Серж Пауелс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серж Пауелс
Серж Пауелс на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеСерж Пауелс
ПрекарСерџо[1]
Роден21 ноември 1983 (1983-11-21) (36 г.)
Лир,  Белгија
Висина1,78 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубССС Тим
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач[1]
Професионални клубови
2006–2008

2009
2010–2011
2012–2014
2015-2018
2019-
Чоколад Жак-Топспорт Вландерен
Сервело ТестТим
Тим Скај
Омега Парма-Квик Степ
МТН Кубека
ССС Тим
Значајни победи
Етапни трки
Тур де Јоркшир (2017)
Последна промена
26 мај 2019

Серж Пауелс (холандски: Serge Pauwels; р. 21 ноември 1983) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ССС Тим.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата на Пауелс започнала во 2004 во младинската екипа на холандската екипа Рабобанк. Исто така возел за нивната континентлна екипа во 2004 и 2005. Пауелс станал професионалец во 2006 со Чоколад Жак-Топспорт Вландерен, со кои возел и во 2007 и 2008. Пауелс го освоил планинскиот пласман на трката Тур Даун Андер 2007 и бил втор во шестата етапа на Тур де л’Авенир 2006 во Франција.

По три години со Омега Парма-Квик Степ, Пауелс објавил во септември 2014 година дека ќе се приклучи на МТН Кубека од 2015 година на две години.[3]

По четири години со Тим Дименжн Дата, Пауелс се префрлил во ССС Тим за сезоната 2019.[2]

Образование[уреди | уреди извор]

Покрај велосипедизмот, Пауелс поседува диплома за инженерство и работи на неговата магистратура во областа на применетата економија.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
5. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
7. Краен пласман ГП до Есте
2006
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
8. ГП де Валони
2007
1. Планински пласман Тур Даун Андер
2008
8. Краен пласман Тур де Валони
2012
9. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 2b (ТТТ)
2015
2. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
5. Краен пласман Трка околу Турција
2016
8. Трофео Сера де Трамунтана
9. Краен пласман Тур де Јоркшир
2017
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 3
2018
3. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Краен пласман Волта ао Алгарве

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 33 47 77 31
Jersey yellow.svg Тур 107 13 42 19 СО
Jersey red.svg Вуелта 24 31 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Серж Пауелс“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. конс. 3 јануари 2014. 
  2. 2,0 2,1 Ferri, Marco. „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“, „SpazioCiclismo“, Gravatar, 24 декември 2018 (посет. 2 јануари 2019 г). (на (италијански))
  3. Бенсон, Даниел (20 септември 2014). „Pauwels falls for MTN-Qhubeka project“. Сyclingnews.com. конс. 10 октомври 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]