Георг Прајдлер
Прајдлер по освојувањето на Тоскана-Тера ди Чиклисмо 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Георг Прајдлер | ||
Роден | 17 јуни 1990 Грац, Австрија | ||
Висина | 1,89 м | ||
Маса | 69 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | суспендиран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2010 2011 2012 2013–2017 2018-2019 | РК Арбе-Гурметфајн-Велс Тирол Тим Тим Тајп 1-Санофи Аргос-Шимано Групама-ФДЖ | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 ноември 2022 |
Георг Прајдлер (германски: Georg Preidler; р. 17 јуни 1990 во Грац) — австриски професионален друмски велосипедист, кој моментално е суспендиран од спортот откако бил вмешан во допинг-скандалот „Операцијата Адерлас“.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Како јуниор го освоил државното првенство, а својата професионална кариера ја започнал во 2010 во австриската екипа РК Арбе-Гурметфајн-Велс. Возел за екипата Џајант-Алпецин на Тур де Франс 2015,[2] завршувајќи на 87. место.[3]
Допинг
[уреди | уреди извор]Во февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучени во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Прајдлер признал дека вадел крв за можна трансфузија. На 3 март, Прајдлер признал за допингот во полиција и го прекинал неговиот договор со Групама-ФДЖ преку мејл. Прајдлер признал дека неговата крв била вадена на двапати во 2018 година. Екипата, потоа, го контактирала Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), француската анти-допинг агенција (француски: Agence française de lutte contre le dopage) и Движењето за кредибилен велосипедизам (MPCC; англиски: Movement for Credible Cycling).[4][5] Прајдлер добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[6]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2011
- 1. Гран Премио Палио дел Речото
- 1. Тоскана-Тера ди Чиклисмо
- 7. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2012
- 1. Планински пласман Тур ду Хаут Вар
- 1. Планински пласман Трка околу Австрија
- 3. ГП Кантон Аргау
- 7. Ле Букл ду Суд Ардеш
- 8. Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 9. Флеш д’Емерод
- 2013
- 1. Планински пласман Етоал де Бесеж
- 3. Трка околу Келн
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Планински пласман Вуелта а Андалусија
- 2018
- Национални првенства
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 6
- 7. Гран при Рајфајзен
- 10. Краен пласман Рут д’Окситан
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 27 | — | 26 | 71 | 29 |
Тур | — | — | 87 | 56 | — | — |
Вуелта | 36 | — | — | — | — | СО |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ballinger, Alex (16 January 2020). „Georg Preidler says he became involved in blood doping 'out of pure curiosity'“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 24 May 2020.
- ↑ „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ „Overall individual time classification“. www.letour.com. 26 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-09. Посетено на 27 јули 2015.
- ↑ „Preidler admits to blood extraction as doping investigation widens“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 март 2019. Посетено на 5 март 2019.
- ↑ „Madiot expresses 'surprise' and 'enormous disappointment' at Preidler doping confession“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 март 2019. Посетено на 5 март 2019.
- ↑ „Denifl and Preidler handed four-year bans after blood doping confessions“. cyclingnews.com. 27 јуни 2019. Посетено на 26 август 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Георг Прајдлер“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Георг Прајдлер“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Георг Прајдлер“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Георг Прајдлер“. ProCycling.