Западен Шпицберген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Запад Шпицберген (норвешки: Vestspitsbergen) е најголемиот и единствениот постојано населен остров на архипелагот Свалбард во Норвешка. Го сочинува најзападниот дел на архипелагот, се граничи со Северен Леден Океан, Норвешко Море и Гренландско Море. Зафаќа површина од 39.044 км2, што го прави најголем остров во Норвешка и 36-ти по големина во светот. Административен центар и главен град е Лонгјир. Други населени места, во прилог на истражување, се руската рударска заедница Баренцбург, истражувачката заедница Нов Олесунд и рударското место Свеагрува.

Островот за прв пат се користи како база за ловење на китови во 17-ти и 18 век, по што бил напуштен. Ископувањето на јаглен започна на крајот на 19 век и беа создадени неколку постојани заедници. Со Договорот од 1920, се призна норвешката сувереност над островот и го воспостави Свалбард како слободна економска и демилитаризирана зона.