Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - хронометар за мажи
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам![]() | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам![]() | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам![]() | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX![]() | ||||
BMX | мажи | жени |
Хронометарот за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри 2012, се одржал на 1 август во Лондон.[1]
На хронометарот, велосипедистите ја започнувале својата трка во интервал од 90 секунди, додека за победник се прогласува оној велосипедист, кој ќе оствари најбрзо време на патеката. Бредли Вигинс од Велика Британија го освоил златниот медал.
Квалификации
[уреди | уреди извор]Секоја земја во првите 15 од националниот пласман на Светската турнеја 2011, првите 7 од Европската турнеја, првите 4 од Американската турнеја, првите 2 од Азиската турнеја и предводниците во Океанската и Африканската турнеја се квалификувале да имаат по еден возач на трката. Дополнително, десет земји оствариле право на уште еден натпреварувач поради резултатите на нивните возачи на Светското хронометарско првенство 2011; тоа биле Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австралија, Холандија, Казахстан, Данска, Шпанија, Шведска и Канада. САД добиле право на уште еден возач, откако Луксембург се повлекол од трката.
Фаворити пред трката
[уреди | уреди извор]Бранителот на титулата во оваа дисциплина бил Фабијан Канчелара од Швајцарија и се очекувало повторно да прикаже солидни резултати. Меѓутоа, Канчелара доживеал тежок пад во последните километри на олимписката друмска трка, првично доведувајќи го неговото учество на хронометарот во прашање. Снимките покажеле дека тој избегнал кршење на неговата клучна коска по вторпат во оваа сезона и возел на хронометарот.[2]
Победникот на Тур де Франс 2012, Бредли Вигинс од Велика Британија исто така бил сметан за голем фаворит, претходно освојувајќи седум хронометри во сезоната 2012 и сакал да додаде нов медал на неговиот список на шест олимписки медали освоени на велодромите. Светскиот првак Тони Мартин од Германија бил сметан како фаворит, но се здобил со многу повреди низ сезоната и се повлекол од Тур де Франс со надеж да биде подготвен за олимписката трка.[3]
Од другите фаворити, сонародникот на Вигинс Крис Фрум покажал силна форма на Тур де Франс, каде завршил втор во генералниот пласман и втор на двата хронометри зад Вигинс. Уште еден колега на Вигинс, Мајкл Роџерс, светскиот хронометарски првак 2003–2005 ја претставувал Австралија, бидејќи победникот на Тур де Франс 2011 Кедел Еванс избрал да не ја започне трката поради замор. Младиот Американец Тејлор Фини, кој го освоил воведниот хронометар на Џиро д’Италиа 2012 ги претставувал САД. Силвен Шаванел бил единствениот француски возач, заедно со Луис Леон Санчес од Шпанија и Марко Пиноти, победникот на завршниот хронометар на Џиро, кој ја претставувал Италија.
Патека
[уреди | уреди извор]
Трката започнувала и завршувала пред судската палата Хемптон во југозападен Лондон и вклучувала делови во Ричмонд, Кингстон на Темза и Сари. Двете трки, машката и женската, биле одржувани по еден круг, со мали разлики во патеките претставувајќи различни растојание - 44 километри за мажите и 29 километри за жените.[4]
Распоред
[уреди | уреди извор]Датум | Време | Коло |
---|---|---|
Среда, 1 август 2012 | 14:15 (UTC+01:00) | Финале |
Резултати
[уреди | уреди извор]
Списокот на настапи бил објавен на 1 август.[5]
Место | Возач | Време |
---|---|---|
![]() |
![]() |
50:39,54 |
![]() |
![]() |
51:21,54 |
![]() |
![]() |
51:47,87 |
4 | ![]() |
52:38,07 |
5 | ![]() |
52:49,28 |
6 | ![]() |
52:51,39 |
7 | ![]() |
52:53,71 |
8 | ![]() |
53:18,04 |
9 | ![]() |
53:29,36 |
10 | ![]() |
54:09,72 |
11 | ![]() |
54:19,62 |
12 | ![]() |
54:30,29 |
13 | ![]() |
54:30,87 |
14 | ![]() |
54:33,21 |
15 | ![]() |
54:34,49 |
16 | ![]() |
54:35,26 |
17 | ![]() |
54:39,98 |
18 | ![]() |
54:41,57 |
19 | ![]() |
54:54,16 |
20 | ![]() |
54:59,26 |
21 | ![]() |
55:12,32 |
22 | ![]() |
55:29,74 |
23 | ![]() |
55:37,05 |
24 | ![]() |
55:40,64 |
25 | ![]() |
55:49,67 |
26 | ![]() |
55:50,77 |
27 | ![]() |
56:03,77 |
28 | ![]() |
56:06,18 |
29 | ![]() |
56:07,67 |
30 | ![]() |
56:38,38 |
31 | ![]() |
56:40,77 |
32 | ![]() |
56:59,16 |
33 | ![]() |
57:05,12 |
34 | ![]() |
57:25,24 |
35 | ![]() |
57:34,20 |
36 | ![]() |
57:41,44 |
37 | ![]() |
59:11,19 |
![]() |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Распоред на олимписките натпревари“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-03-15.
- ↑ http://www.independent.co.uk/sport/olympics/cycling/cycling-hardman-fabian-cancellara-likely-to-defend-timetrial-title-7988103.html
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18780965
- ↑ „Time Trial competition format“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2012-05-02.
- ↑ „Лондон 2012 Олимпики игри: Почетен список на машкиот хронометар“. cyclingweekly.co.uk. 2012-07-24.