Рингстед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рингстед
Skt. Bendts Kirke - Ringsted.JPG
Грб на Рингстед
Грб
Рингстед се наоѓа во Данска
Рингстед
Местоположба во Данска
Координати: 55°26′33″ СГШ 11°47′24″ ИГД / 
Население
 • Вкупно 21.412

Рингстед е значаен град во Данска, кој се наоѓа во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени местра претставува општина, Општина Рингстед. Денес Рингстед има околу 21.000 жители во градот и околу 33.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Рингстед се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 65 километри југозападно. Положбата на градот е поволна, на главниот прилаз до главниот град на Данска, па затоа градот забрзано се развива во последните неколку децении.

Релјеф: Градот Рингстед се наоѓа во средишниот дел на данскиот остров Зеланд. Градкосто подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи помеѓу 35-50 метри.

Клима: Климата во Рингстед е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Рингстед се формирал во внатрешноста, без непосреден допир со поголеми водени површини. Во рамките на градот постојат неколку многу мали езера.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето Рингстед било населено уште во времето на праисторијата. Населбата прв пат се споменува во 1131 година, а трговските права ги добила во 1170 година.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Последните децении Рингстед станал важна сообраќајна точка помеѓу Копенхаген и останатиот дел од Данска, па затоа почнал брзо да се развива од поголемиот број градови со слична големина во Данска.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Рингстед има околу 21.000 жители во градските граници и околу 33.000 жители со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Рингстед до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]