Рута Мејлутите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рута Мејлутите
220px}}
Лични информации
Целосно име Рута Мејлутите
Националност Литванија Литванско
Роден на 19 март 1997 (1997-03-19) (18 г.)
Роден во Каунас, Литванија
Висина 1.72 м
Тежина 64 кг
Спорт
Спорт Пливање
Дисциплини Градно, краул
Клуб Плимут Лендер
Тренер Џон Руд

Рута Мејлутите (литв. Rūta Meilutytė; р. 19 март 1997) е литванска пливачка.[1] На 15 годишна возраст, таа веќе соборила девет женски литвански пливачки рекорди.[2] На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Мејлутите го освоила златниот медал во дисциплината 100 м градно со време од 1:05.47, станувајќи првата Литванска пливачка од независноста на Литванија од 1990 година која освоила олимписки медал во пливање.[3][4] На 15 годишна возраст, таа е исто така најмладата литванска спортистка која успеала да освои олимписки медал. Во полуфиналето претходниот ден, таа го срушила Европскиот рекорд на 100 м градно со време од 1:05:21. На Светското првенство 2013 во Барселона, Мејлутите поставила два нови светски рекорди на 50 и 100м градно.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Рута Мејлутите е родена во Каунас, Литванија во 1997 година, како ќерка на Саулиус Мејлутис и Ингрида Мејлутине. За време на своето детство Рута останала без својата мајка. Во март 2001, кога Рута Мејлутите имала 4 години, нејзината мајка починала во автомобилска несреќа.[5] Мејлутите има два постари браќа, Маргирис (20 години), кој е студент на право, и Миндаугас (24 години).[5] Таа започнала да плива на 7 годишна возраст.[6] На 13 годишна возраст таа се преселила од Каунас во Плимут, каде што живееле нејзиниот татко и нејзините браќа. Мејлутите е студентка на колеџот во Плимут во Англија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, таа го срушила својот прв литвански пливачки рекорд на 50м и 100 м градно. На Европскиот младински летен олимписки фестивал 2011 во Трабзон, Турција, Мејлутите го освоила златниот медал на 100 м градно, сребрениот медал на 50м краул и бронзениот медал на 100 м краул.

Летни олимписки игри 2012[уреди | уреди извор]

Поврзано: Пливање на Летните олимписки игри 2012

Откако обезбедила настап на Летните олимписки игри 2012, Мејлутите станала најмладата литванска пливачка која ке се натпреварува на Олимписките игри. Во својата прва дисциплина, во преелиминациите на 100 м градно, Мејлутите се пласирала прва, со време од 1:05.56, и го соборила литванскиот рекорд на 100 м градно. Во полуфиналето на 100 м градно, Мејлутите повторно се пласирала прва, повторно соборувајќи го литванскиот рекорд како и европскиот рекорд, со време од 1:05.21. Во финалето на 100 м градно, таа го освоила златниот медал, со време од 1:05.47.[7][8][9]

За време на 41. генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК), Рута била прогласена за најдобра млада европска спортистка во 2012.[10]

Светско првенство 2012 (25м)[уреди | уреди извор]

Поврзано: Светско првенство во пливање во мали базени 2012

На Светското првенство во мали базени во Истанбул, Турција, Мејлутите се натпреварувала во четири дисциплини: 50м градно, 100м градно, 100м краул и 100м мешано.

На првиот ден на првенството, Мејлутите поставила нов литвански, европски и рекорд на првенствата на 50м градно, пливајќи во преелиминациите со време од 29.56 секунди. Во полуфиналето, таа ги соборила истите рекорди и испливала ново најбрзо време од 29.51 секунди. Во финалето на 50м градно, литванката испливала време од 29.44 секунди и по трет пат ги соборила истите рекорди освојувајќи го златниот медал пред Алија Аткинсон (29.62) и Џесика Харди (29.82).[11]

На 100м краул, Мејлутите испливала петто најдобро време во преелиминациите и поставила нов литвански рекорд од 53.54 секунди. Сепак таа морала да се откаже од оваа дисциплина поради згуснатиот распоред кој налагал полуфиналето на 100м краул да се одржи само 19 минути пред финалето на 50м градно.[11]

Следна дисциплина за Мејлутите била трката на 100м мешано. Во преелиминациите, литванката завршила на второто место и поставила нов литвански рекорд од 59.33 секунди. Во полуфиналето, таа го подобрила испливаното време во преелиминациите и поставила нов литвански рекорд од 59.15 секунди. Во финалето, по трет пат, Мејлутите испливала ново најбрзо литванско време од 58.79 кое било доволно за сребрениот медал.[12]

На третиот ден од првенството, Мејлутите пливала во преелиминациите на 100м градно, и поставила нов литвански рекорд од 1:04.69. Во финалето на оваа дисциплина, Мејлутите испливала време од 1:03.52, соборувајќи го литванскиот, европскиот и рекордот на првенствата (кој бил во сопственост на Ребека Сони) и се закитила со вториот златен медал.[13][14]

За време на првенството, Мејлутите девет пати соборувала литвански рекорди, четири пати европски рекорди и четири пати рекорди на првенствата.

