Јоанис Тамуридис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јоанис Тамуридис
Тамуридис на Светското друмско првенство 2011
Лични податоци
Цело имеЈоанис Тамуридис
ПрекарТаму
Роден3 јуни 1980 (1980-06-03) (39 г.)
Солун, Грција
Податоци за клубот
Мом. клубСП Таблеваре
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
1999–2001
2003
2006
Бергамаска
Афтофромос Салоника
Техал Кастро
Професионални клубови
2009–2012
2013
2014–
СП Таблеваре
Еускалтел-Еускади
СП Таблеваре
Значајни победи
Национален хронометарски првак (2003, 2005, 2009–2013)
Национален друмски првак (2006, 2010, 2011, 2013)
Последна промена
21 октомври 2014

Јоанис Тамуридис (грчки: Ιωάννης Ταμουρίδης; р. 3 јуни 1980 во Солун) — грчки велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа СП Таблеваре. Започнал со велосипедизам во 1995 и настапувал на друмски и велодромски трки.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Некои од најголемите достигнувања во неговата кариера се двата медала на светските велодромски првенства, во бодовна трка во 2005 и скреч во 2006. Освоил 4 медали во Светскиот велодромски куп во 2006 и повеќе од 30 пати бил национален првак во сите дисциплини и категории.[1] На Медитеранските игри во Пескара, Италија, освоил бронзен медал во хронометар.[2].

Од 2009 до 2012, Тамуридис возел за грчката екипа Таблеваре-Идеал Бајкс.

Еускалтел-Еускади (2013)[уреди | уреди извор]

Тамуридис станал член на екипата Еускалтел-Еускади за сезоната 2013,[3] каде го добил прекарот Таму од неговите колеги.[4]

До денес, тој е единствениот грчки велосипедист кој настапил на пролетните класици Милано-Сан Ремо, Париз-Рубе, Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Исто така, тој е првиот грчки велосипедист кој настапил и завршил една голема трка, Џиро д’Италија во 2013.[5]

Во јуни 2013, Тамуридис ги освоил друмската трка и хронометарот на националните првенства, посветувајќи ја победата на хронометарот на Руфино Мургуја, масер во екипата Еускалтел-Еускади, кој загинал кога нивниот автобус имал несреќа.[6]

Тамуридис повторно му се приклучил на СП Таблеваре во 2014, откако неговата претходна екипа, Еускалтел-Еускади, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1997
1. Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам
1. Национално јуниорско друмско првенство
1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
1998
1. Национално јуниорско друмско првенство
1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
1. Балканско јуниорско друмско првенство
1. Балканско јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
1. Краен пласман Трка околу Грција
1. Фиренца-Неапол
1999
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Национално велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка
7. Светски велодромски куп - Екипна потера
2000
1. Национално друмско првенство под 23 години
2001
1. Национално друмско првенство под 23 години
6. Медитерански игри - Индивидуален хронометар
2002
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Балканско друмско првенство под 23 години
1. Пролог Трка околу Грција
2. Европско велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка
2003
1. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Грција
6. Светски велодромски куп Кејптаун - Медисон
6. Светски велодромски куп Сиднеј - 4000 м
6. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка
2004
1. Манчестер - 1500 м
4. Краен пласман Трка околу Грција
7. Светски велодромски куп Мексико - 4000 м екипна потера
2005
1. Национално хронометарско првенство
1. Национално велодромско првенство - 4000 м бодовна трка
2. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
2. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка
3. Национално друмско првенство
3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч
2006
1. Национално друмско првенство
2. Светски велодромски куп Лос Анџелес - Бодовна трка
3. Светско велодромско првенство - Скреч
3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч
6. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
2009
1. Национално хронометарско првенство
2. Светски велодромски куп Мелбурне - Бодовна трка
3. Медитерански игри - Хронометар
3. Краен пласман Тур ду Мароко
9. Краен пласман Трка околу Романија
1. Пролог (ITT)
2010
1. Национално друмско првенство
1. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Романија
5. Краен пласман Трка околу Словачка
2011
1. Национално друмско првенство
1. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Грција
1. Етапа 2a
2. Краен пласман Трка Шеклерланд
1. Етапа 1
2. Краен пласман Трка околу Романија
1. Етапа 3
2. Јурмала ГП
3. Краен пласман Малезија
1. Етапа 3
3. ГП де ла Вил де Ножен сир Оас
5. Трка Војводина II
7. Трка Војводина I
2012
1. Национално хронометарско првенство
1. Сиркут д’Алжир
Трка околу Романија
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 4b Трка Шеклерланд
6. Краен пласман Трка околу Алжир
2013
1. Maillot Greece.png Национално друмско првенство
1. Maillot Greece.png Национално хронометарско првенство
9. Париз-Тур
2014
2. Краен пласман Трка околу Тајван
1. Етапа 4
7. Краен пласман Пет прстени околу Москва

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. the-sports: Јоанис Тамуридис
  2. Медитерански игри, Друмски хронометар 2009
  3. Brown, Gregor. „Euskaltel to sell team vehicles to balance books“, „Cycling Weekly“, IPC Media Ltd., 10 декември 2012 (посет. 4 јануари 2013 г).
  4. [1]
  5. [2]
  6. [3]
  7. Ioannis Tamouridis (Euskaltel) regresa al SP Tableware“, „Biciciclismo“, Cycling Total comunicación y servicios S.L., 2 ноември 2013 (посет. 22 декември 2013 г). (на шпански)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]