Тијаго Машадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тијаго Машадо
Машадо на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеТијаго Жозе Пинто Машадо
Роден18 октомври 1985 (1985-10-18) (33 г.)
Вила Нова де Фамаликан,  Португалија
Висина1,78 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСпортинг CP/Тавира
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Професионални клубови
2008–2009
2010–2011
2012–2013
2014
2015-2018
2019-
Мадено-Боависта
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Тим НетАп-Ендура
Катјуша
Спортинг CP/Тавира
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Словенија (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotPortugal.PNG Национален хронометарски првак (2009)
Последна промена
23 февруари 2019

Тијаго Жозе Пинто Машадо (португалски: Tiago José Pinto Machado; р. 18 октомври 1985 во Вила Нова де Фамаликан) — португалски професионален велосипедист, кој вози за континенталната екипа Спортинг CP/Тавира.

Кариера[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

По четири поминати сезони со РадиоШек-Нисан, Тијаго се преселил во Тим НетАп-Ендура пред почетокот на сезоната 2014. По успешниот почеток на сезоната, со победата на генералниот пласман на Трката околу Словенија, Машадо настапил по прв пат во неговата кариера на Тур де Франс. Машадо имал солиден почеток на Тур и успеал да биде на третото место по девет изминати етапи. На десеттата етапа, Тијаго имал лош пад при спуст на 96 километри пред целта, паѓајќи од патот околу 100 метри. Откако бил прегледан од докторите и кога се очекувало да ја напушти трката, ѝ наредил на екипата да му го дадат неговиот велосипед, искачувајќи три планини и пристигнувајќи на целта последен, 43 минути зад етапниот победник, Винченцо Нибали. Бил превиен и зашиен по етапата. И покрај пристигнувањето надвор од временската граница, комесарите на трката му дозволиле да ја продолжи трката поради извонредниот напор направен од португалскиот велосипедист. Францускиот весник L'Equipe го опишал напорот на Машадо како „херојски“.[1]

Тим Катјуша (2015-2018)[уреди | уреди извор]

Машадо ја напуштил Тим НетАп-Ендура по сезоната 2014 и ќе продолжи со Катјуша со која потпишал двегодишен договор.[2] Потпишал продолжување на договорот за сезоната 2017 во октомври 2016.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Jersey orange.svg Пласман за млад возач Волта а Португал
1. ГП Торес Ведрас
2. Португалско национално хронометарско првенство
2. Португалско национално друмско првенство
2009
1. Португалски национален хронометарски првак
2. Вуелта а Астурија
4. Волта ао Алгарве
5. Краен пласман Волта а Португал
1. Jersey orange.svg Пласман за млад возач
2010
2. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 2b (ITT)
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Пласман на португалски возач
3. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Трка околу Австрија
6. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
10. Краен пласман Трка околу Полска
2011
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
5. Краен пласман Критериум Интернационал
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Пласман на португалски возач
7. Краен пласман, Тирено-Адријатико
2012
3. Краен пласман Тур Даун Андер
5. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Краен пласман Трка околу Полска
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2013
1. Jersey white.svg Планински пласман Тур де Валони
1. Jersey white.svg Планински пласман Гран при Квебек
2. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Краен пласман Трка околу Јута
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Словенија
2. Вуелта а Мурсија
3. Краен пласман Критериум Интернационал
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Класика де Алмерија
2015
2. Краен пласман Трка околу Баварија
2. Национално хронометарско првенство
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
4. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
7. Вуелта а Мурсија
2016
8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 5 и 11 на Вуелта а Еспања
2018
4. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 20 36
Jersey yellow.svg Тур 72 72 74
Jersey red.svg Вуелта 32 40 36 85 79

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Tour de France: Héroïque Machado". L'Equipe. 14 јули 2014. конс. 15 јули 2014. 
  2. Машадо потпиша двегодишен договор со Катјуша“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 21 септември 2014 (посет. 21 септември 2014 г).
  3. Katusha re-signs Belkov, Kochetkov, Losada, Machado and Vicioso“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 5 октомври 2016 (посет. 8 ноември 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]