Александар Колобнев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Колобнев
Колобнев во 2011
Лични податоци
Цело имеАлександар Василевич Колобнев
Роден4 мај 1981 (1981-05-04) (38 г.)
Викса, Советски Сојуз
Висина1,74 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици[1]
Професионални клубови
2002
2003–2004
2005–2006
2007–2009
2010–2011
2012–2015
Аква е Сапони-Кантина Толо
Домина Ваканце
Рабобанк
Тим ЦСЦ
Катјуша
Катјуша
Значајни победи
Париз-Ница, 1 етапа
Монте Паски Ероика (2007)
MaillotRusia.PNG Национален друмски првак (2004, 2010)
Последна промена
24 јануари 2016

Александар Василевич Колобнев (руски: Александр Васильевич Колобнев[2]; р. 4 мај 1981 во Викса, Руска СФСР) — руски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[3] Колобнев бил член на екипата,[4] пред да биде привремено суспендиран откако се покажал позитивен на тест за допинг.[5] Тој бил прогласен за чист од наметнатиот допинг од Арбитражниот суд за спорт во февруари 2012,[6] и се вратил во Катјуша во март 2012.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Првата година како професионалец во 2002 ја поминал со Аква е Сапони-Кантина Толо. Во втората сезона потпишал со Домина Ваканце. Таму ја освоил својата прва победа на етапата 2 на Сетимана Сиклистика Копи-Бартали. Останал со Домина Ваканце до сезоната 2004 кога потпишал со UCI ProTeam екипата Рабобанк. Со Рабобанк успеал да ја освои првата етапа Вуелта а ла Комунидад Валенсијана во 2006. За сезоната 2007 се префрлил во Тим ЦСЦ, сега позната како Саксо Банк, освојувајќи ја третата етапа на Париз-Ница и втор на Светските друмски првенства UCI.

Колобнев завршил четврти на друмската трка на Олимписки игри 2008. Подоцна, второпласираниот и сребрен медалист Давиде Ребелин се покажал позитивен на допинг тестовите, предизвикувајќи МОК да му го одземен сребрениот медал. Со тоа UCI го сместил Колобнев на третото место во поредокот на трката, а бронзениот медал му бил доделен во јануари 2010.[7]

Тој живее во Денија, Шпанија со неговата жена Дарија и двајцата синови, Давид и Александер.

На Тур де Франс 2011 се покажал позитивен на диуретикот хидрохлортиазид, агент кој може да го сокрие присуството на дроги и лекови во организмот. Потоа бил повлечен од трката од неговата екипа,[8][9] и неговите резултати за таа етапа биле поништени.[10] И покрај тоа што и неговиот Б примерок исто така се покажал позитивен, тој добил казна само од руската велосипедска федерација.[11] Меѓутоа, оваа одлука подоцна била обжалена од UCI до CAS, каде бил прогласен за невин по сите обвиненија на 29 февруари 2012.[12] Колобнев му се приклучил на Катјуша во март 2012.[3]

Во 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз покренал истрага за Колобнев и казахстанскиот возач Александар Винокуров поради обвинувањата од швајцарскиот весник L’lllustre и италијанскиот весник Corriere della Sera. Го обвиниле Винокуров за склопен договор со Колобнев во 2010 со цел да му помогне на Винокуров да победи на Лиеж-Бастон-Лиеж. Биле обвинети дека размениле 150 илјади евра. Истрагата на UCI сè уште е во тек.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2003
1. Етапа 2 Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2. Џиро дел’Емилија
2004
1. MaillotRusia.PNG Национално друмско првенство
1. Најдобар млад возач Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
10. Олимписка друмска трка
2005
7. Светски друмски првенства UCI
2006
1. Етапа 1 Вуелта а ла Комунидад Валенсијана
2007
1. Монте Паски Ероика
1. Етапа 3 Париз-Ница
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Германија
2. Silver medal blank.svg Светски друмски првенства UCI
2008
2. Класика де Сан Себастијан
3. Џиро дел’Емилија
3. Bronze medal.svg Олимписка друмска трка
2009
2. Silver medal blank.svg Светски друмски првенства UCI
2. ГП Мигел Индураин
3. Џиро ди Ломбардија
3. Краен пласман Тур де Валони
4. Краен пласман Трка околу Ирска
6. Амстел Голд Рејс
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2010
1. MaillotRusia.PNG Национално друмско првенство
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. ГП Мигел Индураин
4. Џиро дел’Емилија
7. Светски друмски првенства UCI
2011
2. ГП Мигел Индураин
5. Амстел Голд Рејс
2012
3. Гран при Монтреал
4. Краен пласман Трка околу Полска
2013
3. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 1
3. Тре Вали Варезине
7. Страде Бјанке
9. Копа Уго Агостони
2014
7. ГП Мигел Индураин
10. ГП Кантон Аргау

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 21 71 СО
Jersey yellow.svg Тур 65 СО
Jersey red.svg Вуелта 54 51 40 31 29 40

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Александар Колобнев". Катјуша. Katusha Management SA. конс. 23 август 2013. 
  2. 1, 2
  3. 3,0 3,1 3,2 Александар Колобнев ѝ се приклучува на екипата Катјуша“, „Катјуша“, Katusha Management SA, 28 март 2012 (посет. 28 март 2012 г).
  4. Александар Колобнев потпишал за Тим Катјуша
  5. Тур де Франс - Прв возач паднал на тестот за допинг“, Yahoo!, 11 јули 2011 (посет. 12 јули 2011 г).
  6. Најџел Вин. "Александар Колобнев исчистен од допинг од CAS". Cycling Weekly. 
  7. Колобнев сè уште чека за олимписката бронза
  8. "Press release: Adverse Analytical Finding for Kolobnev". Union Cycliste Internationale. 11 јули 2011. Архивирано од изворникот на 12 јули 2011. конс. 12 јули 2011. 
  9. Kolobnev Tour de France's first doping case“, Future Publishing Limited, 11 јули 2011 (посет. 12 јули 2011 г).
  10. "Sanctions, Period of Ineligibily, Disqualification". UCI. конс. 11 јануари 2012. 
  11. "Kolobnev Not With Katusha In 2012". Cyclingnews.com. конс. 2011-12-20. 
  12. Александар Колобнев избегна допинг забрана, но казнет со 1.040 фунти
  13. Vinokourov summoned to UCI regarding his Liege-Bastogne-Liege victory“, „Tengrinews.kz English“, 6 ноември 2012 (посет. 13 јануари 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]