Лонгјир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Лонгјир е најголем и главен град на норвешката прекуморска територија Свалбард. Населбата се наоѓа на Западен Шпицберген, најголемиот остров во архипелагот, а во моментов има околу 2.040 луѓе, претежно Норвежани и Руси.

Населбата е основана во 1906 од страна на Џон Mанро Лонгјир, по кого беше именувана и населбата. Селото било уништено во 1943 од страна на Германците, но наскоро по Втората светска војна е обновено. До почетокот на деведесеттите години на 20 век, главната активност во селото беше јагленовото рударство. Денес Лонгјир нуди широк спектар на активности и објекти, и содржи затворен базен, фитнес, апарати за домаќинство, намирници, три хотели, црква, продавници за сувенири и сл. Од 1993 во селото е отворен и универзитет.

Лонгјир е најсеверната населба во светот, кон која може да се пристапи без никаков проблем, бидејќи во околината е аеродромот до кој може да се стигне од страна на редовни летови од норвешките градови Тромсе и Осло. Се наоѓа северно од арктичкиот круг, во селото поларната ноќ трае од крајот на октомври до средината на февруари и поларниот ден од средината на април до средината на август.