Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - екипен спринт за жени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велосипедизам на
Летните олимписки игри 2012
Друмски велосипедизам
Друмска трка   мажи   жени
Хронометар мажи жени
Велодромски велосипедизам
Спринт мажи жени
Екипен спринт мажи жени
Кеирин мажи жени
Екипна потера мажи жени
Омниум мажи жени
Планински велосипедизам
Крос-кантри мажи жени
BMX
BMX мажи жени

Екипниот спринт за жени на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија, се одржал на лондонскиот велопарк на 2 август.[1] Екипниот спринт започнал со квалификации, кога најдобрите осум екипи продолжиле во првото коло (4. против 5., 3. против 6., 2. против 7. и 1. против 8.). Четирите победнички екипи од првото коло се натпреварувале за медали, каде најдобрите две екипи се натпреварувале за злато, додека останатите две екипи се бореле за бронзата. Преостанатите екипи биле сместени од петтото до осмото место според времињата од првото коло.[2]

Кристина Фогел и Миријам Велте од Германија го освоиле златниот медал со време од 32,798 секунди. Кина го освоила сребрениот медал, а Австралија бронзата.

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите времиња се според UTC+1

Датум Време Коло
Четврток, 2 август 2012 16:00 Квалификации и финале

Резултати[уреди | уреди извор]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Место Земја Велосипедисти Резултат Забелешка
1  Кина (CHN) Гонг Џинџие
Гуо Шуанг
32,447 К, СР
2  Велика Британија (GBR) Викторија Пендлтон
Џесика Варниш
32,526 К, СР*
3  Германија (GER) Кристина Фогел
Миријам Велте
32,630 К
4  Австралија (AUS) Карли Мекулок
Ана Мирес
32,825 К
5  Холандија (NED) Ивон Хејгенар
Вили Канис
33,253 К
6  Франција (FRA) Санди Клер
Виржини Киф
33,638 К
7  Украина (UKR) Љубов Шулика
Олена Чиос
33,708 К
8  Венецуела (VEN) Даниела Лареал
Маријаестела Вилера
34,320 К
9  Јужна Кореја (KOR) Ле Еун-Ји
Ле Хие-Јин
34,636
10  Колумбија (COL) Дијана Гарсија
Јулијана Гавирија
34,870
  • К = квалификувани; СР = светски рекорд
  • Возењето на Варниш и Пендлтон за Велика Британија се случуло пред тоа на Гонг и Гуо од Кина и тие први го урнале светскиот рекорд. Но, веднаш потоа биле поразени од кинеската екипа во следната група.

Прво коло[уреди | уреди извор]

Група Место Земја Резултат Забелешка
4 1  Кина (CHN) 32,422 СР
2 2  Германија (GER) 32,701
1 3  Австралија (AUS) 32,806
3 4  Украина (UKR) 33,620
1 5  Холандија (NED) 33,090
2 6  Франција (FRA) 33,707
4 7  Венецуела (VEN) 34,415
3 8  Велика Британија (GBR) 32,567 РЕЛ*
  • СР = светски рекорд
  • Велика Британија победила во својата група со време кое биле доволно за натпревар за златото, но ти биле поместени на последното место поради рана измена.

Коло за медали[уреди | уреди извор]

Натпревар за Екипа Време Место Забелешка
злато  Германија (GER) 32,798  Златен
 Кина (CHN) 32,619  Сребрен РЕЛ*
бронза  Австралија (AUS) 32,727  Бронзен
 Украина (UKR) 33,491 4
  • Кина имала најдобро време во финалето, но тие биле поместени на второто место поради рана измена.

Наводи[уреди | уреди извор]