht (31 January 2009). „Eising rises above the rest“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 27 November 2016.
- ↑ „Leicestershire's Dan McLay strikes gold in world junior track meeting“. Leicester Mercury. Trinity Mirror. 18 August 2010. Посетено на 27 November 2016.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 2020-09-27.
- ↑ „Cycling: Dan McLay shows his sprinting speed and opens his winning account in Africa“. Leicester Mercury. Архивирано од изворникот на 19 February 2015. Посетено на 18 February 2015.
- ↑ „Paris – Nice 2015 – Stage 5“. ProCyclingStats. Посетено на 13 March 2015.
- ↑ „Dan McLay's sprint to win GP de Denain was incredible (video)“. Cycling Weekly. Посетено на 2 July 2016.
- ↑ „In-form cyclist Dan McLay seals second win on the road“. Leicester Mercury. Посетено на 2 July 2015.[мртва врска]
- ↑ „Tour de France: Sepulveda and McLay named in Fortuneo-Vital Concept team“. Cycling News. Посетено на 2 July 2016.
- ↑ „Tour de France:Cavendish wins stage 6“. Cycling News. Архивирано од изворникот на 29 July 2018. Посетено на 18 July 2016.
- ↑ Robertshaw, Henry (2 October 2017). „Watch: Early celebration allows Dan McLay to clinch Belgian race at the last possible moment“. Cycling Weekly. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2 October 2017.
- ↑ Robertshaw, Henry (2 October 2017). „Dan McLay to make step up to WorldTour level as he signs for EF Education First-Drapac“. Cycling Weekly. Посетено на 2 October 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Даниел Меклеј“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Даниел Меклеј“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Даниел Меклеј“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Даниел Меклеј“. ProCycling.