Светско првенство 2013[уреди | уреди извор]

Поврзано: Светско првенство во пливање 2013

На Светското првенство во Барселона, Шпанија, Мејлутите се натпреварувала во три дисциплини: 50м градно, 100м градно и 100м краул.

На 29 јули 2013, во преелиминациите на 100м градно, Мејлутите завршила на првото место со време од 1:04.52, поставувајќи нов литвански, европски и рекорд на првенствата во таа дисциплина.[15] Истиот ден подоцна, во полуфиналето на истата делница, Мејлутите го соборила светскиот рекорд на 100м градно, пливајќи време од 1:04:35 со што станала првата светска рекордерка на првенството[16] и прва литванска пливачка која соборила светски рекорд во независна Литванија.[17] Во финалето, таа го освоила златниот медал победувајќи ги Јулија Ефимова и Џесика Харди со време од 1:04.42.[18]

На 100м краул, литванката испливала време од 55.72 секунди во преелиминациите и не успеала да се пласира во полуфиналето. Таа исто така била пријавена за трката на 50м краул, но не се појавила на стартот бидејќи сакала да се сконцентрира за својата последна дисциплина – 50м градно.

Во преелиминациите на 50м градно, Мејлутите завршила на третото место со време од 30.07.[19] Истиот ден, во полуфиналето во истата дисциплина, Мејлутите испливала прва со време од 29.48, и го соборила светскиот рекорд на 50м градно на Јулија Ефимова, која го поставила во преелиминациите истиот ден порано. На последниот ден од првенството, во финалето на 50м градно, Мејлутите завршила зад Ефимова и го освоила сребрениот медал.[20]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Обновено на 13 October 2013
Дисциплина Време Првенство Место Датум Тип
50м градно (долг курс) 29.48 Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 3 август 2013 ДР/СР
100м градно (долг курс) 1:04.35 Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 29 јули 2013 ДР/СР
50м градно (краток курс) 28.89 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 13 октомври 2013 ДР/ЕР
100м градно (краток курс) 1:02.36 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 12 октомври 2013 ДР/СР
50м делфин (долг курс) 27.14 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 28 август 2013 ДР
50м грбно (долг курс) 29.04 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 29 август 2013 ДР
100м грбно (долг курс) 1.04.19 Првенство на Велика Британија Плимут, ВБ 7 мај 2012
50м краул (долг курс) 25.10 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 31 август 2013 ДР
100м краул (долг курс) 54.94 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 28 август 2013 ДР/СР
200м краул (долг курс) 2:02.68 Првенство на Велика Британија Плимут, ВБ 7 мај 2012 ДР
50м краул (краток курс) 24.97 ФИНА Светски куп 2012 Стокхолм, Шведска 13 октомври 2012 ДР
100м краул (краток курс) 53.54 Светско првенство 2012 Истанбул, Турција 13 декември 2012 ДР
200м мешано (долг курс) 2:12.32 Светско јуниорско првенство 2013 Дубаи, ОАЕ 29 август 2013 ДР/СР
100м мешано (краток курс) 58.57 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 13 октомври 2013 ДР
200м мешано (краток курс) 2:09.55 Првенство на Литванија 2012 Аникшчај, Литванија 22 декември 2012 ДР
  • ДР - Државен рекорд, ЕР - Европски рекорд, СР - Светски рекорд

Рекорди[уреди | уреди извор]

Европски рекорди[уреди | уреди извор]

Тип Дисциплина Време Првенство Место Датум Навод
ЕР 100 м градно (долг курс) 1:05.21 Летни олимписки игри 2012 Лондон, ВБ 29 јули 2012 [21]
ЕР 50 м градно (краток курс) 29.44 Светско првенство 2012 Истанбул, Турција 13 декември 2012 [22]
ЕР 100 м градно (краток курс) 1:03.52 Светско првенство 2012 Истанбул, Турција 15 декември 2012 [14]
ЕР 100 м градно (долг курс) 1:05.20 Пливачки митинг Монте Карло 2013 Монте Карло, Монако 8 јуни 2013 [23]
ЕР 50 м градно (долг курс) 29.96 Пливачки митинг Барселона 2013 Барселона, Шпанија 11 јуни 2013 [24]
ЕР 100 м градно (долг курс) 1:04.35 Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 29 јули 2013 [15]
ЕР 100 м градно (краток курс) 1:02.36 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 12 октомври 2013 [25]
ЕР 50 м градно (краток курс) 28.89 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 13 октомври 2013 [26]

