Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - екипна потера за жени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велосипедизам на
Летните олимписки игри 2012
Друмски велосипедизам
Друмска трка   мажи   жени
Хронометар мажи жени
Велодромски велосипедизам
Спринт мажи жени
Екипен спринт мажи жени
Кеирин мажи жени
Екипна потера мажи жени
Омниум мажи жени
Планински велосипедизам
Крос-кантри мажи жени
BMX
BMX мажи жени

Екипната потера за жени на Летните олимписки игри 2012 во Лондон била одржана на лондонскиот велопарк на 3 и 4 август.[1] Екипната потера започнала со квалификации. Екипите биле подредени во првото коло според нивните квалификациски времиња - најбрзата екипа се натпреварувала со четвртата најбрза, втората се натпреварувала против третата, петтата против осмата и шестата против седмата. Победниците од двете групи помеѓу првите четири екипи напредувале во финалето; преостанатите шест екипи биле пласирани според нивните времиња од првото коло, додека двете најдобри екипи се натпреварувале за бронзата.[2]

Екипата од Велика Британија составена од Даниеле Кинг, Лаура Трот и Џоана Роусел го освоила златниот медал со време подобро од светскиот рекорд. Вклучувајќи ги и трките пред Олимпијадата, како и самата трка во финалетот, тие шестпати го подобриле светскиот рекорд, секогаш подобро од минатата трка.[3]

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите времиња се според UTC+01:00

Датум Време Коло
Петок, 3 август 2012 17:00 Квалификации
Сабота, 4 август 2012 16:10 Прво коло и финале

Резултати[уреди | уреди извор]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Место Земја Велосипедисти Резултат Забелешка
1.  Велика Британија (GBR) Даниеле Кинг
Лаура Трот
Џоана Роусел
3:15,669 К, СР
2.  САД (USA) Сара Хамер
Дотси Бауш
Џени Рид
3:19,406 К
3.  Австралија (AUS) Анет Едмондсон
Мелиса Хоскинс
Џозефин Томиќ
3:19,719 К
4.  Канада (CAN) Тара Вајтен
Џилијан Карлтон
Јасмин Глесер
3:19,816 К
5.  Нов Зеланд (NZL) Лорен Елис
Џејми Нилсен
Алисон Шенкс
3:20,421 К
6.  Холандија (NED) Кирстен Вилд
Ејми Питерс
Елен ван Дејк
3:21,602 К
7.  Германија (GER) Јудит Арнт
Шарлот Бекер
Лиза Бранауер
3:22,058 К
8.  Белорусија (BLR) Тацијана Шаракова
Алена Дилко
Оксана Папко
3:22,850 К
9.  Украина (UKR) Јелизавета Бочкарова
Свитлана Гаљук
Лесја Калиовска
3:25,160
10.  Кина (CHN) Јианг Фан
Јианг Венвен
Лианг Јинг
3:26,049
  • К = квалификувани; СР = светски рекорд

Прво коло[уреди | уреди извор]

Група Место Земја Резултат Забелешка
4 1  Велика Британија (GBR) 3:14,682 СР
3 2  САД (USA) 3:16,853
3 3  Австралија (AUS) 3:16,935
4 4  Канада (CAN) 3:17,454
2 5  Нов Зеланд (NZL) 3:18,514
1 6  Холандија (NED) 3:20,013
1 7  Германија (GER) 3:21,086
2 8  Белорусија (BLR) 3:21,942

СР = светски рекорд

Коло за медал[уреди | уреди извор]

Натпревар за Екипа Време Место
злато  Велика Британија (GBR) 3:14,051 СР  Златен
 САД (USA) 3:19,727  Сребрен
бронза  Канада (CAN) 3:17,915  Бронзен
 Австралија (AUS) 3:18,096 4

Наводи[уреди | уреди извор]