Историја на Гвајана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Гвајана

Историја на Гвајана

Рана историја
Британско освојување
Војна за независност
Гвајана

Портал:Гвајана

Првите европски колонии на територијата на денешна Гвајана пристигнеле во околу 1500 година. Пред нивното доаѓање овде живееле индиските племиња Араваци и Карибјани. Во почетокот на XVII век, Холанѓаните го дале почетокот на европската доминација на територијата. Така тие основале три колонии: Есекибо (1616), Бербајс (1627) и Демерара (1752). Во текот на втората половина на 18 век, контролата околу територијата на денешна Гвајана преминале во раце на Англичаните, а официјално Холандија се повлекла во 1814 година. Така, трите колонии станале под официјална контрола на британската корона, позната под името Британска Гвајана од 1831 година.

По забранувањето на ропството во 1834 година, црнците започнале да основат нови села и градови. Во тој период од Индија, Кина и Португалија пристигнале голем број на работници. Тоа културно разнообразие е зачувано до денес, и е едно од причините за бурниот политички живот на земјата. Гвајана својата независност ја добила од Обединетото Кралство ов 1966 година, а како кооперативна република била објавена во 1970 година. Во 1978 година земјата влегла во светските медиуми при масовното самоубиство на над 900 луѓе од сектата Џон Џонс.