Светски рекорди[уреди | уреди извор]

Тип Дисциплина Време Првенство Место Датум Навод
СР 100 м градно (долг курс) 1:04.35 Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 29 јули 2013 [16]
СР 50 м градно (долг курс) 29.48 Светско првенство 2013 Барселона, Шпанија 3 август 2013 [27]
СР 100 м градно (краток курс) 1:02.36 ФИНА Светски куп 2013 Москва, Русија 12 октомври 2013 [25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rūta Meilutytė“. www.london2012.com. архивирано од оригиналот на 5 декември 2012. https://archive.is/XRMU. конс. 29 јули 2012. 
  2. „Plaukikė Meilutytė toliau gerina Lietuvos rekordus“. Delfi.lt. http://sportas.delfi.lt/national/plaukike-rmeilutyte-toliau-gerina-lietuvos-rekordus.d?id=51011641. 
  3. „Lithuanian 15-year-old Ruta Meilutyte wins shock gold“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18906960. конс. 31 јули 2012. 
  4. „Ruta Meilutyte grabs a gold for Lithuania“. Guardian UK. 31 јули 2012. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/jul/30/ruta-meilutyte-gold-lithuania-breaststroke?newsfeed=true. конс. 31 јули 2012. 
  5. 5,0 5,1 Be motinos užaugusią plaukikę pergalių keliu lydi tėvas“, lrytas.lt, 30 јули 2012 (конс. 2 август 2012).
  6. R.Meilutytės pirmasis treneris: ji verkė, kai tėtis neleido plaukti“, Kauno diena, 31 јули 2012 (конс. 2 август 2012).
  7. „Ruta Meilutyte grabs a gold for Lithuania“. Guardian UK. 31 јули 2012. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/jul/30/ruta-meilutyte-gold-lithuania-breaststroke?newsfeed=true. конс. 31 јули 2012. 
  8. „15-year-old Plymouth schoolgirl Ruta Meilutyte takes shock 100m breaststroke gold“. Daily Telegraph. 31 јули 2012. http://www.telegraph.co.uk/sport/olympics/swimming/9439686/London-2012-Olympics-15-year-old-Plymouth-schoolgirl-Ruta-Meilutyte-takes-shock-100m-breaststroke-gold.html. конс. 31 јули 2012. 
  9. Тинејџерката Рута Мејлутите ја позлати Литванија
  10. „Lithuanian sweimmer named 2012 best European Young Athlete“. Eurolympic. 11 декември 2012. http://www.eurolympic.org/en/news/75-eoc/1375-lithuanian-swimmer-named-2012-best-european-young-athlete-.html=true. конс. 14 декември 2012. 
  11. 11,0 11,1 R.Meilutytei – pasaulio čempionato auksas!“, delfi.lt, 13 декември 2012 (конс. 14 декември 2012).
  12. R.Meilutytė iškovojo sidabrą!“, delfi.lt, 14 декември 2012 (конс. 15 декември 2012).
  13. R.Meilutytė iškovojo dar vieną aukso medalį!“, delfi.lt, 15 декември 2012 (конс. 15 декември 2012).
  14. 14,0 14,1 „2012 FINA World Swimming Championships (25 m) – Women's 100-metre breaststroke (final)“. Omega Timing. http://omegatiming.com/File/Download?id=00010C010D01021E02FFFFFFFFFFFF02. конс. 15 декември 2012. 
  15. 15,0 15,1 „R. Meilutytė Barselonoje pagerino Europos 100 m plaukimo krūtine rekordą“. DELFI. 29 јули 2013. http://sportas.delfi.lt/kitos-sporto-sakos/r-meilutyte-barselonoje-pagerino-europos-100-m-plaukimo-krutine-rekorda.d?id=61956861. конс. 29 јули 2013. 
  16. 16,0 16,1 „R. Meilutytė pasiekė pasaulio rekordą ir iškovojo teisę plaukti čempionato finale“. DELFI. 29 јули 2013. http://sportas.delfi.lt/kitos-sporto-sakos/r-meilutyte-pasieke-pasaulio-rekorda-ir-iskovojo-teise-plaukti-cempionato-finale.d?id=61961261. конс. 29 јули 2013. 
  17. Meilutyte lights up Barcelona with world best“, Reuters, 29 јули 2013 (конс. 30 јули 2013).
