Зеланд (остров)
| Sjælland | |
|---|---|
Стевнските Карпи јужно од Копенхаген | |
| Географија | |
| Место | Балтичко Море |
| Координати | 55°30′N 11°45′E / 55.500°N 11.750°E |
| Површина | 7,031 км2 |
| Држава | |
| Регион | Престолнински, Зеланд |
| Најголема населба | Копенхаген (pop. 1.181.239) |
| Демографија | |
| Население | 2.491.090 |
| Густина | 354,3 /km2 (9.176 /sq mi) |

Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) е најголемиот остров на Данска. Поврзан е со Фунен во Данска со Мостот преку Големиот Појас и со Шведска преку Амагер и со Ересундскиот мост.
Главниот град на Данска, Копенхаген, е делумно расположен на источниот брег на Зеланд, а делумно на Амагер. Други градови на островот се Роскилде и Хелсингер.
Митолошко потекло
[уреди | уреди извор]Според нордиската митологија, островот го создала божицата Гефјон откако го измамила кралот на Шведска, Гилфи, согласно преданието „Измамата на Гилфи“ (Gylfaginning). Таа откорнала парче земја и го одвела во Данска, каде било наречено Зеланд. Дупката се наполнила со вода, и така настанало езерото Меларен.[1] На современите карти се забележува сличноста помеѓу островот и езерото Венерн, па затоа некои сметаат дека приказната се однесува на ова место.
Географија
[уреди | уреди извор]Зеланд е најнаселениот остров на Данска, со вкупно 2.491.090 жители[2] и, со површина од 7.031 км2, втор по големина во кралството, по Гренланд. Островот е поврзан со Фунен со мостот преку Големиот Појас и од покраината Сканија во Шведска со Ересундскиот мост. Има неправилен облик, и сместен е северно од островите Лоланд, Фалстер и Мен.
Населени места
[уреди | уреди извор]Ова е список на населени места на островот, подредени по број на жители.
| Бр. | Место | Општина | Population |
|---|---|---|---|
| 1 | Копенхаген | повеќе | 1.213.822 |
| 2 | Роскилде | Роскилде | 47.828 |
| 3 | Хелсингер | Хелсингер | 46.368 |
| 4 | Херсхолм | повеќе | 45.865 |
| 5 | Нествед | Нествед | 41.857 |
| 6 | Кеге | Кеге | 35.295 |
| 7 | Тоструп | Хеје-Тоструп | 32.719 |
| 8 | Слагелсе | Слагелсе | 32.133 |
| 9 | Хилерод | Хилеред | 30.570 |
| 10 | Холбек | Холбек | 27.195 |
| 11 | Рингстед | Рингстед | 21.412 |
| 12 | Елстике-Стенлесе | Егедал | 20.984 |
| 13 | Биркеред | Рудерсдал | 19.919 |
| 14 | Молев-Смерумнедре | повеќе | 19.143 |
| 15 | Фарум | Фуресе | 18.422 |
| 16 | Калундборг | Калундборг | 16.303 |
| 17 | Лилеред | Алеред | 15.795 |
| 18 | Фредерикссунд | Фредерикссунд | 15.602 |
| 19 | Сулред Странд | Сулред | 15.159 |
| 20 | Корсер | Сладелсе | 14.538 |
| 21 | Верлесе | Фуресе | 12.842 |
| 22 | Фредериксверк | Халснес | 12.191 |
| 23 | Драгер | Драгер | 11.683 |
| 24 | Вордингборг | Вордингборг | 11.643 |
| 25 | Хедехусене-Фленг | Хеје Тоструп | 11.345 |
| 26 | Хаслев | Факсе | 11.201 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Зеланд (регион)
- Зеланд во Холандија
- Список на острови на Данска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gefion, Den Store Danske Encyklopædi
- ↑ Енциклопедија Британика. „Зеланд“. britannica.com. Посетено на 28 февруари 2012. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|