Агваскалиентес (шпански: Estado de Aguascalientes) е сојузна држава на северот на централно Мексико. Има површина од 5,589 км2 и брои околу 944.000 жители, и по двата критериуми е една од најмалите сојузни држави во Мексико.
На север се граничи со сојузната држава Закатекас, а на југ со Халиско.
Главен град на Агваскалиентес е Агваскалиентес. Оваа сојузна држава е основана во 1835 година.