  18. Rogers, Iain. „Meilutyte adds breaststroke gold to world record“, Reuters, 30 јули 2013 (конс. 31 јули 2013).
  19. „R. Meilutytė su trečiu rezultatu pateko į 50 m plaukimo krūtine rungties pusfinalį“. DELFI. 3 август 2013. http://sportas.delfi.lt/kitos-sporto-sakos/r-meilutyte-su-treciu-rezultatu-pateko-i-50-m-plaukimo-krutine-rungties-pusfinali.d?id=62000377. конс. 11 август 2013. 
  20. „R. Meilutytė 50 m plaukimo krūtine rungtyje iškovojo sidabrą“. DELFI. 4 август 2013. http://sportas.delfi.lt/kitos-sporto-sakos/r-meilutyte-50-m-plaukimo-krutine-rungtyje-iskovojo-sidabra.d?id=62004509. конс. 11 август 2013. 
  21. „2012 London Olympics: Lithuania's Ruta Meilutyte Sets European Record to Top 100 Breast Semis“. Swimming World Magazine. 29 јули 2012. http://www.swimmingworldmagazine.com/lane9/news/World/31442.asp?q=2012-London-Olympics:-Lithuania's-Ruta-Meilutyte-Sets-European-Record-to-Top-100-Breast-Semis. конс. 29 јули 2012. 
  22. „2012 FINA World Swimming Championships (25 m) – Women's 50-metre breaststroke (final)“. Omega Timing. http://www.omegatiming.com/File/Download?id=00010C010D01021D02FFFFFFFFFFFF02. конс. 13 декември 2012. 
  23. „2013 International Swimming Meeting of Monte-Carlo 100 m Breastroke Women“. http://montecarlo-swimming.org. 8 јуни 2013. http://montecarlo-swimming.org/textes/2013/resultats/apresmidi/FINALEAF100mBRASSE.pdf. конс. 8 јуни 2013. 
  24. „2013 International Swimming Meeting of Barcelona 50 m Breastroke Women Records“. http://montecarlo-swimming.org. 11 јуни 2013. http://montecarlo-swimming.org/textes/2013/resultats/dimancheAprem/FINALEF50mBRASSE.pdf. конс. 11 јуни 2013. 
  25. 25,0 25,1 http://www.swimvortex.com/next-wave-in-meilutyte-mission-102-36-wr/
  26. http://www.swimmingworldmagazine.com/lane9/news/World/36252.asp
  27. „R. Meilutytė kirto atgal – į 50 m plaukimo krūtine rungties finalą ji pateko su nauju pasaulio rekordu“. DELFI. 3 август 2013. http://sportas.delfi.lt/kitos-sporto-sakos/r-meilutyte-kirto-atgal-i-50-m-plaukimo-krutine-rungties-finala-ji-pateko-su-nauju-pasaulio-rekordu.d?id=62002001. конс. 3 август 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Русија Јулија Ефимова
Светски рекордер на 50м градно
3 август 2013 – сеуште
Наследник
Актуелен
Претходник
САД Џесика Харди
Светски рекордер на 100м градно
29 јули 2013 – сеуште
Наследник
Актуелен
Претходник
САД Ребека Сони
Светски рекордер
на 100м градно во мали базени

12 октомври 2013 – 3 декември 2014
Наследник
Јамајка Алија Аткинсон
Претходник

Русија Јулија Ефимова
Русија Јулија Ефимова
Европски рекордер на 50м градно
11 јуни 2013 – 3 август 2013
3 август 2013 – сеуште
Наследник

Русија Јулија Ефимова
Актуелен
Претходник
Русија Јулија Ефимова
Европски рекордер на 100м градно
29 јули 2012 – 8 јуни 2013
8 јуни 2013 – сеуште
Наследник
Актуелен
Претходник
Германија Џане Шефер
Европски рекордер
на 50м градно во мали базени

12 декември 2012 – сеуште
Наследник
Актуелен
Претходник
Данска Рике Мелер Педерсен
Европски рекордер
на 100м градно во мали базени

15 декември 2012 – сеуште
Наследник
Актуелен
Награди
Претходник
Тобијаш Лиз
Најдобар млад европски спортист
2012, 2013
Наследник
Симоне Сабиони
Претходник
Лаура Асадаускаите
Литвански спортист на годината
2012, 2013
Наследник
Укината
Претходник
Нема
Литванска спортистка на годината
2014
Наследник
Актуелен